Немав проблем ама се обидувафме 5 месеци и фати не ми беше лесно овие месеци. Затоа мили мои нема откажување сите ќе галиме меше
@0ли тука сум читам. Вчера во 12 попладне го испив последното циклопрогинова. Сега чекам Дали ќе биде или не. Се мислам дали да чекам или да земам еден тест во недела-понеделник да правам. Од симптоми ништо посебно,денес повремено по некоја менструална болка но ништо алармантно. @Mecence <3 честитки и лесна,школска бременост. Ама 5 месеци обиди не се ништо страшно,па да не ти биде лесно. Напротив треба да уживаш. Гали сега мешко и све 4 у вис
А спермокултура сте правеле? Тоа е истото со ХЛА-ДНК типизација што се прави на Имунологија или? Те прозвав бидејќи знам дека се ближи недобивањето.
Е па следно е консултација со специјалист и успешна инсеминација! Без нервози и секирации, ќе биде се' добро
Мене денес последен ден за добивање или недобивање,31ви ден од циклус,имам стомачни болки исто ко секогаш во пмс,овој пат не купив тест да истрчам да го направам предвреме ко минативе месеци,ќе си чекам
Сакав да ве прашам дали некоја имала иста или слична ситуација како мојата. Или пак да не и растат фоликули. Секое искуство е добредојдено.
Мене денес 3 ден како ми касни, некако сум лабава иако потајно во себе едвај чекам да направам тест. Бевме вредни точно на датите кога кажа гинекологот дека ќе настапи овулација...ама што знам. Минатиот месец некако сигурна бев дека се фатило, па дури 5 дена пред добивање правев тест,фраерка откако почна да касни уште два пати правев тест ништо и на крај преку крв,сабајлето го правам после 5 саати добивам....сега од симпотми : болка во гради и многу ретко болка во јајници,но не за добивање туку како за овулација.. се токмам во понеделник на 5 ден каснење (ако не дојде) да направам дома тест... Дај боже да си честитаме овде сите до крајов на годинава
Јас не издржав,направив тест сабајлево,негативен е,уште не ми пробило ама прееска страшно ме болеше стомак,немат шанси после 17 дена од односот тестот да е лажно негативен така? Нз шо се филмам ко утре ќе протечит проклетата
Искрено посакувам да ти е позитивен и дека рано си го направила. Не знам што спаѓа во "рана" бременост, некои добиваат позитивен тест уште пред да им касни,некои на ден,два каснење,други пак после недела дена...најдобро, да издржиш уште некој ден и да го повториш, колку ти касни?
Јас во октомври пиев Достинекс па во ноември ми каснеше 7 дена..може и од тоа било,може и од стрес од исчекување... Дабростон претпоставувам дека се исто хормонски?