А да си смениш ти гинекологот не е возможно ваков мал проблем да незнае да реши. Антибиотик според биограм,пробиотик и вагиналети треба да ти даде и додека трае лекувањето се до негативен брис односи само со заштита и партнерот исто така мора да се лекува. Од не лекување може да се добие воспаление на мала карлица,јајници и дури запушување на јајоводи.Најдобронамерно те советувам правец друг доктор.
Прва инсеминација правев на 28.. Кои се шансите женски ? Колку беше процентот 20 % ? Тест преку крв ми рекоа по 16 дена.... Држете ми среќа
Повеќето девојки не ни знаат кога имаат биохемиска што значи нема потрева од пазење... кога најмалку се надеваш ќе фати...
Девојки не ме сфаќајте погрешно, сите вие кои сте кажале КОГА НЕ ОЧЕКУВАШ ЌЕ БИДЕ или КОГА НЕ СЕ НАДЕВАШ ТОГАШ ЌЕ ЗАТРУДНИШ. Знам дека тоа воопшто не е злонамерно кажано,ама лично мене ме иритира таа реченица. Одбивам да верувам дека моето надевање е фактор за тоа дали јас ќе останам бремена или не. Не верувам дека моето надевање предизвикува некаков стрес на моето тело кое спречува зачнување. Баш мислам дека надежта е позитивна и нормална работа.
Да, се согласувам. И мене тој момент малце ме иритира искрено. И некако сите во моја околина истото ми го зборат а незнам зашто. Самите тие насоки на размислување од друга страна ме плашат да размислувам позитивно и да ми биде убаво. Што треба да мислам дека никогаш нема да забременам? Не разбирам!! Јас сваќам дека е се тоа добронамерно ама ....Неможе на сите истото да им се случува демек незнаеле они, не очекувале. Како може да не очекуваш и не се надеваш ако работиш на ''тој момент'' и тоа ти е зацртаната цел така? Исто се нервирам со изразот ''треба да се опуштиш'' Што значи тоа во ова стресно време ???
Нормално точно од надевање неможи да трепниш и да останиш бремена или обратно , едбоставно поентата е на тие фрази да си се опуштиме ,психички затоа што колку и да мислиме спротивно стресот и психата и те како влијаат на хормоните , се даваат тие фрази , оти чести примери имало кога едноставно биле фокусирани со др раб тој период месец два на пр и биднало ,оти реално сите сме напнати и мислиме само броиме денови , температури , па рачунај овулации и некој си наоѓа утеха и во тие мисли , исто и мене ме иритираат сега почнаа и со другите фрази , Ајде време е за второ , Ааа за брзо бремена ќе си пак , ама тоа е стандарт менталитет наш и секојдневни муабети , и затоа ќе се смеиме и свиркаме , од едно уво влегло , др излегло .. Не е да мислиме дека нема да останиме бремени , едноставно не сите раб во животот ни идат планирани
мене лично не ми е стресно да бројам денови и да мерам температура и др работи поврзани со планирање бебе. постресно ми е што водам фирма него што бројам денови за овулација искрено, па никој не ми вика земи си одмор, туку викаат не очекувај па ќе се деси хаха
Меѓудругото, дали се препорачува физичка активност 4ти ден од инсеминација или да одмарам ? Не го прашав докторот, ми е непријатно само за ова да му ѕвонам
Значи ми скисна веќе... Аман Добив на 16ти после 46 дена од последна менструација и ми траеше 3 дена. Е сега според докторката сега ми се плодни денови, а според апликација ми почнуваат на 2ри фебруари. Во петокот бев за пап тест и ме гледаше вагинално пола саат и ми рече направи сабајле тест во случај да не си вонматерично бремена прашав зошто нели добив и ми рече за секој случај. Во ред направив и беше негативен ми препиша тогаш канестен да се мачкам, вагиналети и еритромицин да пиеме со маж тој 2 јас 5 ама да почекам кога ќе ми заврши менс. Наредниот ден да ги почнам. Во понеделникот бев за микробиолошки. Денес ги земав резултатите на микробиологија, се е негативно освен уреоплазма Одам да ги види и ми дава некоја замена за тие што ми ги пиша за мене и за маж и ми рече да почнеме сега да ги пиеме ама јас сабаеле искрварив малку (16ден од менс ми е денес) и ми рече почекај да ти дојде нормално да не си случајно бремена, па почни да ги пиеш. Добро викам а зошто крварам ми рече можеби се цисти можеби е овулација тоа е нормално... е од кога е нормално ццц Инаку жената е најдобар гинеколог во градот и мајка ми била кај неа и водела бремености.. Се извинувам за долгиот пост ама веќе незнам што да правам
Тешка активност не е препорачлива со било кој начин на зачнување,но движење и те како е поволно за циркулација.. Избегнувј и парни бањи и сауни,премногу топлина штети на плодот.Ти посакувам две цртки
Би ја сменила да имаше некоја по арна овде, ќе треба да одам кај Органџиски пола саат ми е пат ама кога мора што да се прави...
Фала срцка Извинете што сум толку активна последниве 2-3 дена и што ви стигнуваат нотификации од мене постојано. Возбудена сум прва инсеминација ми е и само уште ова ... дали е нормално на 4 ти 5 ти ден од инсеминација да имам болки како за пред циклус во долниот дел од стомакот дури и карлично? Или можеби е психа...
Овој месец земав Кломифен,денес имам овулација,ме убија јајниците,многу ме боли стомак,како да имам добиено,молам Бога овој месец да се усреќиме,инаку од нареден почнуваме со инсеминации.
Нормално е, без гајле Ти посакувам успешна инсеминација! Читни и во темата Инсеминација, има разни искуства. Клик тука.
Девојки јас сеуште не добив ќе купам тест, во недела планирам да го правам, му давам фора да закасни тро појќе
26ти ден од циклус ми е а јас веќе недела дена имам предменструални болки, секој ден веќе 8 дена викам еее денес ќе добијам ,а не ни ми касни циклусов некако мачен исто како јануари
Здраво девојки,минатиот месец пак без успех,овој месец би требало да не добијам на 6ти,но сега видов светла крв? Би можело да е бременост или сепак сум добила порано..И дали ако направам сега тест ќе покаже?