Нема правило. Ама за забременување и тироидните хормони се доста битни не знам зошто не ти ги испитале. Тие ги бараат и за поднесување за ваучер ако не се лажам. Исто и инсулин е доста битен. После во бременост по 10та недела следат само тироидни, ама до тогаш мора сите да се во реф. вредности. Посебно ако е висок пролактинот знам дека одбиваат ваучер, прво бараат да го симнеш.
Ќе идам да ми даде гинек. терапија. Немаше тироидни во пакетов затоа не се испитани. Не поднесувам ваучер јас...како и да е ќе си проверам се, ама не ми е за ваучер.
Зборував со специјалист од систина. Ми рече ХСГ а не хистероскопија,му кажав дека матичната ми вика немало потреба, ми рече никако да не забременувам без тоа, не разбирам зошто кога јас останувам бремена,нели е таа постапка за да се види проодноста на јајцеводите? А и од што имам читано и слушано било болно. И сега страв ми е за сите пари
иначе прочитав исто во темава, една членка имаше два спонтани, и на клиника и нашле дека висок и бил многу тестостеронот и дека заради тоа дошло до спонтани, така имаше пишано. Го имаш проверено?
Луѓе ова го прочитав на интернет. Јас имам 29 години а нивото на FSH (7.5) ми е како за 33-37 годишна. Тоа значи ми се намалуваат оваријалните резерви. Колку ви е на Вас останатите FSH? Ќе полудам. 33 year or less = less than 7.0mlU/mL 33-37 years = less than 7.9 mlU/mL 38-40 years = less than 8.4 mlU/mL 41 years = less than 8.5 mlU/mL
Не се гледа само проодност, со ХСГ се гледа и формата на матката и дали има септум. Прегледот е како менструални болки е чувството. Ќе се напиеш некое апче за болки што вообичаено пиеш и нема да имаш гајле. Различно искуство е кај сите, јас болки немав, само менструални кога го вбризгаа контрастот. Ништо страшно, повеќето го имаме направено. Не плаши се, краткотраен преглед е. ФСХ може и да се намали со витамински суплементи и овде успешно намалување имаат сите коишто јаделе смокви во маслиново. Имаше рецепт низ темава, нека го пише некоја кога ќе прочита. Можеш да го подобриш квалитетот на јајце клетките и да се спушти малку ФСХ.
Не се гледа само проодност, со ХСГ се гледа и формата на матката и дали има септум. При прегледот како менструални болки е чувството. Ќе се напиеш некое апче за болки што вообичаено пиеш и нема да имаш гајле. Различно искуство е кај сите, јас болки немав, само менструални кога го вбризгаа контрастот. Ништо страшно, повеќето го имаме направено. Не плаши се, краткотраен преглед е. ФСХ може и да се намали со витамински суплементи и овде успешно намалување имаат сите коишто јаделе смокви во маслиново. Имаше рецепт низ темава, нека го пише некоја кога ќе прочита. Можеш да го подобриш квалитетот на јајце клетките и да се спушти малку ФСХ.
го најдов Оли на нет, 40 смокви во тегла прелиени со маслиново...40 дена треба да отстојат па после по 1,2 сабајле треба да се јадат. п.с. што би без тебе
Се' ќе биде добро, не се нервирај Не мора да стојат баш 40 дена. Ги јаделе и без да стојат толку. Стави ти 40, па почни си веднаш да ги јадеш, а во меѓувреме стави си и нови 40 што ќе седат 40 дена додека ги јадеш овие првите. Нема штета и порано да се почнат без да стојат во маслото.
Фсх ти покажува квалитет на јајце клетка. За оваријални резерви се испитува АМХ. Твојот фсх е супер и за возраста а и воопшто,во граници на нормалата е.Несе плаши а смокви и суплементи можеш да конзумираш и за 3 месеци направи контрола ,толку треба за да се покаже резултат
се утепав од плачење прееска,си викам ќе влезам во менопауза за некоја година... иначе од суплементи пијам фембион и плус цинк,а ова со смоквите вечер го правам и од утре јадам. Во петок сум на гинеколог,па да видам каква доза ќе ми препише за да го намалам пролактинот од 24. Фала девојки
Никакво плачење, нема потреба. Каква менопауза, рано ти е за тоа, многу рано Душа бе Од суплементи можеш да земеш на пример Q10, селен, цинк рече земаш, омега3, витамин Е, витамин Ц. Можеш и во тегла со домашен мед да ставиш по 50 грама непечени: мелени ореви, лешници, бадеми, индиски, кикирики, семки од тиква. И да си сркате со пластична (или дрвена) лажица по една дневно и ти и мажето. Ем добро за имунитет, ем за твоите јајциња ем за јунаците од мажето Но плачење и страшни филмови не ти се потребни
Јас само да ти дадам поддршка за пролактинот. Пред да останам бремена ми беше покачен, тој 29, а ТСХ 7.7. И мене ми рекоа дека двата се поврзани,кога едниот се качува и другиот поради него. За ТСХ ми ја покачија терапијата што претходно ја пиев,а за пролактин ми даде др 1 таблета Достинекс, да ја поделам на 2 дела и да ги испијам во растојание од 7 дена. Следниот месец пролактинот беше во нормала
@LunaGrey какво плачење,каква менопауза,ке те тепам јас Оли ти пишала што да примиш од суплементи,ете почни со смоквите од утре,а и мислам дека генерално здраво се храниш.Обавезно провери уште еднаш,стресот знае да е тригер за висок пролактин. Со терапија се средува,најди начин да минимизираш било каков стрес,и никако да не размислуваш песимистички. Спремај се летово сите од овде да сме во труднички,па да споделуваме слатки маки
Заборавив да кажам, освен тие хормоните ми направиле комплет хематолошки статус и биохемиски анализи. Три страни пдф. Се зачудив , изгледа и тоа спаѓало во тие 1700 ден. Све ми е супер, само малце холесторолот покачен , што ме чуди за моево јадење. Така да добра понуда е, кој нема можност на државно.
Пролактинот брзо се регулира со терапија, и мене лани ми беше 28,за три месеци беше во нормала, со бромергон. Прв знак што ми укажа да испитам хормони беше намалена менструација, обично секогаш ми беше обилна и ми траеше по цела недела, тогаш имав по 3-4 дена и количински малку. Инаку пролактинот е и хормон на стресот па пожелно е да се обидеш да бидеш смирена или да си пиеш некои природни препарати за смирување, јас во исто време тогаш земав и релаксан на Еси, природен препарат антистрес. Поздрав и не се мисли, тоа брзо се средува.