@FreeMind јас колку што знам и двете се за да се воспостави базна pH вагинално, исто винската киселина е богата со корисни бактерии, исто како и јаболковата. А за содата прв пат читам дека го уништува семето, ако е така треба да се уништи со самото влегување во вагиналниот канал и матката каде што pH e базна...
Ти потврди некој дека од киселинава ги исчисти вагиналните инфекции /бактерии? На кој ден од циклусот се пареше над кислелина за да се отпушат каналите ? За колку време ти се отпушија ?
Мене на државни брисеви во бременост позитивна уреаплазма без никакви симптоми, приватно направив и негативни беа Толку често слушам секоја втора уреаплазма, што е чудно... како кадидата ли стана бактеријава. Дури и на познаничка трудна без симптоми скоро и ја открија. Јас не пиев антибиотик, а после сите следни брисеви ми беа чисти... чудно.
Прво,и ја сакам топло да ја препорачам др. Ина,феномемална е. Е сега вака: Се надевам дека терапијата која што ја примаш ти е ординирана од доктор. Не знам нс колку дена ти е овулацијата,ама за 14 ти ден, плус поткрепена со естрофем,ендометриумот ти е тенок,јас од мое искуство и следења и мерења и се, ендометриумот треба да ти е барем 7мм, па нагоре. И не е само битна дебелината на ендометриумот,туку се гледа и следи неговата морфологија, тоа е нешто што си го знаат докторите. Друга работа, пак ќе кажам дека не зимаш лекови,а особено кломифен на своја рака, и дека те следат на гинеколог, затоа што ми е чудно твоето прашање дека "Не било убаво да се забремени истиот циклус кога се пие кломифен"???? Која е тогаш поентата да пиеш кломифен,да имаш одличен фоликул од 26мм,и да го баталиш овој циклус затоа што не требало да се забремни додека се пие кломифен???? Не те разбирам, и те како треба да го искористиш фоликулот и максимално да се фрлиш на работа на случајот бебе. Инаку,кломифенот е најслаба стимулација за создавање на фоликули, ама мислам дека тоа го знаеш, прашањево твое доагаѓа исто како кога те стимулираат за пункција при ИВФ, со фостимон,или било која друга стимулација, пред пункција и да имаш супер фоликули, да ти извадат супер јајце клетки, и да ти речат, а не месецов нема трансфер затоа што беше под стимулации???? Нема поента. Со лесно во постапката,и фрли се на работа.
@0ли метлите Сум ги заборавила,ама слатко се изнасмеав. Иначе јас си кркам фолна и циклопрогинова,и работиме на случајот па ќе видиме резултат пред нова година.
Девојки сакав нешто да ве прашам,мм правеше денес хормонски статус се е во ред освен тестостеронот.Границата е од 3-10.6 а кај него е 1.80.....?Некој со слична ситуација?
Добро е, не сум сама, новите членки сигурно се чудат што лупам Ја поздравувам @Bebulleee ако ме прочита, а и останатите друшки од тоа далечно време Едит: кркај таму Цикло и фолна, те чекам со ||
Не ја раскажа за метлите те чекав. Дали треба барем 2 квадрата да изметиш прво па потоа да и клекнеш или поинаку беше прочистувањето?
Ние од темава дојдовме до заклучок дека надобри за оваа работа се метлите од комуналец. Колку постара и покористена, толку подобро.
Искрено очекував да најдам пост подоле се заебавам луѓе какво парење на вински оцет само составот видете му го со шеќери и хемии, ама јок. Мртви озбилни си ги парат гениталиите за да си ги прочистат каналите. Они нобел за медицина доделуваат, што си ги трошат парите не знам.
Затоа и и пишав на членката. Секој си знае за себе, на некој му е полесно апови да си г'та некои ќе си повторат нан приватно и мирна глава
многу сакам да забременам ,само на тоа мислам, сакам само да се деси.. . 4 мес. пробуваме, уште ништо. имам редовен циклус на 28 дена, и кога се плодните едно 7,8 дена секој ден пробуваме... сега се мислам дали да одам на гинеко. да видам дали е се ок? досега се ми било добро,не сум имала гинеколошки проблем.
Еј пробај и пиши ми и јас ја имам .И обавезно да ми кажеш од која фирма ќе земеш Како незнаев порано немаше да давам толку пари за лапаро-хистероскопија да ми ги средат каналите.Може и докторите ја применуваат оваа метода од кај знаеме кога сме под анестезија А за метлата мислам дека ручката ќе заврши работа само немојте цела да ја користите ,еј а и може да ја дезинфицирате со киселина предходно.That makes sense
Не знам зошто се потсмевате за киселината,погоре спомнал некој хемии,сте слушнале за природна винска киселина,знаете како се добива? Жената кажа дека и помогнало,ако сакате пробајте,ако не не морате,смешно е да се споредува со тоа со метлата,и да,има природни начини за отпушување на каналите,порано на времето,се пареле на вода со масло и слично,нормално зависи какво е запушувањето.
Жената не кажа ниту дека има запушени канали и после парењето над киселина и се отпушиле ,ниту пак кажа дека имала бактерија и ја излечила со гореспоменатиот метод . Само кажа дека се парила над винска киселина и брисевите и биле чисти . Најверојатно и пред употребата на кислелина и биле чисти .
Не и се подсмеваме но овде има членки кои што се обидуваат да забременат и бараат совети.И мене една моја блиска не метли да варам ми викаше,не киселини,не да сум одела кај некоја што подврзувала,па некоја баба имала што местела матка брцајќи раце доле и што уште не.Ова го практикувале жените одамна многу кога немало лекари и кога за немање деца секогаш виновна била жената Секој што е сексуално активен мора да прави брисеви на секои 6 месеци без разлика дали е само со еден партнер нели.Од нелекување на инфекции доаѓа до создавање на прираслици во каналите и тие го отежнуваат процесот на оплодување.Недај боже да се запушени каналите тоа е речиси невозможно да се санира.Ова е од лично искуство и овака ми е објаснето од специјалист за ова др.Димитров. Од овие бабини деветини во август на другарка ми и најдоа цин 1 и ХПВ вирус и пошто она многу слуша муабети зема природно да се лечи и си ставаше тампони со јогурт и бело лукче и сега има цин 3 и чека операција. Сватете ме како сакате но не си играјте со репродуктивното здравје женски