Многу ми е жал мила,те гушкам силно Собери сила и разведри се колку што можеш повеќе,за жал животот ти земал битен член,но и ке ти даде годинава,ке видиш Што побргу да ти стигне ваучерот,па заедно ке се бориме и бодриме за најмилото
Не си сама. И татко ми не дочека да ме омажи, ниту внуче. Така требало да биде. Ќе ни се радуваат од горе. Нема откажување. Животот е за живите. Борбата ќе си ја водиш се додека не успееш. Ќе си гушкаш бебе ич не се сомневам.
Ве молам ако може да ми објасните горе долу кај се наоѓаат овие,да не лутам по Клинички утре,за трансфузиологија мислам дека е одма после хематологија така?
Трансфузиологија е пред Хематологија. Амбулантата на Имунологија е накај Инфективно кога одиш, пред да свртиш лево, има една бордо барака.
Фала ти Оли,инаку овој за на хумана генетика упатов ми е за Кариотип,на ГАК немаше термини,на сопругот на урологија му кажале дека сега скоро праќале таму некого за кариотип значи и таму го прават и неговиот упат е за таму,имате некое инфо за тоа?
Навистина не знам каде се наоѓа тоа, јас Кариотип правев на ГАК. Знам дека се правеше на ГАК и на Педијатрија, ова можеби им е ново на Имунобиологија. Можеби ќе одговори некој што знае каде се наоѓа. Ако не, кога ќе влезеш на Клиника, има една табла што каде се наоѓа или прашај некого во бел мантил
Ќе прашам то секако,туку на толку наттегање да закажиме за двајцата на 3 места во еден ден,да завршиме работа,уште ако не вратат многу весело ќе е
Нема зошто да ве вратат. Упат за Кариотип од гинеколог зеде за тебе и од општ за мажот? Само да знаеш, за резултати се чека.
Сочувство од мене прими мила ,мора да бидеме силни мене мајка не дочека ни да ме испрати во средна школа, а за другиве работи да не зборувам...Животот е таков каков што е ,мора да наоѓаме сила и да се радуваме на убавините,радувај се на тоа што си успеала и само убави работи да имаме
Дали кога сте во овулација чувствувате болка во јајниците? Мене ми е 15 ден од циклус и еве 3 дена имам повремени тапи болки во десен јајник, се надевам дека сум во овулација. Бидејќи со мажот ми вредно работиме.
Да се пријавам кон недела за недобивање.Денес завршив со терапијата,сега ќе чекаме. Не сум нешто многу оптимистична незнам стварно зошто,ама некоја меланхолија ме има навјасано.На сите ви посакувам позитивни резултати.