За бактеријата не знам,мислам дека не е проблем ама кандидата најмногу ја има во уста па можно е да се врати,а може и не зависи од флората..Ништо страшно,се се лечи,само друг пат плунки не
@0ли не лудило..... Мислам имаше период,живи луѓе ќе почнев да јадам.Нервоза,главоболки,глад...ќе помине тоа,па пак болни гради,стомак....И така 2 месеци и никако да пробие.Искрено и јас се надевам дека штом ми се регулира ќе дојдеме до посакувана цел. Ме мачи само примулт нор,многу тешко го поднесувам.Ама ќе издржам некако 10 дена. Т.е. маж ми нека му се мисли како ќе издржи.
Oли не се 2 месеци,скоро 4 год,како сум породена со првото. Од тогаш ми е пореметен циклусот прво препишуваа на доењето,па цисти па незз што. Ама веќе не се издржува мора да го регулирам некако. Ај ако има некоја поупатена да ми пише која е поврзаноста на антибиотикот со цистата??? Вчера кога ми ја виде на ехо и кога ја измери колкава е и и кажав дека имам болки,ми рече мора да ти дадам антибиотик. Ми препиша што ми препиша зедов рецептите и излегов. Заборавив да ја прашам. И пишав сега дали да ги пијам заедно антибиотик и примулт нор,или од ко ке ги завршам едните да почнам со другите. Ама ја нема да врати.
А добро еве што е најбезбедно да се користи за двајцата партнери кога треба да се подмачка? Лубриканти ли треба? ама па никогаш не сме корителе лубриканти. И ме интересира дали цел свет користи лубриканти наместо плунка? И да ви кажам ми се смачи, се правам силна јака, ама неможам да издржам веќе , ќе пукнам . сега ќе си бев 25 недели и уште испитувања ако треба да правам - оф се изморив не физички туку психички од премногу мислење како ќе биде и што ќе биде понатаму.
Здраво,јас сум нова на форумов,2 години се обидуваме за бебе безуспешно,веќе една година правиме испитувања,се сме испитале,се е ок,при ХСГ ми ги отпушија каналите,тоа беше на почетокот на јули и ни рекоа наредни 6 месеци да работиме на случајот,очекував резултат веднаш ама ништо,правев фоликуметрија и примив прегнил па сега чекаме. Цело време чекам некакви симптоми,психата е луда работа. Сакав да прашам дали некои од тие шо останале бремени а имале ептен ПМС симптоми претходно,болна менструација и слично го имале истово и кога останале бремени или залудно си се филмам
Здраво нова сум на форумов се надевам ќе се дружиме Со сопругот пробуваме да забременам веќе 6месеци до сега неуспешно ,според апликации се водам имаме односи во плодни денови но резултат нема искрено ме фаќа паника малку .Бев на преглед пред еден месец на 10ден од циклус ми рече дека се е во ред и дека имам веќе водечки фоликул да се опуштам и да работам на случајот но еве нема резултат .Дали постои место за паника и дали имате некој совет да ми дадете ?
@Passionfruit не се базирај многу според апликациите. Не секоја жена точно по календар има овулација. Да зачиташ по темава има многу со покасно или порано овулација од тоа што мислеле. Со следење на ехо можеш да знаеш кога имаш овилација или со тестови за следење. Односи имајте си опуштено секој 2ден,не само кога мислиш дека ти се плодни. Јас еден месец имав секој ден Па не вроди со успех. Останав бремена кога бев поопуштена и имавме односи на 2-3 дена. Месецов ве дружам и ве бодрам,ние апстинираме додека сум на примулт нор. Од нареден месец стартуваме пак.
Нема место за паника до одмината една година од обиди за забременување. Овулацијата може да се утврди само на гинеколог, со мерење на фоликули, барем преку два дена. Исто и тестовите за овулација може да ти дадат точна информација. А и верувај шест месеци се многу краток период, не се оптеретувај, повеќе уживање и релаксирање.
Знам дека треба да се опуштам, но некако деновите кога треба да добијам почнувам да се оптеретувам, фала ви за советот и подрската. Ке пробам да се опуштам Незнаев дека има тестови за овулација, претпоставувам дека ги има во сите аптеки? Како функционира може да ми кажете нешто повеќе, извинете може сум досадна малку. Фала ви
од утре почнувам со пренатални витамини фемибион ќе земам, и да ви кажам пресреќна сум, тие ми влеваат надеж со самиот натпис - за планирање на бременост дека за месец дена ќе забременам пак и овој пат ќе биде се како што треба.
Многу се радувам што си толку позитивна, и јас ги пијам овие веќе 3ти месец ми е ова. Ти посакувам од се срце што поскоро да ги видиш двете цртки И ние бевме вредни овој месец со мажето па да видиме што сме направиле Околу 600 денари се
по препорака од доктор беше да земам фолна киселина да пијам ,јас се одлучив за фемибион и во нив има фолна. 615 ги платив.
Нз антибиотик зашто ти дале, но совет од мене за цистата, јас пред да останам трудна со второто имав голема 6цм циста на десен јајник која многу болеше, со апчиња не пукна, добив и ми заврши, а цистата уште беше тука. Бев во Спа, сауна, топла бања и пливав... два часа после тоа почнав да имам страшни болки во стомак, баш десно каде што и ми беше цистата и си наполнив када со топла вода и ми пукна човече во када Почна кафено да истекува, болки имав едно саат мислам. 10тина дена по тоа си имав останато трудна. Банско беше спасот, да си уплатиш Банско еден викенд Или уште поубаво Сандански, со природни топли минерални бањи, уште поубаво, топ за опуштање и за цистата
@mariz не верувам дека ќе имам можност да одам банско Ќе си правам дома топли бањи само без минерална вода Може и ќе стоплам кисела вода па ќе уживаме со цистата,ќе се релаксираме в када 3-4 месеци ќе бидам на циклопрогинова да ми се стабилизира циклусот.Се надевам.во тие 3-4 месеци на позитивен резултат.Ако нема ќе бараме други опции.
Заборавив од кој град си... ако има хотел со Спа, уплати си, опушти се, немора Банско Ајде дај боже две цртки за брзо
#фоликулометрија Добро вечер дами, ги читам постовите во повече теми и одлучив овде да го поставам прашањето.Колку верувате во веродостојноста на фоликулометрија? Можеби на прашањето треба да одговараат од тема Бремени Дали има позитивно искусни да кажат дека докторот им рекол еве зрела фоликула, бркајте вечер работа и тоа било тоа?!? Месецов прв пат правев фоликулометрија и сега чекам...Извинете на долгиот пост Добра ноќ