Од твоја уста во божији уши мила, на сите да даде Боже бебуши.. Многу би била среќна, ќе почекам за тест.. некаде кај велигден ќе направам, секако ако не добијам до тогаш
Консултација со уште еден-двајца доктори. Да не се разбереме погрешно, не дека Ивановски не знае, чисто да чуеш и уште некое мислење. Првпат во живот инфективен правев за иуи. За ХСГ не бараат Едит. Море за инвитрото кога поднесував документи првпат правев. За иуи мислам само за мм бараа инфективен
Кај докторката ќе се резултатите.Ние остадовме материјал па докторката ги однесе мислам дека ми рече во Сонце ќе се направат.Треба да одам понеделник кај докторката па ќе видам поточно.
Која докторка? Знајш дека макс пола саат мојт да отстојт материјалот пред да се анализират? Валда ги однесла на време...
се разбудив со отечени крајници. значи телово мое ме предаде ама на секој можен начин. цел живот го пазам,цел живот се хранам здраво,не сум пушела никогаш,алкохол една чаша вино многу ретко,сум била активна,никогаш не сум си дозволила да се здебелам. и за што? за да имам изреметени хормони,бактерија и сега и настинка? ќе побудалам начисто.
Јас имав еширихија коли точно 10години и душа измачив со неа. Кога останав трудна срека дента кога го правев тестот ја примив последната терапија за неа и за срека сега во бременост се нема вратено. И да, нема подосадно нешто од неа, не постои апче што го неам испиено,чај ,капки, за неа и пак ми се вракала. Најмногу ми помогна нонлицинот. 2 паковања од аптека, едното на 12 саати како што е во упатството, другото секој ден по едно. Ке ти се фати месец дена терапија ама едино од оваа терапија не се врака. Пробај ако си во можост Ти посакувам успех што побрзо да се откачиш од неа и дај боже што поскоро бебенце
Јас бев исто,секојдневно физичка активност,хранење здраво,плус зимање витамини еден куп,алкохол знаев да се напијам ама заради сакана бременост го отфрлив и јас секој месец бев со тсх и пролактин качен, буквално ама буквално секој месец настината и тоа после овулација и мислев нервен слом ќе добиев на крај.Баш како тебе се чуствував предадено,па за жал поради други околности веќе не бев во прв план јас и немав време толку да си обраќам внимание.Почнав да каснувам и тоа шо не треба,и алкохол кога ми сака душа во умереност и моментално сум супер,пу пу.Мислам дека повеќето до психа ни е,знаеш некогаш за нешто кога се трудиш тоа ко за инат не сака.Дај одмор малце на психата,и телото ќе си се среди после
Луѓееее, правев тест пред малку... има ептен бледа цртаа, на сликиве незнам колку се гледа ама јас ја гледам убаво, не ми се причинува нели???
Немам редовно менструација, минатиот месец добив на 16, така да незнам дали ми доцнело, денес ми е роденден, и некоја сила ме натера да го направам тестот, утре е на сопругот роденден, неможам да дочекам да му кажам... Пресреќна сум. Ноќеска во 00:00 си замислив желба да останам бремена, и види се оствари.
Има има цртка желбата ќе се оствари на роденден соопшти и понеделник трк да си провериш и преку крв Ајде да си галиш меше ...
@Starlič честитки!!! Бременка си Трк на проверка на бета и потоа пак по два дена за да се види дали правилно расте. И со лесно! @LunaGrey Сигурна сум дека тапа ти е Ти се собраа работи, имам таков впечаток. Напнатост, стрес, паѓа имунитет и те фаќа веќе што не. Одмори, смири се малку, крени го имунитетот, ќе биде добро. Сосема те сфаќам, верувај ми. Но непредвидливи работи излегуваат што ни се испречуваат на патот. Но пречките ќе се надминат, дај си време. Мора да си дадеш време
Има ли поубав поклон за роденден од ова? Честиткиии! Јас за роденденот му реков на мм да не ми купува поклон туку да ми направи во меше, и една недела покасно имав две цртки нека ви е најсреќен роденденот на двајцата и за 9 месеци со полни раце