Не си сама Ларче,и кај мене дојде вчера,исто на 22ри ден Ама,не се секирај,за некој месец ИЧ нема да дојде,да знаеш За болките чајче и завиткај се во ќебенце,ако се неиздржливи напиј се кафетин менструал или било какво апче за болки.
Ќе биди миличка те силно и си се завиткав во ќебенце нов месец нова надеж ние сме лавици нема откаживање
Здраво . За тие кои веќе забремениле по природен пат, сакав да прашам колку време се обидувавте? Ние пробуваме околу 5-6 месеци, но мене циклусот не ми е секој месец ист, некогаш 28-35 дена и можеби не ги погодуваме најплодните денови. Инаку општ гинеколошки преглед имам направено, се е во ред (дебелина на матка, јајници, микробиолошки тест, хпв). Па ако не биде за месец, два ќе испитам и хормони. Секаков совет е добредојден
За три месеци. Иначе мојот циклус беше ист ко твојот и односи имавме секој ден почнувајќи од 12ти до 21ден. Ќе биде, без гајле
Дали пиете таблети за поддршка на забременување? Некој претходно мк пиша некои Фемибион,некој пиша за Фолна. Кога последниот пат ја прашав докторката ми се насмеа ми рече не треба ништо... Од колку мг земате фолна? Баш имам прочитано во упатството дека се препорачува и пред бременост.
Си земав фолна два три месеци пред да останам бремена на алкалоид таа фолан 0.4мг И од кога забременав преминав на фемибион. Да си земеш не е штетно,не треба рецепта и 100 и нешто денари се.
Од прва, без многу оптоварување дали ќе е или не.... Други мисли ми го окупираа мозокот, спремав свадба, и бев главна за организација.... Не проверив ништо.... Ни плодни денови, ни хормони ни брисеви... Зашто не мислев дека на прва ќе останам бремена... Пиев само Б-комплекс 3*1 заради напнатост пред свадбата, и сите други стресови поврзани со неа ...
Многу жени имаат проблем со забременување поради срамот од редовни микробиолишки прегледи низ животот. Пап-тестот е само за ХПВ и тотално нема врска со останати венерични инфекции (како на пример кламидијата) кои што можат да предизвикаат трајна неплодност. За здравје се работи, нема тука страв и срам. Секоја сексуално активна жена, мора на секои 6 месеци да дава 4 бриса.
Девојки. Дали може да ми препорачате некој добар гинеколог од Систина или некои други приватни болници, како оди закажувањето и цената, покрај мислењето од матичниот и неуспешните обиди за бебе да побарам мислење од друг доктор
Во болницата работи . Секој ден е од сабајле на работа . Еден ден во неделата е дежурен . Еднаш во месецот само оди по 5 дена во Гевгелија на работа . Ама неделава е во Ку. Отиди ,не верувам да не те прими на преглед
Во каков сразмер се меша, колку вода, колку киселина? Или само киселина се става? И мора ли после менструација да биде?
Нишо цело шише киселина свари го само, најубо е после менструација, све прочиствит. Јас и од коа се породив практикувам 1 месечно. Сите брисеви и во бременост и сеа ми се негативни
Здраво на сите. Јас сум нова тука Еве да почнам со препорака: Др. Ина Станкова ПЗУ Ина, кај Ентернет накај Дебар маало. Одличен дијагностичар, акушер, гинеколог, специјалист и психолог. Немам зборови. Без лажни намери и желба за заработка. Си ја сака работата и ја работи беспрекорно Топло ја препорачувам Инаку да се запознаеме Јас сум со 1ин витро(неуспешно) со претходни 4 инсеменации, една операција на ЦИН2 (конизација), еден спонтан пред операција и еден спонтан по операцијата (заради прекин на срцева реакција) Испитано се што постои на планетава Освен периодична олигоастенозооспермија, сме немале друг проблем конкретен. Сега пијам кломифен (втор пат во мојава кариера) па се надевам на нешто. Првиот пат останав спонтано бремена по 3тиот месец откако испив една доза. Сега имам прашање - дали има некој искуство да знае - на 14 ден дебелината на ендометриумот е 5мм пијам естрофем сабајле - вечер по 1, па не знам дали е доволна дебелината или треба нешто да појачам во дозирањето ? Има еден лидер фоликул 26мм спремен на “експлодира“ и слушнав дека не е добро да се забременува истиот циклус кога се пие кломифенот? Искуства?
После одмивањето со сода бикарбона за чистење од сперматозоиди после сексуален однос ова е исто доста висок дострел. И не не е смешно, тажно е за читање. 2019 година на прагот, луѓе на месечината шетаат, Јапонија има подводен воз, а вие се парите на вагината со винска киселина.
За разни парења имало на темава. Имаше и случај на парење над користена метла. Зошто да не чита? Има право да чита и да си каже мислење, како и ти што пиша свое.