@Veki4kaa Навистина ми е многу жал што си морала повторно низ истото да поминуваш. Искрено баш се прашував кај си, дали има нешто ново. Мојот спонтан беше пред твојот и тогаш те баш запамтив.Биди силна мила, знам како се чувствуваш! И мојот страв е од повторен спонтан. Уште не сум останала бремена, а јас се плашам да не поминувам низ истото Мажот ми ме кара и се ми вели да не размислувам така. За разлика од мене тој е голем оптимист, а јас песимист невиден и паничар
@0ли Душа си, ти благодарам многу. ќе испитам се. да помине една менструација и ќе почнам, да се стабилизирам уште сум во шок. душава ме боли, и само се обвинувам, зошто не е како што треба, не сум здрава ли? што е работава? многу ми е тешко. да имав барем едно дете немаше волку да ме боли. сега на 25 февруари требаше да се породам со првата бременост, тоа ми е најтешко, едвај чекам да замине феврури... @S.o.F.i фала ти душо. не мисли не паничи, опушти се и испитај се што треба. за да бидеш сигурна дека е во ред.
Не си ни болна ни фалична ни ништо. Нормална личност си и не се обвинувај те молам. Борбата ни е за барем едно дете, кое и ќе го имаш и ќе заборавиш на болката, ќе исчезне се'. Не мисли на тоа што можеше да е ако беше вака и вака. Од тоа само тага добиваш, ништо арно. Мораш да одиш напред, ќе останеш пак бремена, но само да се најде проблемот треба. Сфати го тоа како нешто што не требало да биде и затоа не се пораѓаш овој февруари, но затоа некој друг месец ќе биде среќен. Барај позитивна страна во се', а не негативната. Во секое лошо има и добро, не заборавај. Ајде солзи избриши, чекај циклус и со секое испитување ќе си чекор поблиску до бременост што ќе оди до крај и ќе си имаш полни раце. Батали црни мисли, немаш аир од нив.
@Veki4kaa жално и болно е ова што го поминуваш Хистероскопија на приватно би те советувала да направиш,да ја видат внатрешноста на матката. И овој пат не брзајте оставете малце време. Ти немаш проблем со забременување ќе си забремениш повторно. Но прво нека се открие причината. Биди јака
@0ли душо морам да те поправам дека ТОРЧ се прави на Институт за јавно здравје, правев пред два месеци затоа знам. @Veki4kaa многу ми е жал, знам точно како ти е, летово јас и ти во исто време поминувавме низ оваа мака Уреоплазмата ја повтори ли и во друга лабараторија? Јас со streptococcus agalactiae се борам, и мене ми покажа негативен резултат, повторив и во Систина и таму негативно, но докторката ми рече да почекам месец дена па пак да го повторам брисот, не беше нешто сигурна во резултатот. Мој совет повтори ја пак уреоплазмата, овие бактерииве нешто многу се повторуваат во последно време.
Кај кого одиш Велес,јас од Весна сум презадоволна после киратража ме пушти на сите испитување се направив и ХСГ и мутации и Торч се буквално.
Можно е, се извинувам ако згрешив. Се' мислам дека некоја од женичкиве имаше пишано дека на Клиничка биохемија испитувала, но изгледа на Микробиологија беше. Само во Институт за јавно здравје ли се испитува? Имаш некакво инфо за ова? @Queen8 мислам дека ти испитуваше ТОРЧ, се сеќавам летото баш за ова си пишувавме. Каде го правеше? На Микробиологија мислам дека испитуваше, така?
Мила многу ми е жал, биди силна и упорна! Пред да ги правиш сите оние испитувања по клиника ти препорачувам да си направиш веднаш проодност на канали, да се види матката и да се детектираат аномалии доколку ги има, а потоа и останатите испитувања. Среќа во цела несреќа е што ти немаш проблем со забременување. Јас 2,5 години не сум забременила ни еднаш. На хсг беше установена преграда и полип, па си реков фала ти боже што до сега не сум забременила за да ми бидат маките поголеми во случај бременоста да заврши со спонтан. Правев хистероскопија во ноември, 2 месеци се обидуваме повторно но неуспешно со една неуспешна инсеминација...Ќе видиме дали преградата сметала за бременост или има некој друг проблем, јас не сум направила сеуште други испитувања, но како минуваат месециве по хистероскопијата не ми бега и тоа Те гушкам, те охрабрувам, биди силна ќе успееш!
Аиии беавос Ларче ни ја размрда темава @haruki @Hijabigurll честитки,со лесно,имајте школска бременост. Јас на рапорт од денес почнувам пак со циклопрогинова,др недела на преглед да видиме што како. @Veki4kaa мила нема зборови што можат да те утешат.Испитај се што ти пишале поискусниве феминки,бидејќи според мене немаш проблем со забременување туку со задржување и развивање на плодот.Ќе се најде проблемот и со соодветна терапија наредната бременост ќе биде успешна и ќе ја истераш до крај.