@monik55 Само пап и микробиолошки направив. Ја прашав докторката рече сега по вторите брисеви ако треба ќе направи и сопругот спермокултура и јас трансфузиолошки.
Се извинувам што ви се мешам во муабетов, но морам да прашам. Што значи тоа што рекла ако треба? На што мисли? Немаат врска брисевите со трансфузиолошките испитувања. Зошто додека се чистите од бактериите не ти даде да одиш на Трансфузиологија? Преку вена крв ти земаат, резултати ќе си земеш и тоа е тоа.
Сета среќа ти ја посакувам Ти ја пуштам цела среќа се да биде во ред и побрзо да си ги видиш посакуваните две цртички Ја сум за недобивање месецов, 33 ден од циклус ми е, знае да ми доцни па оставам уште некој ден простор. Ма да, на 27ми ден имав некаков бел исцедок кој траеше 2 дена, па незнам дали тоа беше овулација или симптом за нешто убаво
А каде се прават тие испитувања? јас никогаш не сум ги правела. и стопати ја прашав докторке треба ли да ги направиме , еднаш вика треба еднаш тие не се задолжителни може и во бременост да се прават , и јас незнам што да правам како да постапам. А ТОРЧ што какви испитувања се? и тие спаѓаат во трансфузиолошки? уствари ако има некоја да ми објасни што точно се трансфузиолошки испитувања? може лп да ми пише ? Веќе се изморив да ви кажам од се периодов после август. мака ми е , тешко ми е . еднаш си викам ќе испитам се , да сум на чисто, еднаш си викам ништо не правам што биде нека биде, Како господ никој не е . и јас самата сум збунета незнам како да постапам и ми е страв , се плашам - најискрена да бидам
Немој да се плашиш, нема потреба. Се' ќе си биде добро, но навистина сметам дека е важно да си испиташ и да си раат, ти твоето направи си го. Трансфузиолошки на Трансфузиологија на Клиника ќе земеш упат и мн е едноставно, само преку крв е. Јас не би ја ни прашувала дали треба, би отишла и би рекла сакам да одам на Трансфузиологија, дајте ми упат. И ќе инсистирам ако нешто ме убедува дека не треба. Остави тоа како Господ никој не е. Ќе се види дали имаш мутации, дали времињата на коагулација се во ред или скратени и да не набројувам. Можеби треба Аспирин да пиеш, да пиеш метилирана фолна киселина и слични насоки што би ти дале доколку резултатите тоа ги бараат. ТОРЧ е друго, тоа на Микробиологија мислам дека се испитува и пак преку крв. А за тоа дека во бременост може да се прават така е, како и сите брисеви што и сега ги правиш, па не чекаше бременост за да ти даде упат да провериш. И се покажа дека со право си правела брисеви. Не велам дека и трансфузиолошки ќе се покаже, тоа не се знае. Но додека не се провери, не се знае ништо. Јас не би оставила на случајност, толку едноставна е проверката. Не се плаши, но не оставај така. А нека ти пише некој подетално ако нешто испуштив. Задржи си го убавото расположение, така продолжи, така треба!!! И што побрзо да си останеш бремена и да си биде се' во ред.
Не сум компетентна да ти одговорам, останав бремена не планирано, имав други планови за кариера и постдипломски студии.... Се додека имаш циклус, јајници и матка ќе станеш мајкаоколу мене имаше многу жени со проблеми и реков ќе почнам да работам на случајот, за секој случај ако фати ќе фати ако не здравје нареден пат... Совет од гинеколог и од нутриционист, бебе не се планира и не се прави...матката сака љубов таму е душата на жените .. Имајте однос со љубов и позитивни мисли кога најмалку ќе очекуваш тогаш ќе се фати само позитивно размислување и молитва. . Верувај во молитвата се ќе биде во ред, немој да бидеш разочарана и со негативни мисли *
Мислам дека тоа се однесуваше на оние кои ги знае, кои што не останале бремени од прва, не за сите што останале.. И нема зашто да боли.. едноставно на некој начин тоа е мислење..
Не се оперетви воопшто чим све ти е во ред. Ќе си се наместет наместет коцките кога најмалце очеквиш. 5 месеци е краток период нема зашо да си редиш на срце. Опушти се. Уживај. Ние од кога се земавме три години во мене сврш. ама не сум се оптертвела секој месец дал ќњ дојт или не. И ние имавме планови за кариера и напредок. И еден убав септемвриски ден се чудев зш ми каснит. Виша математика кога треба да добијам бла бла. Земав тест од 35 денари и оп 2 црти, во несвест ќе паднев. Одма измешани чувства што и како зошто... Немојте да губите надеж све ќе си дојдит. Кај некој порано кј некој покасно.
И јас правев 3 теста, еден 5 дена пред добивање,другите два на 4 и 5 ден каснење сисите три негативни...ми каснеше 8 дена, сабајлето во 7 ми земаат крв за да проверам бременост,истиот ден во 12 добив...претпоставувам дека телото се опуштило од стресот дали ќе дојде или не... Искрено ти посакувам две цртки..
Не знам за кој се однесуваше коментарот, дали за тие што ги познаваш или општо, не ја разбирам потребата на луѓето, особено тие блиски до нас да лажат за ова. Но, кога прочитав во моментот некако лично ме погоди, затоа што сум била бремена четири пати, првите три од прв циклус, последната од трите, кога бев 42 години. Некогаш ете, се случува веднаш.
Девојки сета среќе вам ви ја посакувам јас се откажав веќе од 2цртки очигледно нетреба да се надевам напразно.... секое добро!
Девојки,не е битно која од кој обид останала,таа што лаже-сама се лаже. И тоа со психата нема врска.Има,дека стресот влијае на хормоните,но не е дека ако се опуштиш па баш тогаш ке се фати. Знаете статистички низ историјата кога се родени најмногу деца? За време на војни.Демек опуштени биле тогаш. Може да е опуштен парот во првите месеци,ама после одредено време си се понапнат зошто не фаќа.Е тек кога ке се најде(ако постои) медицинска пречка,се “опушта” човек па бара чаре од медицината. @princess5 што е ова сега? Ке те карам.Знам дека чекавте ваучер за Ивф,што бидна.Нема откажување,ако ти е тешко исплачи се и тагувај еден ден,ама од утре пак храбро
Сакаш да кажеш дека само тој месец кога си останувала бремена сте имале незаштитени односи? П.с. Секако дека мислењето се однесуваше на тие што ги познавам лично. Еве јас не познавам многу такви. Не дека имаат сите проблеми со тоа да останат бремени, но сигурно се потребни 2-3 месеци или повеќе, едноставно за да се поклопат коцките. Жалам за загубата. Но нема потреба од загриженост, штом од прв месец незаштитени односи си останала бремена, наредниот пат ќе биде се во ред.
Нема многу може, но сепак ги има. Моја познаничка со двете остана од прва. И во двата случаи не се надеваше, си направиле кеиф и као “ај како да не од прва ќе фати“ и оп, се фати Друг случај. Со првото се намачија да забремени може цела година, второто се фати од прва Секоја жена, секоја бременост приказна за себе... Јас се обидуваме скоро година ипол за второ и нејќе Здравје, тоа што е наше ќе си дојде..