@Polis од како сум породена со првово циклусот ми е поремететен.Добивав над 45+ денови. Имам мислам еден тон хормони пиено да се стабилизира ама слабо некако. Додека пијам добро е кога ќе прекинам пак исто. Последно пиев цикло прогинова и од тогаш еве 3 месеци како ми идеше околу 36 дена.Денес веќе ми е 38 ми ден. Стомак боли ниско доле како за добивање и некоја жештина.Градите не ми се пипкаат надувани како балони и болат. Ти посакувам ова бебе бр.2 одма да се фати,да не ве мачи толку.
Денес добив околу пладне, а треба на трети ден да испитувам хормони. Трети ден се паѓа сабота. Може ли понеделник? Докторот ми пишал на упатот од 3ти до 5ти ден ...
е таа само од понеделник до петок работи ако можеш смени го за на ГАК тие работат и сабота и недела, ако не во понеделник на 5та
Исто е и кај мене,краток циклус на 24 ти ден веќе ми пробива па си бројам од 25,такашто на 5 ден од циклус немам баш ништо и 2 ден ми е померодавен за хормони.Ова ми е препорака од лекар,и одбрено,не охрабрувам никоја да носи одлуки сама.
Работат и сабота и недела, оди на трет ден. Почнуваат во 8 часот. Минатиот циклус во сабота бев на Клиничка биохемија за хормони.
Не ми е во моментов тука резултатот,мислам 29 дека беше. Првиот пат беше 1 единица над горна граница. Гинекологот ми рече дека се поврзани со ТСХ па заради него се покачил. Ми ја покачија терапијата за ТСХ а пролактинот уште за 2 единици се покачи...а интернистот ми вика па не мора да значи дека е само заради ТСХ може и друго да е.. А ми даде само едно апче зошто малку бил покачен па немало потреба еден месец да пијам терапија.
На првото испитување пролактинот ми бил 25 (дозволено до 24) после тоа ми покачија терапија за ТСХ , на следно испитување пролактин 29, ТСХ ми паѓа за 2. Дали е можно од Достинекс таблетата да се појави кафеаво крварење?
Мене ми имаат кажано дека ако добиеш после 18 часот, тој ден не е прв , него наредниот . Ова кога требаше да испитувам хормони гинекологот ми кажа за да знам како да рачунам . Само колку да знаеш . @tincemajmunce што се случи доби ?
@Polis нема уште ништо Гради надуени и болат на допир,јајници доле исто болат,менструални болки.Тест негативен. Чекам божем природно ако добивам да добијам и да одам да испитам хормони.Пред 3 месеци ми беа добри. Мака мачам со цисти ми касни појди на гин. Оп циста па ајде со примулт нор,па нареден месец нема ништо,па пак циста и така во круг.
Јас да сум на твое место нема да се потпирам на тестови туку ќе одам да ми испитаат преку крв...Истото на сите би ви го кажала. Токму заради тој тест пред 4 години не ја открив навреме вонаматеричната и завршив на лапароскопија како хитен случај...А да не зборам и дека регуларно добив менструација тој месец и тестовите негативни беа...Кога ми извадија крв hcg беше во голем пораст...Не се навраќам веќе на ова, сакав само да ви посочам дека преку крв најдобро се утврдува се...
@tincemajmunce И јас како @Vojdana мислам дека можеш да одиш преку крв да испиташ . Најсигурно е . Јас имам полицистични јајници . Ми рекоа метформин да пијам . Ама се некако одложувам . Реков ќе оставам неколку месеци без ништо да видиме дали ќе биде. Па ако не биде ништо ќе одам на гинеколог .
Фала ви на советот. Мене циклусот знае да ми забега и 45+ денови да добијам. Тест правам да видам,ако има нешто ок ако нема си чекам и добивам. Ако одам на гинеколог редовно си добивам примулт нор да предизвикаме циклус. Нркогаш го поднесувам добро,некогаш може и живи луѓе да почнам да јадам Последно бев со примулт нор,па добив па од 5 ден продолжив со циклопрогинова.После циклопрогиновата 3 месеци ми идеше на 36 дена отприлика. Пред бременоста циклусот ми беше швајцарски сат на 28 дена ни покасно ни порано. Ама после се пореметив. Незз колку еха,хормони имам направено. На 3 пати не последователно имав ненормални крварења и обилни и со парчња низ нив. Ај пролактин,тироидна.... На ехо се супер,кај 2 гинеколози бев. Ништо нема се е супер.
Jas so ciklusite bev isto kako tebe, nonstop primolut piev, kako bonboni veke mi bea. Kolku vreme se.obiduvate? A da probate so klomifen i stop inekcija? ili plus i so insrminacija. Kaj mene vaka uspeavme, eve go lezi do mene prcleto.
За првото со редовен циклус имав еден спонтан,сама се исчистив,после неколку месеци пак останав бремена и родив здраво право дете. Од ко се породив ми се поремети циклусот. И тогаш со редовен циклус после скоро година имав успешна бременост. А сега една год точно се обидуваме. Тогаш и нозе нагоре и перници под газ..... Сега опуштено односи кога ни се сака,за плодни незз ни кога ми се.... Сега по секако добила или не ќе одам на гин.ќе видиме што ќе ми предложи за следен чекор.
Работи и за викенди за хормони и клиничка биохемија @Vojdana ако не си била да знаеш работи и утре задутре, има и известување залепено кај шалтерот.