Здраво. Јас сум нова на форумов некое време ве читам и би сакала да прашам доколку некој имал слично искуство како мене. Во декември имав биохемиска бременост. Брзо се зафати по два месеци обидување, но за жал не се задржа. Знам дека е многу честа појава. После тоа крварев така слабо скоро еден месец се до наредна менструација и после тоа си беше се во ред менструацијата ми е многу редовна на секој 30ти ден. Забележав разлика што преку една менструација не ме болат градите како симптом пред доаѓање на менструација што никогаш претходно не ми се счулувало. Е сега пробуваме еве 3-4 месеци но сеуште ништо. Ве молам сите кои имате искуство со биохемиска бременост после колку време останавте бремени. Дали треба да се загрижувам и да започнам со испитување или едноставно да продолжиме со обидување?
јас мислам дека не треба воопшто да се замараш срцка. како прво периодот е многу краток, нема потреба за грижа. си останала бремена значи секако има шанса да се случи повторно тоа. јас мислам да се опуштиш и да не се грижиш. почекај барем уште 3,4 месеца ,дај му шанса на телото, па после можеш да провериш се што треба. ти посакувам среќа
Јас имав биохемиска во јануари 2018, во септември 2018 останав повторно бремена, истиот месец кога правев и хсг.
Девојки искуствено на колку време одприлика треба да се проверуваат хормони? Имам проверено пред година одприлика. Од тогаш контролирам само ТСХ бидејќи имаше мали престапувања, останатите хормони беа во ред. Тенкс
И јас од него мислам осетив највеке резултат, едно десетина дена се чувствував супер и таман помислив се спасив и ништо. Го земав од зегин, пишуваше на упатството пд 15 до 17 дена да се пие па 10 дена пауза. Во 100 гр зовриена вода ср раствараа од 1-4 капки. Во тој период и бев на хроно исхрана значи благо не јадев, ама можеби па намален имунитет и знам тогаш баш напаѓа. Сега не сум во Мк, ама ке мора да го побарам и пак да пијам од него. Страв ми е и да останам бремена дали ке ми предизвика проблем Да пробај и јас пиев и капсули од брусница, пиј го чајот од диво оригано, ако можеш и маслото јас сега пак ке морам да го купам, некогаш стварно не се истрпува каква нелагодност предизвикува. Антибиотици веќе Не, и така бакктеријата ги мутира и џабе е, нр осетив воопшто да ми помогнат. Со среќа и на тебе
Ние се обидувавме 9 месеци, во декември останав бремена-биохемиска. После тоа некој викаше да почекаме, некој ме советуваше да не чекам одма да се фатам за работа. И така во јануари на 3-4 односи,без размислување околу плодни денови дали ќе се фати или не...еве ме 10та недела Само опушти се и само ќе си дојде бебчето
Zdravo devojki nova sum pa bi sakala da mi kazete pravev ispituvanja na hormoni a maticniot mi e na odmor dali nekoja razbira da mi kaze kako se..fala vi..
кај правеше 8ми септември ? Се е ок ама треба плус тие два да ги направиш а доколку имаш проблем со создавање на фоликули и овулации дополнително и АМХ.
Ти благодарам, навистина ке ми треба срека со оваа бактерија. И јас реков антибиотици веке НЕ, па да видиме.
Јас пред да правам хистероскопија имав стрептокока специес и ешерихија на брис од цервикс, а маж ми во уринокултура и спермокултура. Не се нафаќаа да ми прават интервенција пред да ги исчистам бактериите. За 2 месеци бев целосно исчистена со пауза од односи, чај од диво оригано природен по 2 - 3 шољи во ден и матична млеч. Предходно 2 месеци пиев антибиотици залудно.
јас наредна недела треба да проверам дали сум ја исчистила уреаплазмата. се надевам дека ја нема. ако уште е присутна и јас ќе пијам чај. зимава веќе два пати бев на антибиотик ,нема шанса пак да пијам.
Пробајте со ова ако го најдете и не во зовриена вода туку во лажичка со вода капни по 2-3 капки или на коцка шеќер. На една другарка и помогна ја исчисти со него
Фала @Tiki123456 ама баш тоа масло го користев. И пишува во упатството посебно за ешерихија коли во зовриена вода да се користи. Имаше да и на коцка шеќер и во сок да др раствори ама за друго беше наменето. Како и да е има јак мирис и вкус, ама пак ке го користам. Фала уште еднаш