и јас исто. спермограм неделава. хормони уште немам проверено, матичната све зафатена ,еден упат од неа не можам да добијам.
Здраво девојки. Нова сум на форумов. Ние на почетокот на Јануари почнавме да работиме на случајот и да пратиме плодни денови. Иначе имам матка во неправилна форма (била во форма на срце) за која ми кажаа дека може да предизвика спонтан, но за тоа рекоа не дај боже доколку би дошло до тоа би требало интервенција Треба да добијам за 3 дена, веќе една недела сум со чудни и повремени болки. Пуштам среќа сите да бидеме поскоро мамички. Дали нешто пиевте кога почнавте со обиди за бебе?
Фолна се пие пред планирање бременост и првите три месеци ( во нормални) бремености. И јас сум со фемибион. Дијагнозата за матката да не ја занемаруваш и да чекаш "доколку би дошло" и бла бла. Можеби ќе звучам лошо, но зошто да чекаш да искусиш нешто горко? И јас посакувам сите што поскоро да станеме мамички, да немаме никакви прашања, димели, болки и грижи. Доколку добиеш овој месец никако разочарување, но размисли за средување на "апартманот"кој треба да го користи бебенцето 9 месеци. @Sofi.ja Честитки добра мисла и лесна бременост.
A taka ti kazaa od tamu deka krv vo urina e znak deka treba da dobies? Ne sum doktor i se nadevam sum greska, no krv vo urina koga mi pronajdoa na mene bese urinarna infekcija. Imas nekoi drugi simptomi?
Ме праша докторката дали сум пред или по добивање и јас и кажав дека треба денес да добијам и таа кажа дека веројатно крвта било од тоа, имало такви случаи. Кажа дека пак ќе ја повториме анализата кога ќе ми заврше циклусот за да виде да не се работе за некое камче или песоче во бубрезите.
Далеку од тоа дека секоја втора ја има таа дијагноза. Многу непрофесионално ти објаснале што е тоа што го имаш. Има жени да што ја истерале до крај бременоста но се зависи колкава е преградата и каде е поставена. И проблем при зачнување прави. Ако си останала бремена нека ти е со лесно,ако не си мој совет да направиш хистероскопија корекција на матката
Но јас немам никаква преграда, туку само малце е во позаблена форма. Бев во Санте кај др. Елма потоа и на второ и трето мислење. Секаде истото дека нема сеуште прстор за грижи, дури докторот ми кажа дека на преглед воопшто и не би го кажал тоа. Според Вас сепак постои простор за грижа?
Незнам како да те советувам мое мислење е дека треба корекција бидејќи јас ја корегирав. Штом тројца кажале дека не треба,тоа е друго. Тука сме само искуства да си споделиме.
И тоа е преграда и не е причина за незабременување Мене ми беше такава матката. Правев хистероскопија и на извештајот пишува дека септумот е отстранет, дека е рамна горе матката од канал до канал. На извештајот од ХСГ пишуваше дека се' е во ред, но тројца доктори ја видоа снимката и рекоа дека ја имам и веднаш отидов на хистероскопија. Не знам ни јас што да те советувам, твоја е одлуката.
Ви благодарам на сите феминки ,херојки, виртуелни другарки мои А сега да прашам, зошто се пие прогестеронска терапија, дали при секоја бременост даваат, не ли е тоа ако се појави исцедок? Ветувам до крајов на неделава ќе проверам бета
Прогестеронска терапија се дава за да ја стимулира работата на ендометриумот за поубаво да го прифати плодот за негово правилно растење и развивање.Најчесто се прима до 12та недела т.е додека плацентата не ја превземе таа улога. Го има во вид на таблети кои се пијат или вагинално се ставаат,има во вид на гел Кринон се вика и го ставаш исклучиво вагинално ,скап е но е најпрактичен а мислам и најдобар јас до 14та го користев.Има и во вид на инекции.
Минатиот пат кога бев кај гинекологот на 7 дена каснење, ме виде на ехо, нели за да ми каже дека нема да има менструација и ми рече за 10тина дена да одам пак. Зар не требало тогаш да ми даде нешто терапија кога е најпотребно?
Секој доктор има различен пристап и мислење во однос на терапии и видови терапии. Затоа максимално треба да му веруваш на докторот кој те води. Поздрав,
Ако подолго време се обидуваш да забремениш тогаш мислам дека требал да ти даде .Најубаво направи си тест преку крв и провери си вредност на БХЦГ и ако е задоволувачка за неделата која си побарај си да ти даде прогестерон.Тој не ти штети ни на тебе ниту на плодот а е многу битен за да се задржи плодот со оглед на тоа дека веќе си имала биохемиска бременост. Некои трудници дури и цела бременост го користат .