А па сега ме замисливте со ова невередостојност на ХСГ,кај мене беа запушени и по контрастот ги пробија,имам 3 снимки и јасно се гледа разлика. Ми спомнаа дека матката ми била малку на лево ама као не било проблем :/
Мене на хсг ми покажа непроодни двата .На хистеро-лапароскопија и двата проодни со што имаше као мали прираслици кои не сметаат ама ми ги отстранија и плус скречинг ми направиа.Има и други слични случаеви ко мојот.Баш со некоја феминка дискутирав околу тоа и она исто направи сега сме и двете бремени ама незнам која беше може ќе прочита па ќе пише искуство.
Кај мене убаво си се направи ХСГ-то, веродостојна си е снимката, но извештајот не беше како што треба, не пишуваше дека имам септум.
Кај мене хсг покажа целосно запушени јајцеводи, после тоа останав два пати природно бремена. Е сега и двата пати имав спонтани абортуси, ама тоа нема веза со јајцеводите.
Мене искрено ми се сумљиви тие ХСГ снимки.Плус јас правев на радиологија пошто тогаш апаратот на ГАК не работеше.И многу ме болеше .На извештајот зтоеше дека не се регистрира контраст интратубарно.Димитров не веруваше па правеше зафат исе воспостави точно.Јас после тоа забременив природно .Е сега дали и тоа имало врска незнам но ете да споделиме искуство,на некого добро ќе му дојде.
Кога го прашав докторот како така запушени јајцеводи, а природно бремена ми рече дека сигурно сум се стегала кога го ставале кинтрастот па затоа не навлегол во тубите. И јас многу не верувам во веродостојноста на хсг. Јас го правев кај Тофовски.
Се размислувам баш и со сопругот правев муабет пред да имаме односи бев многу настината тој период па од тоа да биде неуспешна бременоста? Ми се вртеше ми се лошешее немав сила буквално. Кашлав носот ми течеше грлото жар црвено.и апчиња пиев за настинка чаеви. Оздравев малку и почнавме со односи. Мислам дека прочитав негде дека може и од настинка да се случи. А клипови гледав на јутуб за абортус може да се случат и од неквалитетна јајце клетка. Не успева да се развие плодот и настанува абортус. Природна селекција. Ако ми бил имунитетот намален може да има неквалитетна јајце клетка?
@Veki4kaa драга, прво да ти кажам дека навистина ми е жал за тоа што си го доживеала. И тоа по втор пат. Второ... Те молам не се измачувај, не размислувај така. Не си ти виновна драга, така ете требало да биде. Ќе си направите испитувања, ќе стигнете до информацијата и ќе го третирате проблемот. Ќе помине се. Те гушкам
Многу точно , кога го прочитав верувајте многу ме утеши и ме охрабри да бидам силна и да продолжам напред - иако многу боли ама нема смисла да се нервирам и да плачам . Го нервирам и сопругот неќе да ме гледа таква и ме кара. Ништо нема да се врати назад само ќе се уништам од плачење и нервоза. Фала ви на сите вие сте ми најголемата поддршка. И сопругот мој најсакан секако! Без него нигде! Едвај чекам да стане татко , ќе биде најдобриот татко на цел свет
За матката налево нема да имаш проблем мене ми рекоа дека со бременоста како ќе се шири ќе си се исправи исто и мене ми е налево ама малку повеќе е дури левиот јајник ми е закржлавел од што немал место да се развие.
Кај мене проблем беше дворога матка, останав природно бремена но имав проблематична бременост со лежење и терапија се породив во 37ма недела. Мислам дека е слично бидејки и кај дворога бебето расте и се развива во пола матка.
Не не не се секирај Мене ми е налево и плус обратна, и различно беше кај мене што не требаше да имам празен мочен меур на трансфер. За поза не верувам ама после свршување најдобро е да легнеш на лева страна по логика
Кај мене беше истиот случај, на хсг непроодни туби, на лапараскопија испаднаа дека се проодни. И мене истото ми го рекоа дека може така покажало од што сум се стегала премногу при хсг. Исто и јас останав бремена некој месец после направената лапараскопија. @Veki4kaa многу ми е жал за твојата загуба, но полека ќе се најде проблемот и со следната бременост ќе си имаш живо и здраво бебче
Каква ти беше снимката имаше најгоре на снмката права црта од контрастот или ви беше заоблена сега ме плашите и мене ми пишува дека ми е во ред матката?
Ви благодарам на сите на поддршката и се надевам дека желбата конечно ке ми се оствари. Нели велат дека тоа што се чека подолго било послатко и помило
Еве ја мојата хсг снимка со суб септум и полип и проодни јајцеводи - последна слика 3 ( септумот е забележителен - вдлабнатината во горниот дел на матката, а полипот тешко дека ќе го видите во левиот рог е ) некако ми се гледа како да ми е на лево и мене или ми се причинува од муабетиве што ги тераме?