Витекс или поинаку кажано дива лаванда,помага за регулирање на хормони, за овулација,поготово за пролактинот бидејќи со покачен пролактин нема и овулација.Ги има во вид на капсули или капки,јас ги пијам во капсули и мене лично ми одговара.Ми ги намали плус и менструалните болки и пмс знаци,така да сеуште е дел од мојата колекција на апчиња,капсули витамини и уште не знам што во оваа борба
Фала,можам и на своја рака на природна база е?!Уште тоа немам пробано...вирак,очајница,смокви во маслиново се сум пробала
Јас пред да почнам да го користам читав на интернет дека знаел да предизвика хаос кај некои со редовен циклус,а јас имав редовен циклус.Го прашав ендокринологот,таа не беше запознаена со овие капсули ама ми рече пробај... и јас како тебе имав претходно се пробено па циклусот си остана ист,и можам да кажам дека вториот пат останав бремена од нив,барем јас така мислам.Иначе да,на природна база се,можеш да читнеш и на нет или ако има некој друг мислење за нив да сподели
Девојчиња едно прашање да ве прашам .... Правев хсг на 10ти ден од циклус на 20ти ми се појави кафеав исцедок. Докторката вика може да е циклус ама во вторник ќе одам на преглед. Инаку сум имала и друг пат "чуден" исцедок ама прозирен светло смеѓ во овулација. Месецов незнам што да очекувам а сакам две цртки Имал ли некој искуство...сепак 20ти ден за мене е за се рано јас циклус на 30 дена добивам. Фала однапред И мн.љубов до сите
Здраво девојки ме интересира дали некој имал вакво искуство менс.цикл ми заврши пред 8 денови по завршувањето секако имавме односи незаштитени секако сакаме бебенце но баш ете Вчера седејќи осетив краткотрајна но силна болка во долниот дел од стомакот и потоа откако отидов во вц имв розево кафеавко на хартијата подоцна пак бев во вц имаше пак и толку немаше повеќе еве и сабајлево ништо што би можело да биде ваше мислење?
Мене прв пат ми се случува ваква работа и малку се подисплашив си викам не е можно по 8 дена од завршување на циклусот да добијам пак ти благодарам за одвоеното време
Здраво девојки Дали ви се случува по овулација да чувствувате болка во долниот дел на стомакот а не за време на овулација - потврдено од доктор дека овулацијата изминала? Минатиот месец правeв 1ва инсеминација( неуспешна )болките ги чувствував по инсеминацијата што значи по овулацијата неколку дена... месецов исто, на природен циклус со блага стимулација ( 5 x 1 летрозол ) овулацијата не ја осетив воопшто исто така со потврда од доктор дека настапила во средата . Денес ми е 22 ден и од сега почнаа болки како да ќе настане или настанува овулација
Во процесов на правење бебе, многу работи ќе ве изненадуваат и ќе бидат необични, несвојствени. По толку години во оваа работа, иако ништо не ме изненадува, и пак секој месец по нешто ме изненадува
И тоа што викаш, и ние сакаме се да ни биде нормално. Веќе штом се стимулираат јајници и се примаат хормони и чуда јасно е дека неможе да биде исто како предходно ама ај колку да се најдеме во разговор и да споделиме искуство
Така е професорице Таман мислев дека све знам , се ми е познато, свесна сум за се, ама.. И овој пат не ме поштеди скептичноста. Обавезно ќе се најде нешто што ќе ствара вознемир. Дури срамно ми е за какви работи го барам докторот
Да, ми се случува. Вообичаено ми се јавуваат една недела по овулацијата, некогаш од овулација до следна менструација секојдневно имам слаби грчеви, некогаш немам воопшто.
Професорице Секогаш е како одново, без разлика што се' има човек поминато Ама сепак се бориме за победа
da da obavezno, i pishav na doktorkata i ona rece ok deka e zdravje od ponedelnik kje odam kaj nea. fala vi
Denes na GAK mi merea folikulu 12den mi e oc ciklus imam folekul 18mm, za sreda zakazavme inseminacija. prvat pravam of i vozbudeana sum i edvaj cekam sreda.