Зошто сите околу мене забременуваат од прво пробување. А реално, последниве три години,не се пазиме баш,сме имале мн пати незаштитен однос па пак не се случило да забременам. Последниве 5 месеца интензивно,секој месец во плодните денови, едно 7,8 дена по ред,секој ден имаме односи.Загрижена сум да не имаме проблем...
не. пред неколку месеца се земавме,немаме ни 30 год. па затоа немам правено. можеби треба. не знам од каде да почнам. никогаш не сум имала проблем, пап тестовите секогаш ми биле уредни.
Консултирај се со доктор од каде да почнеТЕ. Ако веќе почнувате со испитувања и ти и сопругот треба да направите. Според мене треба да почнеш со брисеви и да испиташ хормони а сопругот да направи спермограм.
Душо од каде знаеш дека од прва успеваат? Немој така, не ја знаеме туѓата мака. Ние еве 7 месеци пробуваме и ништо. Денес требаше да добијам, ама уште ја нема. Не ја сакам Во последно време ако ми доцни и направам тест, после некое време ми доаѓа. Сега не правам. Почнувам да мислам дека се е до психата. Скоро една блиска кога ми кажа дека е бремена плачев и од среќа и од тага. Среќна сум за неа, ама тешко ми падна Како и да е, не се предаваме. Мм ме зеза, вели толку време сме заедно па се навикнале бе овие заедно нон стоп, може затоа треба повеќе работа Само позитивно. Ќе успееме.
Здраво, денес правев Хсг и ми кажаа резултати за две недели. Ме интересира што понатаму со резултатите, каде ве препраќаат?
Да се приклучам и јас секој совет е добредојден...Јас за прв пат пиев кломифен и денес кога бев на фоликуметрија се разочарав наместо да имам повеќе фоликули јас имам само еден кој сабајлево беше 15мм...дали е можно и со тој еден да ја имам таа среќа да останам бремена ве молам за искуства...
Ако има некој проблем, ќе треба да се реши. Ако е се' во ред, може ако сакате да одите на инсеминација. Зошто да се разочаруваш? Малку ли е еден фоликул? Па еден ти треба за бременост Секој различно реагира на Кломифен. Кај некои се прават по 2-3, а кај некои еден како и секој нормален циклус. Зошто да не останеш и со овој бремена? Никогаш не се знае. Каналите ги имаш проверено? Мажот ти има направено спермограм? Што имате испитувано?
Срцка и за природна бременост, ни треба еден кој понатаму откако ќе се оплоди, може да се подели и да даде близнаци тогаш ќе се еднојајчени, ако се оплодат 2 засебни тогаш ќе имаш близнаци ама двојајчени.. Направете си дополнително што треба испитување и без разочарување среќно
@Veki4kaa овие се капсули од диво оригано ? Ти помогнаа ли тебе? Има ли некој да сподели искуство дали помагаат за излечување на бактерии?
Поздрав Јас си чекам да не добијам па послем први е терминот се надевам нема да добијам И сите да не добиеме 2019 да е наша година сите да одиме во трудничко Ја само мочкам и ме боли десен јајник
Јас стискам палчиња да не добиеш душоо @eta јас испив две кутивчиња карваксил капсули исто и чајот од диво оригано го земав . Брисеви ќе правам после нг пошто само што ги завршив добив менструација. Ама некако осеќам како да ја немам веќе уреплазмата. Јас бев денеска. Ме буцнаа ми земаа крв, резултати после нг , а сега си чекам менструацијата да ја избркам и да си замине за годинка време да не се враќа кај мене
Две години веќе те гледам во темава . Мислам доста е веќе Догодина само во труднички да пишуваш . Овде не сакам да те видам ! hug:
Здраво Јас сум нова на форумот. Пред една недела ја завршивме постапката за ин витро и сега во новата година ги чекаме убавите вести Прв пат ми е па би ве прашала за некои симптоми, мене само стомакот ми е како камен и некои леќи болки во долниот дел на стомакот Друго нешто ??
Повели во оваа тема, таму се искуствата со инвитро. Ти останало ситно до проверка на бета, пуштам среќа да биде висока!
Знам дека еден ми треба за бременост но се разочарав поради тоа што докторката ме информира дека апчињата ке придонесат формирање на повеќе фоликули и дека еден од тие фоликули сигурно ќе фати.Јас и без кломифен имам убави фоликули некогаш се два некогаш е само еден но пошто ми варира овулацијата никако не можиме да го фатиме сме имале односи и во најплодните денови но сега за сега ништо од трудот ...Се имаме проверено и се е како што треба. Да знам дека ни треба еден му благодарам на Господ и тој еден што ми го дал сега во овие моменти се надевам дека ќе биди мн вреден и дека ќе не направи најсреќни во почетокот на новата година
Значи стварно немам среќа Брисевите супер Седиментацијата во плафон 64 Со ваков резултат сигурно нема да ми закажат снимање Што ми предлагате?