Денот кога почне да тече сметај го за прв. Ако не си сигурна за плодните денови, се препорачува да се има односи секој втор ден, од престанување на крварењето до нов циклус или позитивен тест. Стресот не носи ништо добро, не се секирај и не плачи веќе, ќе биде кога треба да биде.
Пред да останам бремена добивав на 20ти во месецот. Во декември имав позитивен тест,а прокрварев на 01.01. И сега не знам дали на 20.01 пак да очекувам менструација, дали на 01.02 или на 20.02. Од претходно знам дека 19ти ден ми беше плоден,ама сега не знам ни циклусот кога ми е...
Се ми е испитано више. Со години сум више во оваа борба. Моментално лечам бактерија. Streptococcus agalactiae ми најдоа во микробиолошките брисеви.
Додека сме на темата би било добро пред да останете бремени да проверите дали имате антитела за варичела ( сипаници). Ако немате пожелно е да се вакцинирате пред да останете бремени зошто има ризик во бременост ако не ви се прележани.
Ова е за оние кои не се бремени. Ако си веќе бремена не можеш да се вакцинираш. Избегнувај контакт во периодов со народ и деца додека ти помине прво тромесечие и трае сезоната на варичела. Седи си дома на топло и се ќе биде во ред. Мислев дека доле на почеток ве тестираат за антитела. Сега дури сфатив дека не го прават тоа, а треба. Затоа сакав да ве советувам убаво е се да се испита.
Ставај си маска не е срамно и дезинфекција средство во џеб. Не се фаќаат толку лесно не се плаши. И не си играј со мали деца
А после 3 месеци од бременоста, после нема ризик да се фатат така, или може да се фатат ама нема ништо афектирање на плодот?
Многу малку веројатно е дека ќе се поремети нешто. По мое искуство, мислам дека треба околу први пак да добиеш. И јас имав лани биохемиска, почнав да крварам една недела по позитивниот тест, а потоа, плодните денови и следната менструација си беа навреме, како и секогаш. Како и да е, секој втор ден односи и може нема ни да дојде.
Незнам сепак мислам да не е многу рано и дека нема шанси, а многу би сакала. Ама никако да се погодиме со сопругот да ги фатиме баш плодните денови. Ако не овој месец, се надевам наредниот ке успее... Дај Боже сите да ги дочекаме тие најубави моменти.
Јас денес бев на фоликометрија ама за жал повторно се мали фоликулите и повторно се разочарав... немам веќе сили секој ден ми е се потешко и потешко...