Ако добијам овој месец сакам да испитам нешто хормони ли незнам што би ми препорачале? Тироидна испитував во септември се беше во ред. Пап тест правев сега во јануари уште чекам резултат. Микробиолошки- позитивна уреаплазма треба да почнам да пијам терапија на прв ден од циклус. Друго што да направам?
- ХСГ можеш да правиш и на приватно, а можеш и на државна. Разлика има во цената. Во Систина е околу 5500, а на Клиника е 900 денари. Кај Толовски мислам дека е околу 4000 денари. - Може нов пап да си направиш штом ти рекла да правиш нов. - Микробиолошки носам на Клиника, во Институт за јавно здравје најчесто и плаќам мислам 350. - Пролактин и тироидните хормони можеш на приватно, 800 денари е на пр. во Авицена од хормон, а државно можеш во Букурешт, Осми септември, Клиника и околу 40-50 денари е од хормон. - Имунолошките во Амбуланта на Имунологија. - Спермограм и спермокултура направете си заедно, нема потреба двапати да дава материјал, со едно давање и двете ќе ги испитаат. Во Систина за двете работи е околу 4000, а на државна може за многу помалку пари да се испита. Ако за нешто те и тересира подетално, слободно прашај. Хормони, спермограм и спермокултура, и на крај ХСГ. Колку време се обидувате?
Ние лично спермограм и спермокултура испитавме во Ремедика Пролактин, и останати хормони јас испитав со упат од матичен гинеколог во 8ми Септември ( Од матичниот гинеколог ќе побараш упат за испитување на сите женски хормони плус за тироида, ќе ти издаде упат со термин, зависно каде сакаш - 8ми септември, Букурешт, клиника ... ).
прво ќе ги направиш микробиолошките брисеви. само ако ти се чисти,можеш да правиш хсг. хсг можеш да правиж и државни и приватно во систина. пап мислам дека нема потреба да правиш пак ако ти бил уреден пред 4 месеца. Спермограм можеш исто ви систина или њу борн. ако неќеш приватно и тоа можеш на клиника. Тие што си ги пишала се хормони, матичниот гинеколог треба да ти даде упат и на државно на гинекологија ќе отидес на 3ти ден од менструација кога имаш и ќе ти земат крв. И хормните можеш на приватно ама ти е 800 денари ,еден хормон во авицена. За имунолошките ти треба упат исто од матичната, така да најубаво да си отидеш кај неа и да ти даде упат за све што ти треба и она ќе ти објасни детално.
ништо не можеш да правиш дур не ја излечиш уреаплазмата. и мене ми беше позитивна. завршив со терапија сега ќе чекам 10 дена за пак да го направам брисот да видам дали сум ја излечила. Заштитени односи имам само, не пробувам ни за бебе се дур не се излечам. Само хормони можеш да си провериш сега. И маж ти да прави спермограм. Хсг не можеш да правиш додека имаш уреаплазма. И не заборавај дека и маж ти мора да пие антибиотик исто како тебе, се надевам дека ти кажале.
Ми рече воопшто да немаме односи додека пиеме терапија затоа да почнам да го пијам од прв ден на менструација а и ако се фатило овок месец да не му наштетам нешто на плодот
И да си трудна ќе треба да пиеш да ја излечиш. Доксициклин или ацитромицин смее да се пие. Уреаплазмата му штети на плодот, предизвикува предвремен пораѓај и се пренесува на бебето кога се пораѓаме вагинално. Ама почекај ако сакаш неколку дена не менуваат ништо. Само мора и партнерот да пие за да не ти пренесе.
Мислам дека Вибрамицин пишуваше на рецептата не сум сигурна. А за него му реков тогаш кога ми рече гинекологот дека треба двајцата да пиеме за него 3 за мене 5 или 7 незнам како беше точно. Тој не сака ни да слушне не верува во ништо као демек на времето сите пиеле апчиња за да остамат трудни (дека пијам фолна) и неможам никако да се разберам со него
Е на овој проклет ден точно 3 години долги прокрварив кога бев бремена Денес 11 ден од инсенимацијата тапа болка во стомак како за добивање што се случува уште малку ќе дознам ја осеќам бешиката полна од кога ќе одам во вц поголема е болката
@Lara 27 ајде сега еден позитивен тест,па повлечи нога да одиме сите во труднички.За првата бременост и јас имав менструални болки ама не добив.И бев многу поспана што е чудно за мене,цел живот патам од несоница.
... кога би зборувале овие три точки премногу би кажале...Не се разочарувај ќе дојде и нашиот ден, кога прво ќе ни бидат полни мешињата а потоа и рацете. Ќе вреде целото чекање кога ќе ни дојде на свет нашето малечко. Биди силна. Те гушкам.
најлошо е кога боли душата, тоа е страшна болка и неможе да се спореди со онаа физичката болка. ама силни сме ние - ќе си дојде и нашето
@Veki4kaa тука сме сите во ист кош. Кој ако не ние. Ти ја даваме најголемата подршка. Денес викај,плачи утре горе глава и одиме напред до целта.