Девојчиња дали некоја има искуство со д-р Роса од ГАК за проодност на канали? Во петок треба да одам за да се договориме кога ќе ме снима
Јас одам кај неа, ми зема брисеви, лечиме бактерија. Не сум имала друго искуство со неа, но вака многу ми е добра, пријатна, се секава на секој збор што и го имам кажано, не мора како другите постојано да ја потсетувам зошто сум таму.
HSG колку време се чека на државно за снимање,и колку кошта на привато ако знае некој и дали има по другите градови освен Скопје?
Таа ме прегледа два пати место Тофоски,имав упат за кај него а тој бил на одмор,супер впечаток ми остави.
Роса е супер, но колку што знам таа снимањето не го прави. Ќе ти договори се', ќе ти објасни кога ќе се видите. Можеби ги чита резултатите и пишува извештај, но колку што ми е познато таа не оди на снимање.
Кога ќе добиеш закажуваш и идеш таму со седиментација на крвта пониска од 11 ти каживаат од 7 до 11ден кога ќе те снимаат чекаш недела две резултати и чини 700ден а приватно кај толовски исто после 7ден од менструација и чини 4200 а резултати веднаш мислам добиваш
Хсг имав закажано на ГАК кај Др.Спасова, но ме вратија со седиментација 13. Утредента направив приватно кај Толовски 4200 кошта. Резултати веднаш.
Јас не сум многу активна овде, но да се јавам дека уште не биднало. Уште чекаме две цртки А во новата на сите ви го посакувам ова
И јас се надевам, ма да не сум сигурна баш дека ги погодивме плодните денови. Апликациите и вагиналниот секрет велат едно, базалната температура друго, многу покасно ми се покачи, а и не многу за 0.3. (на 18ти или 19ти ден). Од симптоми благи менструални болки почнаа вчера, надуеност, почесто мокрење... што не ми укажуваат ништо специјално, може да е и од настинка. За 5 дена треба да добијам, па ќе видиме.
Теткава ме изненади 4 дена порано....планирав утре да правам крвна слика за седимемтација и ме зезна Ќе ми прават проблем кога ќе отидам за закажување или ќе може да ја направам ден пред снмањето??? Резулати од брисеви имам
Нема врска тоа што си добила со седиментацијата. Оди провери седиментација и со резултатот оди да си закажеш. Ако ти е повисока нема да ти прават ХСГ на ГАК, ќе треба да ја спуштиш прво.
Мене ме интересира каква е врската ако има висока седиментација со ХСГ? Бидејќи велите ако е висока на ГАК не примаат,ама на приватно ќе примат?
Тоа претпоставувам демек ако има некоја бактерија, да не се однесе во матката. Мене ми беше околу 15, и докторката ме праша дали ми се чисти брисевите. Но правев во Систина. На ГАК мислам дека не прават ако ти е над 10. Или над 12, не се сеќавам како пишуваа. Има и тема за ХСГ, може да се прочита и таму за повеќе искуства.
Висока седиментација укажува на жариште некое во организмот... за да не настане компликации ако се работи за бекоја бактерија и сл не прават хсг на гак...
Ми дојде сабајле. и ова дефинитивно ќе е последна менструација! Само после оваа менструација да се фати бебуш одма Дај Боже!
Веќе 5 месеци пробуваме. Ништо. Секогаш во плодни денови. Се водам според апликација. Месецов земав ленти/тест за овулација. И ми покажа дека овулирам еден ден после денот која ми го предвиде апликацијата,така да горе доле точна информација ми дава апликацијата. Циклусот ми е 28 дена и никогаш не ми доцнел ни еден ден... Почнувам некако да се загрижувам
Жалам што завршило такадобре дојде во клубот со чајот, јас го пиев Фемимикс заради уринарниот тракт, многу ме фаќаат воспаленија на уринарниот тракт еден месец пред да останам бремена е сега нешто се погоди за да останам дали психа смирена, дали чајот, дали плодни денови .... Ти посакувам многу среќа во иднина.. Човекот се вика Наум, Роза Канина е фирмата негова за чаеви