Да чекаме сеуште но веќе немма сили искрено толку ми мавна на психа оваа менструација исчекувањето и се
Девојки ми стигнаа резултатите од бебчето сега после работа треба да отидам да ги земам,ама почна да ме облева страв незнам зошто ќе си пукнам,едвај чекам да ми заврше работниов ден.
Здраво Девојки , Нова сум ,ве читам редовно и одлучив да ви се придружам.... Три месеци се обидуваме ние без резултат (можеби е краткок период ), па одличив и да одам на лекар кај мојот матичен доктор. Пап тестот ми беже уреден па побарав микробилошки испитувања и хормони да испитам , за хормони баш и се налуте кога побарав со изговор дека е рано се си е вака во ред има време...Од микробилошките испитувања ,само позитивно , уреоплазма .....Ми даде вибрамицин да пиеме и јас и сопругот 7 дена по 2 капсули (тоес на 12 часа).,(ги почнавме од денес да ги пиеме) , вагиналети и крем .Треба да добијам сега на 1 ви (декември) , во текот на месецот имавме односи и дали сум сега или не бремена незнам ,(од сиптоми имам само болки на градите тоес пупките неможам да ги допрам) ...Упутот за хормони ми стои бидејки прочитав од вас дека се испитуваат на 3 ден од ПМС .....Сакам да ве прашам за ваше искуство дали вибрамицинот можи нешто да ми наштети доколку сум сега бремена??? Се надевам на позитивен тест после една недела . Извинете на долгиот пост.
Вибраминицинот нема даа ти наштети, колку што може да наштети уреоплазмата. Сеуште се обидувавте за бебе и од кога ги знаевте овие резултати? Знаеш дека за време на терапијата не смеете да имате односи нели?
Па од денес ги почнавме да ги пиеме , до предходната недела посебно плодните денови кога ми беа имавме односи Да. Затоа сега незнам дали сум или не ....редовна ПМС имам и сега на 1 ви треба да добијам нормално ако добијам .....мислам рано да не е за тест? да почекам уште некој ден...Резултатите сега од петокот 21 ви нноември ги имам исто и тогаш терапијата ми ја даде докторката. Da znam ovaa nedela nema da imame odnosi...
ПМС значи предменструален синдром и не мора да го има секоја девојка/жена која добива редовен менструален циклус. ( Само да појаснам)
Да @Beatris. Сите беа планирани и сакани. За жал, третата заради силен стрес заврши во 10+5 недела, четвртата, ран спонтан. Поминаа 10 месеци и оттогаш имаме незаштитени односи, но, нема бременост.
Подршко еве ме. Завршив со примул нор,денес добив,од 5 ден почнувам со циклопрогинова и почнуваме со обиди.Се надевам на новогодишен позитивен тест.
Ај шуќур си добила, да ти олесни. И на мажето да му олесни. Ајде сега Дедо Мраз позитивен тест да ви донесе
Баш шуќур @0ли мн ми се,собра од септември немав добиено Ајде и кај тебе едно новогодишно пакетче со 2 црвени линии и заедно да се селиме во труднички.
Да тоа е,кога го прашав докторот да ми каже причина ми ги крена само рацете ништо не ми објасна што пишува тука.
Не знам душо, ке треба да прашаш некој специјалист, доколку матичниот гинеколог не знае. Јас имав два пати missed, киретажата ми беше во Систина. Докторот ми рече да не го пракам на испитување, зошто не даваат прецизни резултати, и дека само повеке ке ме збуни резултатот. Мене ми е мака што го послушав, требаше барем вториот пат да го пратам на испитување. Но ете бидна, не бев со здрав памет тогаш.
Не треба да ти е мака, верувај ми. Јас по препорака на докторката, исто во Систина, испратив да се испита. Само се потврди, дека се споиле лоши хромозони и се потврдува дијагнозата, поточно missed abortion. Ништо прецизно, а зошто се случило, тоа никој нема да ти потврди. Залудно фрлени пари, дополнително за да се испита.
Да, залудно фрлени пари. Така рече и докторот, доколку било се во ред со плодот, нема да дошло до missed abortion.
Кај мене само плацентата е испратена нема резултати од плодот.Било поминало тоа е гледаме напред да направам уште некое испитување и да почниме со работа.
Здраво, сакам да прашам дали некој ги има пробано агнус кастус таблетите јас од утре ке почнам да ѓи пијам?