Да,за ако настанало оплодување полесно да се задржит плодот во матката,33 години имам па превентивно ми го даде докторката
@tincemajmunce Ми мириса на две цртки, и јас имав така благи болки менструални дури скоро и како да ги немаше ич,и ми беше чудно никогаш така не мии било. јас тестот го направив баш на денот кога требаше да добијам и ми покажа две цртки за жал неуспешно , ама не се откажувам сега за втор пат и не се разочарувам. ќе биде , знам дека ќе биде и мора да биде. Ти посакувам две цртки. и во случај да добиеш те молам не се разочарувај. сите ќе бидеме мамички! и мора да бидеме силни и многу храбри. Жени сме ние !
@Veki4kaa не мила какво разочарување. Едно веќе имам,ако ми е пишано со едно да останам.Фала му на господ и толку што ми даде. Денес 28 ден ми е,завчера последното апче го испив.Тест не купив,ама ако излегувам после ќе купам еден па ќе го правам утре одсабајле.Па што биде нека биде. Многу главоболки имам.Вчера дури и еден ибруфен пиев од што не се издржуваше.А апчиња мн ретко пијам. Така да што е наше ќе дојде. Ако не месецов,другиот сигурно или тој после него. Ајде и кај тебе побрзо да бидат 2 црвени линии,па успешна бременост и полно срце и раце.
Тинче во друштво е полесно, и јас решив утре да го направам тестот 4 ден денес како касни, а сабајле кога станав имав многу чудна силна болка во едниот јајник и кога се избришав имаше на тоалетот нешто, не можам да го дефинирам дали беше розевко или кафено.. таман си помислив аха готово добив , кога ништо цел ден... Утре го правам па што биде нека биде, ако е негативно со нови сили во новата година. Ти пуштам среќа мила
Јас ви ја пуштам целата среќа од мене.Утре да си ги видите 2 цртички. Кај мене за оваа година ништо. Еве почна кафеаво и појаки болки имам во стомак.До сабајле ќе пробие од убавина. Ќе се гушкаме со маже повеќе за празнициве. Ве гушкам и ви посакувам среќа утре.
Се надевам и јас во 2019 ќе биде среќна за нас ги направив сите испитувања после спонтаниот и се е во ред поминаа 3 месеци здравје во 2019 почнуваме повторно со обиди овој пат се надевам до крај.
Здраво женички долго време сакам да пишам но некако.... Веке 2 год пробуваме да ги видиме двете цртички но никако да дојде тој ден. Од испитувања јас правев брисеви,пап,хсг и хормони на 3 ден. Тој правеше спермограм. Спермограмот ни рекоа дека е во ред,брисеви пап и хсг во ред а резултатите од хормоните се во ред освен што докторката ми рече дека инсулинот ми е слаб. Сакав да слушнам и ваше мислење што уште да испитуваме.
Векичка ајде позитивно размислување,штом еднаш се фатило без грижи,се ќе биде во ред♥ замисли како ни е на нас со сите тие неуспешни обиди,ти барем знаеш дека имаш големи ша Јас пак на прво бришење нешто како кафеаво, ама решив да го направам за да видам дека не сум и да се опуштам... се појави една мноооооогу бледа линија што не се гледа на телефон на слика и уште толку ме збуни
Колку и да е бледа значи дека ја има!!!!!!! Ќе го повториш утре пак Мада, ја би да честитам уште од сега
И јас сум со кафеаво цело време,и на бришење и на влошка,дури да ме извините и партал кафеав исфрлив,ама она баш крв крв нема уште,ова никогаш не ми се десило претежно првиот пат кафеаво и за неколку саати почнувам да крварам.
абре девојки денеска требаше да добијам ,ама ништо. никакви симптоми немам за добивање. Само деновиве ептен слаби болки менструални и грбот-половината ме боли. Да сум бремена нема шанси мислам имавме односи нели тогаш кога ви пишав без заштита ама сврши надвор а и мислам плодни денови ми беа . дали има најмала шанса да биде тоа што посакувам да биде потајно иако знам дека нема хахха пошто не сврши во мене ?