Ма какво опуштање,и да сакаш навистина нема на што да мислиш освен на тоа дали успеавме месецов. Прашај си паталец Не се опуштив ни месецот кога забременав,а забременив благодарение на ленти за овулација,и не не бев опуштена,однос имавме само деновите кога втората линија беше потемна. Еве ме уште малце и ќе се породам. Им се поклонувам на тие што де опуштиле и не мислеле на правење бебе
Треба да испитам хормони на трет ден. Еве сега ми дојде, ама не е убаво пробиено само како кафен исцедок, сигурно дури вечер ке стане пообилно. И сега кога да одам во среда или во четврток?
Да видиш јас како се опуштив На 01.01 после 9 месеци обиди и позитивен тест, радости,веселби-биохемиска бременост,прокрварев. Докторката вика почекајте еден месец да се средат хормоните, сите останати викаат не пропуштај шанса прави бебе. Со страв 3-4 обиди со мм, и кога доаѓа време за да добијам, оглас на работа за продолжување договор, па ќе биде, нема да биде ,ќе останеш а не нема друга ќе дојде , и во тој цел хаос после 5-6 дена каснење 2 цртки на тест. Изгледа на тоа мислат кога велат опушти се,нешто по стресно да ти се случува па да не мислиш 99% од времето на бебе. Инаку на друг начин да се опуштиш и да тргнеш мисли нема....додека ти со месеци се обидуваш да затрудниш а (ќе бидам малце груба) и ќоро и сакато околу тебе затруднело...па не би рекла дека можеш да се опуштиш
Јас никогаш нема да можам да се опуштам. Еве и бремена сум па пак сум стегната да имам односи да не фатам инфекција, па се тресам за прегледи па имам водичка ми тече па што е како е. Никогаш не се опуштив и не знам како е да бидеш опуштен и да не мислиш на ништо
Епа супер жени, фала ви на одговорите, значи има утеха дека се останува бремена и ако се замараш , по природа сум тресало, се за нешто се секирам така да и за оваа работа нема да се опуштам дефинитивно, па ако фати ќе фати на овој начин, друг нема
кога ќе ги видам ромките со по 2,3 деца, не можам а да не се запрашам,како им успева? сигурно има и меѓу нив такви кои имаат потешкотии ама јас мислам дека повеќето си зачнуваат без мака. јас сум сигурна дека тие не проверуваат хормони,нит прават брисеви. реално сигурно не одат ни на гинеколог. не е возможно да немаат бактерии со тој начин на живот ,на улица. не се пазат, не се хранат здраво и скоро сите пушат. ова ме тера да се замислам дали стварно ПСИХОЛОШКИОТ фактор има удел во зачнување. што мислите вие?
еве ја да се пријавам. не сум мн активна ама тоа е. и да, се замарам многу и еве денеска добив. Месецов правев хсг па мислев ќе биде така потсвесно. на работа со невози цело време и не успеав толку мн да мислам на бебе али се е потсвесно. не знаете колку се радувам кога ќе дојде некој да си купи тест за бременост јас веќе 2 години и нешто немам употребено си знае тоа да си дојде на време хахахах. иначе ненормални болки овој пат, можно да е од снимањето? морав и на инекција дури
па не знам, не можам да им го проценам годиштето баш,ама сите шетаат со бебиња... може стварно мн млади раѓаат сите.
јас одамна не сум пишала. бактеријата си ја средив. хормони немам уште проверено. последниве 2 месеца не пробувавме. следно хормони ќе си провераам. гинекологот ми вика нема потреба. ми рече пошто имам редовни циклуси и пошто виде дека овулирам, дека не сум имала потреба хормони да проверувам ама сепак јас би видела.
Да си провериш,за пролактинот како ќе процени од циклусите и овулацијата? Не ги разбирам докториве со то "немаш потреба ова да провериш" ,абе СЕ имат потреба да се проверит чим не настанвит бременост.
и мене така ми викаше дека нема потреба а сепак испадна дека има. иако ми е точна секој месец и овулирам исто така, испадна мало пореметување во хормоните, ми даваше хормонски ама јас си средив на природна база. така да оди провери си
демек не сум требала да се проверувам пошто нема ни година откако пробуваме. ама па зошто да не си проверам,нема штета, се сложувам со тебе. планирам да одам да ги проверам на следнава менструација.
Точно,дај Боже да немате проблем,одма да се фатит ви посакувам,но во случај да се јавит потешкотија си добиваш на време со испитувањава,мене досега најмногу ми е криво за изгубеното време,колку побрзо се лоцираат причините за проблемот доколку го имат толку подобро.
И мене ми е многу криво што порано не почнав со испитувања. Гледаш 6 -8 месеци не настанува бременост и превземај мерки веднаш! Не, јас докторите ги слушам чекај 2 години до 2 години не било стерилитет абее да сум со овој памет :/
Провери си да ти олесни и да не мислиш на тоа. Ни јас немав никакви симптоми па на крај искочи покачен пролактин и инсулин и сега сум на терапија и откажани инсеминации додека не се решат хормониве. П.С Ти реков дека брзо ќе ја исчистиш бактеријата Со лесно
Јас кога отидов на гинеколог заради тоа што не останував бремена, беа 6 месеци во обиди. Отидовме со мм спремни кој што треба да провери. Не рече ниту збор чекај,рано е или не знам што. Веднаш него го прати на спремограм, а мене на 3 ден хормони. Излезе дека пролактинот и ТСХ (за кој редпвно пијам терапија) ми биле покачени. Пролактинот го средив со 1 таблета,за ТСХ ми зголемија терапија и јас останав бремена. Така што би ти препорачала да не го губиш скапоценото време, испитај се што може да е пречка за бременост. Особено хормони. Поздрав