Се' е мислам поврзано со коагулација на крвта, циркулација. Без паники, но оди на разговор со трансфузиолог.
еве ме мене , Закажав во Понеделни за ХСГ во систина кај др. Иванов.Е сеа шо ќе биде како ќе биде ќе видиме, некој искуство за докторов? стручен е или не се замара баш мн мн ?
Треба рентген снимка да прочита, не е работата за замарање или не мислам дека се доволно стручни во систина да прочитаат снимка со контраст. А врз основа на резултатот ти треба да си одлучиш што ќе правиш понатаму.
ANA,AFA,LA, D-DIMETRI,faktori za hemostaza,vrodeni trombofilii, Ова ми пишува на првиот упат од многуте испитувања што ке следат, па ако некој знае да ми објасни поточно што се опфаќа, иначе нареден месец на трет ден хормони и тироидна,торч, и хистероскопија за кога ке најдеме термин, друго жени што предлагате да побарам, иначе проблемот ми е повторувачки абортус. Сакам да прашам исто за хистеро, со анестезија знам дека е ама те спремаат буден или од кога ке те успијат, како оди постапката?
Па вака за хистеро имаш две можности со целосна анестезија но може и со локална во рбет те боцкаат (будна се слушаш гледаш али ништо не осекаш,но мислам така е по вознемирувачко).Мене ме земаа од соба ме однесоа во друга просторија мерат притисок,срце итн. па инфузија примав и ме префрлија во сала.Се изведува во сала легнуваш како за земање ПАП само што раце,нозе,со каиш ти ги врзуваат поради безбедност и те успиваат.Повеке ништо не се секавав и после интервенцијата се разбудив па ме пренесоа во соба.Вака поминав јас,ајде можеби и некоја друга феминка ке пише нејзино искуство во врска со хистероскопија
Не е ништо страшно.Јас од страв одкога ми закажаа и се додека не ја извршив интервенцијата се си плачев.Но не е како што си мислев затоа кој треба да ја прави хистеро ич да не се двоуми.Јас супер поминав а и Др и сестрите беа супер поддршка и од нив имав додека бев таму
Јас па ептен бев храбра за хистеролапаро кога требаше да правам. Само сакав што побрзо да одам и да се заврши. Ако нешто треба, не одложувајте, нема потреба. Ја исчитав цела тема Хистероскопија и прашав што ме интересира и тоа е тоа. Ништо страшно, дури и интересно ми беше спремањето. Си излегов да си купам нова торба за во болница, си купив нова спаваќа убава, папучи, ситници. Мислиш на одмор одам, а не на операција. Таму си поминав супер. Инаку на ГАК правев. Си викав зошто да се секирам кога одам за убаво, уште еден чекор до целта што мора да се помине. Без паники, ништо страшно не е.
Да проблем се затоа што ако ти се високи димерите значи матката не прима доволно крв во нејзе со тоа и ако дојде до оплодување на јајце клетка таа нема со што да се храни пошто нема доволен доток на кислород и храна и она изумира без ти да знаеш.Исто и ако дојде до имплатација а димерите се високи онда може да застане во развој и да дојде до спонтан.Се на се генерално ова мора да се третира со клексани,аспиринот не е за оваа намена.За дете се ќе направиш.Една инекција еден ден живот за него јас така си го сватив тоа и да ми рече некој сега супер е прекини,никад не би престанала Испитани ли ти се генските мутации и дали е наследна или стекната состојба ова? Мораш на трансфузиолог. Јани и Петковиќ Елена ти се најбољи на клиника и ќе ти кажат што да правиш ,друг никој .
Испитавме,ги чекам резултатите. Гинекологот кај шо одам се чудеше од шо би биле вака покачени Пријателка моја исто вака ги спуштила со аспирин пред бременост,е сега е бремена и од 4ти месец почна да се боцкат со клексани.
Еве вака јас уствари клексани почнав превентивно да примам а димери 169 ми беа.И накај 12та недела Ивановски ми рече прекини ги доста е.Ама црвот не спие и му викам ако не штетат ќе ги примам не ми е тешко.Кога наредна контрола ми се појавија лакуни на постелката ,димери последен пат околу 700.И ми вика добро што си продолжила да се боцкаш.Исто и трансфузиологот ми го рече.Јас си пијам и аспирин но он има некоја друга намена не е поврзан со клексанот така да не се ни распрашував повеќе.
Вчера го купив од Зегин, 1060 денари е. Сабајле правев на 16ти ден од циклус и ми покажа дека нема овулација, а сега почна да ме боли лев јајник како да овулира ( а и месецов имам 1 фоликул на лев јајник ).. Баш ќе направам и утре сабајле да проверам повторно.
Ништо страшно јас бев преплашена и на крај сватив дека џабе си правев стресови непотребни. Конкретно имав страв од анестезијата ама од денешна перспектива смешно е дури од што навистина нема простор за паника особено ако си одбереш доктор профи и имаш доверба во него. Мене не ме врзуваа пред да заспијам, само си легнав на боксот и толку не се сеќавам понатаму. После 40 минути бев пробудена и не чувствував ни тегоби ни лошење, буквално ништо. Правев во Ремедика кај Димитров. Со лесно, те охрабрувам да си се средиш со време. Дали папратот или дамките кроз микроскопчето треба да бидат црни како на сликата или прозирни? Јас сабајле правев немаше папрат на 16ти ден од циклус имаше само точки ама прозирни.
Оставаш да се исуши па го враќаш...немора да се црни дамките ќе видиш утре како јасно се гледа папратче