Многу ми е жал за загубата, знам од искуство како ти е? А зошто ти измериа тестостерон? Јас два пати сум имала спонтан, но тестстерон немат ми мерено.
Почнаа многу влакна да ми растат и се сомневаа на тоа и така и испадна високо ниво на тестостерон кај нас жените е опасна работа.
Mn mi e zal...srce me boli od vakvi vesti znam deka nema zborovi sto ke te utesat...samo te i bidi hrabra so novi sili do novi celi
Девојки Јас да се пријавам добив синоќа, и овој пат ништо Спермограмот и спермокултурата на сопругот се ок Се плашам дека со мене не е во ред, цела вечер плачам 9 месеци поминаа со разочарување... Дали некој од вас знае дали може дасе набави прегнил инекцијата или некоја друга замена за неа?
Не не, не е на своја рака Само прашувам затоа што матичниот минатиот месец на 13 ден ми препиша прегнил бидејќи имав фоликул со големина доволна за стоп ибекција но за жал ја немаше никаде Предложи да направи сопругот спермограм па тогаш да продолжиме со други испитувања Овулација имам но не настанува оплодување, Ваше мислење да продолжиме со обиди како до сега или да почнам со испитување кај мене и што
Како пробувате а ти не си испитана? И јас имав овулација ама ми најдоа високо ниво на тестостерони и имав спонтан. Мораш да се испиташ Значи и да дојде до бременост на некој начин ти ако имаш некое нарушување на хормоните можеш да добиеш спонтан
Прочитав за твојот случај и многу ми е жал, но продолжуваме секогаш напред Освен пап ништо несум испитувала Кои хормони кога можам да ги испитам и каде да ги направам (несум од Скопје) како се закажува, денес ми е прв ден од циклус бидејќи синоќа ми дојде ако така се рачуна Ако можете да ми дадете информации ?
Упат ќе си побараш од матичен гинеколог јас ги правев во Државна на клиничка биохемија 800 денари. И тироидна да си провериш тоа од матичен педијатар ќе си земеш упат и ќе провериш бидејќи тироидната исто така има фактор во плодноста
Прегнил инекција тешко се наога кај нас веке ја нема.Може од Солун да се купи таму ја има.И мене ми требаше Прегнил но неможев да најдам па Др ми даде друга замена Овитрел.Сепак консултирај се со твојот доктор