Дали може некој да ми каже Прегнил инекцијата дали ја има во некоја аптека? Вчера во 5 аптеки прашав кажаа одамна немале Си мислев да се обидеме уште овој месец пред да почнеме испитувања
А зошто на своја рака сакате да пробате со прегнил, а се немате испитано. И ние сакаме да се испитаме ако не биде уште овај месец, ама не би примала ништо без консултација бидејќи не знаеме што е проблемот. Пример можеби проблемот не е во тебе па нема потреба да примаш прегнил, или пак овулација си има, а нешто друго е проблемот.
Јас примив само еднаш прегнил пред минатиот циклус по препорака на матичниот гинеколог но ништо не бидна Затоа тој рече уште еднаш да се обидеме така, дури потоа да почнеме со испитувања Вие почнавте нешто или ви кажаа ли поточно од што да почнете?
Мене ми даде да пијам pregnacare before conception, ми рече да ги пијам 3 месеци и ако не биде ништо во меѓувреме, февруари да појдам да испитаме хормони на трет ден од менструација.
Колку време се обидувате за зачнување? Јас освен фолна киселина не пијам ништо, овулација имам само на левиот јајник, се создаваат неколку фоликули Се извинувам ако многу прашувам но ете знам дека тука може да ме разберат затоа пишувам
Поактивно околу 5 месеци, инаку не се вардиме скоро цела година. Прво почнав и јас само со фолна, па кога бев на редовен преглед за пап се консултирав со матичниот, му кажав дека 2-3 месеци пробуваме и ми ги препорача тие таблети. Инаку ми рече според ултразвукот матката и јајниците биле супер, па да пробаме уште неколку месеци, ако не биде да ги правиме тие хормонските испитувања.
Здраво, нова сум на форумов иако религиозно ве читам долго време по овие теми. Сакам да ве прашам веќе неколку месеци работиме на случајот, последна менструација ми беше на 1декември, а требаше да ми дојде вчера (на 4ти(на 35 дена ми доаѓа)). 6 дена пред денот за добивање имав по малку крварење розово па кафеаво исто и наредниот ден и ми прекина 2риот ден. Инаку имам обилни менструации и помислив дека е некоја циста или пак имплантациско крварење. Денес веќе втор ден ми доцни правев сабајле тест со прва мокрача но испадна негативен.. Пишав и во Симптоми на бременост па сакав и овде да си се пожалам
Не, не ни знам дека постојат Од прилика знаев дека 17ти 18ти ден ми е плоден (така кажа докторката на еден преглед) и отидов на ехо на 15ти па на 17ти-беше петок докторката ми рече во недела пука фоликулот, потоа не отидов да видам дали пукнал, не знаев дека треба,но останав бремена. Со нови сили во фебруари, ма да мене не ми се чека би почнала само што ќе ми заврши...
И јас буквално ист случај како тебе. 5 месеца активно во плодни , а не се пазиме околу година. Месецов идам на преглед да видам што се случува... редовен циклус имам и минатиов месец со тест за овулација видов дека на 15ти ден од циклус овулирам и имавме тогаш односи, и еве пак ништо.