Душичка да си направиш хистероскопија и се гледа све убаво и матка и јајници и преграда,септум и ќе се види убаво состојбата и е поверодостојна од хсг-то.Можеш државно на гак или чаир со упат или приватно без упат. Твоја одлука.Секое добро
Утре одам на HSG се надевам ќе биде в ред се па повторно ќе ги видам двете црти другиот месец ама овој пат до крај.
Еднорога матка е само едниот дел развиен на матката,не е страшно можеш да останеш бремена приородно чим каналот ти е прооден,единствено што ти е помала за развивање и предвремено породување исто како да носиш близнаци..
А ако се плашиш убаво пишала Мартка - направи си хистероскопија ќе те средат, мислам дека тоа е нешто слично како септум и потоа да не го мислиш. Јас правев хистеро имав септум. Ништо страшно, пола саат работа. Поздрав,
возбуда на ниво сега кулирај , гледај си филмови , читај книги па шеткај исполнувај се со позитивни мисли Со добри резултати за брзо
Ми касни еден ден а имам грчеви веќе една недела па викам ај ќе направам тест. Негативен. Морам да признаам дека ми се стркалаа неколку солзи. Втор пат правам тест. Прв пат имам правено минатата година кога ми каснеше 3,4 дена. И веќе не правам никогаш.
Мислам дека не е исто како септум, мислам дека оперативно може и да не се средува. @medena147 убаво објаснила. @Mini26 што ти рекоа докторите за операција? Сигурно би предложиле ако може се среди. Ај сеа со || да се заврши Се надевам и верувам дека ќе се израдуваш, редно е
Пред една недела како со нож болка од едниот до другиот јајник осетив, денес нешто како менструално чувство Дај боже се да биде како што треба,планирам за една недела да го повторам па дури тогаш да барам упат за бета, зошто минатиот пат на 8 дена каснење ми рекоа рано сум отишла. Како и да е,фала на сите за честитките,што побрзо да сме среќни и весели сите
Зошто да чекаш една недела? Оди провери си бета и после два дена пак, да се види дали правилно расте. Ти нема да одиш на преглед, за тоа секако е рано. Но можеби докторот ќе ти даде прогестеронска поддршка, не чекај една недела. Фолна пиеш?