i kaj mene si sveti ubavo samo uste da go uhodam kako sto treba odi reklamiran go ili vidi smeni baterija do nea da ne e
треба да испитам пролактин- тсх фри - т4 фри и т3 - точно ли е дека се испитуваат од 1 д 3 ден од менструација?
па новава матична така ми рече дека се правеле тогаш. Леле ќе спобудалам, по цели деновии плачам, се нервирам, тешко мие , се чуствувам толку беспомошно. се плашам дека ништо нема да можеме да испитаме и како само да тапкаме во место. многу сум збунета незнам ни од кај да почнам , ни што понатака. ...
Ама веќе почнаа твоиве матични на нерв да ми газат. Кои ти се матични? Што е ова мотање дека мора на трет ден? Оние со проблеми со тироида да не ги испитуваат само на трет ден хормоните? А бе што се прават прости? Многу упати дала месецов и сега не сака да даде? За Имунологија барај од општиот матичен ако се прави паметна гинекологот. Немој да плачеш, не се нервирај. Или спискај и' на таа да не те мота со два спонтани и да се заангажира да ги направиш испитувањата или смени ја пак. Да не може човек да си испита хормони и да мора да се одере од пари давање на приватно Вака, смири се прво. Полека. Ќе испитате, не се плаши. Ќе се најде начин. Како ми иде да и' отидам!
До сега имам 3 сменето во Велес - и сите се катастрофа за жал. Ја прашав за генетски мутации - за торч рече ќе виделе мн работи им скратиле за давање упати. и ми вика се од ова нема потреба да правам се ќе испаднело во ред, сигурно сум имала септум да одам на хистероскопија. и и реков значи ја сакам се да направам, секое испитување- ми вика ќе се збудалиш од волку испитувања. Ама ги виде документите од систина и одма фаца смени некако. За тироиднава - ми даде упат само за Пролактин и ТСХ - само тие ги има Велес. ама ја сакам и т4 и т3 да ги испитам. што треба за овие - гладна да одам? Инаку Оли ти си Царица - само ти ми ја враќаш вољата и упорноста за понатака иако ми е тешко деновиве, дури ми е страв да не паднам психички, се уморив многу..
Мој совет, побарај си само упат до гинекологија во државна болница во Скопје, од таму ке ти дадат упати за се што сакаш да испиташ. Јас така правам, и секаде завршувам во ист ден (биохемијска лабараторија, ендокринологија, трансфузиологија, имунологија).
Те гушкам силно, немој да паѓаш психички. Борбава е составена од повеќе помали борби, но мора да сме силни и да победиме. Ако сакаш, во меѓувреме, земи си пиј Б6, метилирана фолна, метилиран Б12. И да имаш некоја мутација, ќе ги пиеш потребните витамини, од нив штета нема. Ако имаш мутација, кога ќе останеш бремена, ќе треба и Аспирин да пиеш. Но не може да не ти даде за Имунологија, ТОРЧ и хормони, со спонтани си, не бараш упати без причина. Ако не ти дава се' наеднаш, полека едно по едно барем нека ти дава. За ТСХ и за Пролактин не мора да си гладна, но треба одморена, со минимум 7-8 саати сон, без физичка активност претходниот ден, без секс. И гледај рано сабајле да си ги испиташ, брзо по станување бидејќи тие варираат. Ајде смирено, не си прави стрес, смири се за да не ги пореметиш хормоните. Знам дека сега сакаш побрзо да ги испиташ сите работи за да си продолжите со обиди, но ќе мора да прифатиш дека малку ќе потрае ова. Малку само ќе потрае, сети се за што го правиш ова и храбра и смирена ќе одиш до крај. Едит. Од @eta советот не е лош. Од ГАК ќе те упатат секаде. Земи си упат на пример за кај Роса Спасова, супер е жената и секаде ќе те испрати. За Амбуланта за асистирана репродукција упат, во петоците е во амбулантата. Но имај на ум дека и хистероскопија не е лошо да направиш, ќе се тргне и тој дел и посигурна ќе бидеш кога ќе продолжите со обиди.
@0ли имам цело пакување фемибион 1 може да почнам да ги пијам после киретажата прекинав се да пијам. За хистероскопија нз дали да правам или прво хсг да направам. Најпрво да ги направам торчот мутациите и хормоните после брисеви и пап па после хсг или хистеро.
Можеш Фемибионот да ги пиеш, убави си се тие. Ете, план имаш. Само сега трпение и полека се' да испиташ. Ќе биде се' океј, целта имај си ја во главата, таа дава сила. Ништо на светов не ми дава сила овие години повеќе од мм и од целта што сме си ја поставиле Самата помисла на тоа ме турка напред, море ми дава крилја да ги поминам сите препреки. Целта во умот
Го користиме веќе два месеци за време на плодни денови,за резултати уште нема ,меѓутоа лесен е за употреба, посебно доколку немаш многу плодна слуз.
@Veki4kaa торч, хормони и на трансфузиологија ке завршиш многу брзо,резултатите од хормоните ке ги пратат кај матичната во велес,исто и од транс.ке си ги земеш од трансфузиологија во велес по една недела, е само за торч рез.ке мораш да отидеш по 5 дена,значи за 10дена тоа испитано завршено, и дај Боже да ти е се во ред, а и да има нешто со една доза лекови се средува,за хистеро или хсг и јас се мислев,незнам дали знаеш и јас имав 2спонтани за година и пол, Палчевски од систина ми рече да не подлегнувам одма под анестезија прво ХСГ, и нареден месец ке го правам таму, и нека ти дава таму упат матичната, вие три испит.на гак ме коштаа 2200ден, а на приватно којзнае колку, подобро чувај си пари за хсг по приватниве, бидејќи се прави на 9ти 10ден од менс. да не чекаш термин, па резултати па воа ноа