драга kallias се надевам дека ти ке ја немас таа срека да бидес од тие жени на кои им треба повеке време за да забременат.ако сакаш и планираш да останеш бремена ,работи си на случајот, а и нема некое правило од искуство ти кажувам колку пати во текот на месецот да имаш односи кога сака да се фати и еднаш во месецот да сврши во тебе ке биде. некаде имам прочитано дека најдобро било кога партнерите ке се решат да имаат бебе да имаат односи секој втор ден а не секој ден бидејки така се намалувал квалитетот на спермата. и важно е да следиш овулација. позззззззз и со среќа
Мили феминки, Сакам да ви кажам да не губите надеж. Еве и јас после 8 месеци "слатка мака" останав бремена. Уживајте си во миговите со вашите сопризи и се што треба ќе си дојде. Поздрав
честитки неса, ти посакувам убава бременост и да родиш здраво и убаво бебенце па да не частиш тиганици.
Значи прекрасни сте девојки. Ги прочитав сите страници од прва до последна и да им честитам на оние кои ќе родат бебенца, и а многу среќа на оние кои се трудат да станат мамички исто како мене . Инаку веќе 8 месеци се трудиме да останам бремена ама досега ништо уште , еве веќе 2 дена ми касни и имам вртоглавици, болки во стомакот, брадавиците ми се многу осетливи што до сега не сум ѓи осеќала вака, па се надевам на добар резултат, а да казам само дека бас овој месец воопшто не се преокупирав со тоа дали ке останам или нема да останам, се надевам дека сум, па ке видиме. Срцки сте сите и ве поздравувам мнооогу.
Паааааа лубеничке, ги имаш некои од симптомите-болки во стомак, осетливоста на брадавиците, болки во стомак. Земи направи си тест. Се надевам на две линии I I
Денеска отидов во неуромедика да закажам за микробиолошки брисеви , таму имам матична и ми рекоа 3700 После се договорив само да ми ги земе брисевите , па јас да ги носам на испитување. Прашањето ми е каде може до кај 1000 да се направи испитувањето Била некоја од вас, ве молам девојки помогнете !!!
Најважно е да не се губи надеж, само позитивно и со голема верба. Кога ќе треба, ќе се деси, т.е. ќе се појават двете цртички. Можеби кога нема ни да водите сметка за плодни денови , за поза и ред други работи. Јас забременив по три години обидување, кога почнав психички да се опуштам и кога решив дека што е мое ќе си дојде. Како Господ сака, така ќе биде! Ве гушкам сите што се обидувате Ова за во приватно кажуваш?? Кај нас на државно, т.е. во болница 100 ден се брисевите за микробиоогија. Еден вагинален и еден од цервикс
Незнам да не тресам глупости ама ако овие брисеви се исти како и за не-трудници тогаш однеси ги на клиника на микробиологија и ќе поминеш мнооогу поевтино нешто како 100-200 денари.
Немој сега по мене да пцуваш оти јас ти давав совет да ги направиш бирсевите Ај послушај ги феминкиве и однеси ги во државна.
Веројатно е поефтино на клиника на микробиологија, ама мислам дека не ги прават сите испитувања, бидејќи, наводно, немале реагенси. А ако платиш сигурно ќе ги имаат. Ciribiribela, а да се јавиш во Авицена во Капиштец близу до Државна, зад дирекција на Жито Лукс, да прашаш колку ќе чинат таму? Исто е приватно, може е барем поефтино таму. А и резултатите побрзо ги добиваш. Spoiler Еве ги телефонитеЧ телефон: (02) 3179 001 телефон 2: (02) 3179010
Фала Анатх ќе се јавам таму да прашам,овие од неуромедика не се нормални 3700, а за државна знам дека може ги немаат реагенсите и ќе ме откачат. Се јавив 2500, ништо поевтино
И јас правев микробиолошки и отидов во државна и имаа реагенсии само за еден брис,за хламидија и за мукоплазма уреаплазма си платив на приватно 2000 денари ,и во државната ги прашав па уште пред да останам бремена требаше тие да ги правам некаде септември месец пак немаа реагенсии,а она ми вели па добиваме по 20 некој месец некој и не добиваме и брзо се трошат,па ја прашав зошто се задолжителни за трудниците ако ги нема и така на тоа си остана
Не знам во микролаб колку е, ама слушнав дека се поефтини анализите во споредба со другите приватни , види прашај. Ако имаш плави картони можеш и во воена болница, јане сандански...
девојки ги прочитав кази речи сите страници на оваа тема,повеќето девојќи се гризат за неколку месеци кој за 8 кој за 9 кој за 6,а јас веќе 3 години се обидувам да дојдам до тоа што сите го посакуваме и ништо е сега уште повеќе се загризив.инаку се е во ред и со мене и со сопругот.сите ми велат дека е на психицка база ама веќе незнам навистина што да мислам почнав да се плашам дека никогаш нема да имам деца...а од друга страна се тешам бидејќи имам страшни нервози и си велам од тоа е не се нервирај и ке биде...но ете никако!секогаш кога имаме однос првото нешто што го помислувам си велам е мозеби овојпат ке биде и за време на тоа не мозам да се релаксирам...казете ми нешто што ке ми помогне барем малку...сите мои познајнички останаа бремени,а која од нив имаше циста која бактерии инфекции разни работи јас досега не сум имала никаков проблем ама го имам најголемиот.од скоро почнав да читам тука на фемина и видов дека многу девојќи се справууваат со овој проблем и почнав постепено да се тешам и да собирам сила од сите вас...првпат овде казувам како се чуствувам и што мислам досега немам на никој казано и ве молам да ми одговорете бидејки вие сте ми единствен спас да се релаксирам,да се тешам и да има со кого да разговарам.однапрет ви благодарам...
Ништо не можев да се шетам по болниците, нема смисла трудна жена да се малтретира, во Авицена ги однесов, платив 2500, чиста работа
загрижена и јас имам нервози и тоа да знааш какви за глава ќе се фатиш,во својот си дом да немаш мира и кога спиеш некој да не ти флезе,да не ти лупа врати и ред други работи дури узалудно е да пишам за нив,али секој што си прави за него си прави така да не е лесно и со золва,свекор и свекрва да живееш во еден стан,само опушти се и мисли си на тебе на твојот маж и на тоа што сакаш,само Бог си ја знае работата верба во него,молитви и ќе видеш се ќе биде добро и ќе се фалиш во скоро време и ќе заборавиш на тоа поздрав
vo drzavna na mikrobiologija e so zakazuvanje i treba da zakazis 2 meseci odnapred,a avicena e najevtino.moze malce kasnam so odgovorov ama valda na nekoj drug ke mu koristi.
Ох мајко мила, тие проблеми веќе ќе исчезнат ли еднаш засекогаш???? Јас не верувам, поготово во денешно време некој да нема проблеми, без разлика какви и за што.....али како што кажа и ти Елеонора само верба во Бога и се ке си дојде како што треба, тој е еден и единствен и знае што, како и кога И јас имам многу нервози последниве месеци и мојот сопруг и таман едно се реши се јавува друг и така се во круг и како да се опуштиш да водиш љубов за едно невино душиче да се роди??? Јас 2 месеци се трудам за baby, но засега ништо па се надевам кога ќе одлучи Бог тогаш.....поздрав и само верба во Бога и се ќе биде
а да ве прашам нешто дали е доволно квалитетот на спермата да биде 60 посто подвижни?и тоа паизуравме 5\6 дена за да направи испитување. на доктор рекоа дака тоа е во ред ама јас мислам да не треба да се зајакне со нешто? што мислите?