Вака другарка на приватно околу 4500плати после некој месец правев и јас но на гак чисто пошо во моментот ми излегоа др проблеми и не бев во можност да платам НО воопшто не жалам и не беше ништо поинаку од нејзинпто и мпето освен што таа ги имаше резултатите веднаш а јас на гак после недела дена мислам беа а платив 700ден... за болка Непријатно е но мислам ако има прпблем може и да боли но не трае повеќе од 5мин цел процес и приватно и државно.. а се прави на 5 дена или 7 не ме факај за збор по менструација со седиментација на крв под 12 ... За витамини мислам не е лошо да си земаш но сепак направи си консултација и со др. Пс. А по хсг пиеш 5до 7 дена антибиотик ради да нема нешто пробл и нормално можеш да правиш по неколку дена од процедурата... со лесно и дајбоже 2цртки пред да направиш хсг
Јас правев инсеминација кај Поповиќ, супер доктор, многу е внимателен и темелен. Втората инсеминација кај него ми беше успешна.
Капки има кај билна аптека мислам Честитки мила од Ги има капките во билна аптека Стојанови јас ги имам користено 200 ден шише добри се ќе ти пуштат и по карго од кај и да си мила има бројче
и јас така правев , многу ми беше мерак и убаво да правам тестови и ги направив 4-5 само да видам убава црвенка линија. честитки и од мене , имај убава бременост до крај и лесен пораѓај. Јас девојки утре сум на брисеви, посакајте ми среќа да се чисти
Денес започнувам со фостимон , 4 ампули во петок пак контрола...некоја феминка со искуства ..? Се надевав дека брзо ќе завршам , но како што се изначитав , долга процедура е кај некои девојки .
Те прочитавОстави ја депресијата зад себе,сега те чека најубавата борба.Тоа ти било шок,и јас го доживеав,среќа само 2 дена ме држеше. Сега направи си термин,настапи најпозитивно што можеш,празници идат,убаво е на душата,гледај убави филмови,лесни книгички читај,музика.. Ке ти се придружам за месец,два,заедно сме посилни
Хсг правев во систина, ме чинеше 5600 ден. и кај мене беше болно но бидејќи е кратко се издржува. Хсг правев на 13.09.2018, на 06.09.2018 ми беше 1 ден од циклус, значи хсг на 8 ден од циклус. На 11 ден од циклус имав овулација (ја следев со тестови за овулација преку урина) и тогаш сум останала трудна иако наодот од хсг ми беше еден запушен и еден делумно запушен канал. Значи, еднаш правев хсг, а после хсг-то закажав лапароскопија за утврдување дали се запушени каналите и за евентуална можност да се средат ама ете, останав трудна фала му на господ па го избегнав сето тоа. Јас со хормоните немав никогаш проблем, но сепак д-р Ивановски кај кој и почнав да одам пред да го правам хсг-то ми препорача да ги пијам витамините овунорм и профертил за жени, а за сопругот профертил за мажи. Направи си хсг бидејќи иако е пред се дијагностичка процедура, некогаш делува и терапевтски.
Ти благодарам ivanshe , од големо значење ми е оваа подршка што ја добив од тебе. Веќе неколку дена чекав , и еве те тебе. Искрено ми требаше совет за докторов. Некако многу се измеша форумов ...
Zosto se prima Kleksan ,a zasto Progesteron na sekoi 4 dena posle transfer,vo site 4 transferi sto mi bea napraveni nemam ni Kleksan nity Progesteron vobterapijata?
Бев денеска ми зема брисеви докторката, а трансфузиолошки на 26 во 10 ќе правам. Тоа е само земање крв така? Треба да бидам гладна? Резултатите кога стасуваат од трансфузиолошки? Ова е тоа ? Нека стаса резултатот од брисевите да се чисти и се фрламе во акција
Клексането се дава за подобра циркулација мислам дека,јас пијам насабајле аспирин од 100 а попладне се боцкам со клексане,почнсв пред трансферот и уште терам со истата терапија. А прогестеронот е подршка за прифаќање на ембрионите,исто овој пат почнав со 3x1 утрогестан вагиналети пред трансфер,и уште ги ставам, а од вчера по позитивна бета и се боцнав со прогестерон инекција,и ќе ја примам еднаш неделно. Премини во групата Вештачко оплодување,имаш повеќе информации. А зошто на тебе не ти дале никаква поддршка не знам,види прашај си го докторот најубаво. Со лесно
Димитар Калчовски гинекологот од Медикаликс некоја задоволна да е,или да има искуство? Се наоѓа после Промедика ,прва бременост ми е ,и ќе си полудам значи Или Емилија Трајковска? Во близина на К. Вода ми треба. Фала ви женски
За трансфузиолошки испитувања, не мора да си гладна. Резултатите ги дават отприлика после две недели.
Нема проблем, баш ми е мило ако успеав да ти помогнам, ако имаш и други дилеми слободно пиши ми. Ти посакувам успешна инсеминација.
Престанав да ја посетувам темава од што ептен се измеша, многу прашања се за во труднички муабети. Темата се вика ПОДДРШКА .. значи како што си правеле муабет членките до пред година,две. Ти дојде,не ти дојде,ај нема да ти дојде...тоа е веќе поддршка. Додека за во труднички муабети и бескрајно други теми може да се разговара за доктори, инсеминации итн итн. Никој да не ме сфати погрешно, ама мене искрено ми одмиле темава а омилена ми беше...
Сѐ и сешто се пиши , дури има и псохогени проблеми , брачни дилеми итн итн .... како што ми беше опсесија темава, скрос ме испоразочара
Да да, баш тоа велам, не се познава што тема е, а заради темава профил направив ептен интересна ми беше. Конечно некој да ме разбери
Зар не мислиш дека многу поголема ПОДДРШКА е да советуваш некој кој има дилеми и кој го оди истиот пат кој ти си го изодел, и може ќе успее во целта многу побрзо од што тебе ти успеало затоа што ти си му решил некои дилеми и си дал совети, отколку ПОДДРШКАТА од типот ај нема да ти дојде. Мене многу луѓе ми решија многу дилеми со кој се соочував на патот до остварување на целта, како медицински така и духовно. Јас мислам дека целта на оваа тема е баш тоа, ако грешам тогаш слободно може админ да го избрише мојот коментар или да го пренасочи во друга група.