Јас почнав да пијам фолна баш од пред недела дена (од кога почнавме и да се обидуваме за бебе ) а базална температура немам мерено , едноставно знам мене кои ми се симптомите кога имам овулација едноставно ти препорачувам да се занимаваш со мерења т , не се преоптеретувај , колку можеш биди по опуштена што е твое ќе си дојде
Препорачливо е давсе пие и некој пренатален препарат. (Премама, Фемибион, Прегназон, Прегнакеар и др.)
За 10 дена треба да добијам, а од денес почнаа мн да ме болат градите и имам грчеви цел ден, ама не се болни, повеќе како струење некое...или пмс подраниле месецов или забегав и си замислувам
И јас да се пријавам тука. Се обидувам неколку години но не успева, на пап тест ми излезе бактериска вагиноза.Дали ова е причината што не останувам и како да ја отстранам оваа миризба
10дена е мн рано за какви и да се симптоми , мислите си го прават своето , опушти се се ќе си дојде само
Само лекови од твојот гинеколог препишани, бидејќи и да успееш со воспалението можни се компликации понатаму, прво среди се па после оди напред до целта. Ти посакувам успех.
знам дека е рано за симптоми, сигурно ќе добијам. ама ваква болка не сум имала досега, синоќа не можев ни да спијам од градите, не можам ни да се допрам, огромни ми се и ми тежат како камења. нешто побудалеле циклусов
Тогаш пробај со по здрав животен стил, има доста вагиналети со пробиотици, прополис и сл. Можеби треба да се подигне имунитетот, штом со антибиотици си завршила. Некогаш и тоа е многу важно.
Ајде предлог за добар гинеколог во Скопје, и исто така пишете какви тестови најпрво се прават пред да се забремени, сакам за скоро да пробаме со мажето да иамме бебенце, па да си направам претходно се што треба....
за гинеколог разлистај во темата гинеколози,таму имаш препораки. немаш потреба од тестови пред да почнеш со обиди, само пап брис и микрибиолошки брисеви треба да направиш да видиш да не имаш некоја бактерија, ама тие секако се прават секоја година не само пред бременост. Среќно
Здраво и од мене, ме нема 3год во темава. тогаш од прв месец заминав во труднички, но сега е потешко овој месец е веќе 6месец со обиди. Пап и микробиолошки чисти за некој ден почнуваме пак со обиди. Дали да правам и др.дополнителни испитувања, др вика рано е, а јас со прашалници да не има нешто
3 дена ми доцни и баш се надевав дека сум бремена, бидејќи секогаш ми доаѓа на време. И сабајлево ете ја неколку капки и сега стомак ме боли додека убаво да пробие, а баш се понадевав. Но, што е тука е се надеваме на следниот месец.
Јас пак во прашалници..на 1ви имав биохемиска, месецов неколку пати имавме односи и не се пазевме,нит гледав кој ден ми е , нит ми беше важно дали ќе се фати или не. Некој вика после таква работа треба пауза,друг вика не чекај вчера осетив малку болки во јајници, па дури и малку редок исцедок без боја ,ама болките не ми наликуваа на менструални. Инаку претходно добивав на 30, 31 ден. А денес сме 30ти.... loading...