Фала ти. Иначе последнава година и мене пократко ми трае менс. ,3 дена само. Порано по 5. Си претпоставував дека ради годините е... значи ради тоа ми била кратка. А за редовна, секогаш ми е како нарачана
Па освен тие два хормона во моментов не се детектираше друг проблем кај мене или мм. Чим ги средив нив, забременив, за жал таа бременост заврши биохемиски, но за среќа следниот месец се фати како што треба
гинекологот ми рече не сум за терапија со пролактин 24. уште еднаш да сум проверела па ако ми е повисок, тогаш...
А за ФСХ и ЛХ ти кажа ли нешто? Инаку и јас имав минатиот месец пролактин 23, па истиот и забременив - за жал биохемиска, но не спречило забременување, така што може е и моментално.
за фсх ми рече добро ти е, а за лх ми рече нешто ти се покачило циклусов ама не мора да значи ништо . па ја прашав за соодносот зошто е таков,ми рече немаш полицистични, јајниците ти се бонбона и последниот пат на ехо кога сум те гледала на 9ти ден од циклус си имала фолкул од 15мм. Редовна менструација имаш и овулација,немаш проблем со хормони ама нареден циклус на 3ти ден пак да сме ги провереле, зошто ме виде дека сум благо потресена. ќе проверам пак нареден циклус на 3ти ден...а во меѓувреме ќе ги проверам и тироидните.
Хага иста сум и јас. Јас се потресов на ФСХ 6.4 на 30 години, у глава увртев дека треба да ми е испод 5. За секое испитување, јас докторати спремам, на докторине им зборам 100 на саат. Топ си значи, едно гајле помалку. Види ги и тироидните и ај што побргу од труднички да куцаш.
Ќути и јас 101 прашање и поставив. Ќе проверам пак, само тоа ми останува. И се спремам хсг да направам нареден месец. Во меѓувреме ќе следам овулација со лентички и ќе пробуваме, некогаш од толку тестови,испитувања го забораваме најосновното, дека треба секс да имаме
Хахаха Луна слатко се изнасмеав,истово сум го помислила,само трчаме нешто испитувања и си викам,чекај бе ние се сексаме доволно?
Да се пријавам јас 28ден. Со повремени менструални болки, чешање на градите и отечени гради. Обично ми доаѓа на 34 дена и повеќе ама овој месец пиев Елова прашок па можеби ќе дојде порано вештерката. Fingers crossed да не дојде оваа година Никогаш не сум имала промени во градите, отечени или чешање пред циклус незнам колку е поврзано. Ако не биде и овој месец од 5ти ден ќе почнам со Кломифен. Имајте убав викенд
Здраво и убав викенд на сите, дали некоја го има користено микроскопчето Мејби Бејби и кајо сте задоволни??
Добар ден По неколку години еве ме повторно на темата, почнавме да се обидуваме за второ дете. Се надевам овој пат нема да ми се потребни години како минатиот пат. Пред да почнеме со обиди бев на преглед, се' е во ред. Ова ни е втор месец ама за прв пат почнав да имам кафеав исцедок од средина на циклус. На трет ден од тој исцедок бев пак на гинеколог (овојпат кај друг) и рече дека сум во овулација, да имаме односи дека кај и да е фолекулот ќе прсни. Арно ама, после 12 дена јас се уште го имам овој исцедок, некогаш само на бришење а некогаш морам да ставам и секојдневна влошка, бојата се менува од кафеава до црвена. Ме загрижува што имам болки во стомакот и тоа на моменти појаки од менструалните, како некој да ми гребе во матката, посебно делот кај што е царскиот рез. Инаку немам цисти, миоми, матката е уредна, јајници исто. Хормони не ми дозволија да проверам дека ,,нормално,, било. Примам терапија за тироидната веќе 7 години. Извинете за долгиот пост.
Вакво крварење се јавува најчесто заради пониско ниво на прогестеронот од оптималното. Провери колку е 7 дена по овулација. Провери да не имаш инфекција, ендометриоза, да не си под стрес?
Пред многу години ми се имаше појавено такво нетегуларно крваруцкање, испив една доза Дабростон, добив нов циклус и толку, со тоа се среди. Штом веќе си била на преглед не е ништо страшно, можеш пак да се консултираш за терапија ако има потреба.
Здраво,денес го земав maybe baby микроскопот за овулација но ми треба искуство од некој што го има,кога притискам на копчето не ми свети светилката,не знам дали е неисправно или нешто шравам како што не треба.
Зависи за што и каде. На пример спермограм во Систина не праќаат резултати на мејл. За што те интересира?
Јас го користам...ги покажува точно плодните денови-проверено,на ден на инсеминација ми покажа папрат
Здраво на сите Дали некој до сега користел friendly lubricant од preseed? Или било каков друг либрикат за помош на движењето на спермата?