фала,ќе го погледнам сега. Е2 ми е 42 pg/ml на трет ден а референтна вредност е од 18 до 147 pg/ml. Значи ок ми е, не ми е високо.
@didi1982 баш мислев денес да си земам витекс. после идам во аптека директ пијам фембион 1(фолна,јод,б витамини,витамин е и ц,има таму), селен, цинк , CO Q10, Омега 3, витамин Д3. пробав тоа со смоквите ама леле мн ми се повраќа од него...
А одвоено да ги земаш? Лажица маслиново да голтнеш или да ставиш во малку вода со лимон, а потоа да изедеш смоква.
Не се дотолку лоши смоквите де, поголем ефект сум видела кога ќе отстојат 40 дена, не знам какво е искуството на другите. А сокот од пченица богами... . Тој помага доста... И јога за плодност. Мора да се зголеми циркулацијата во јајниците. Кога се мора, не е тешко ништо. 42 pg/ml не е низок, ама не е ни висок. Има многу фактори... Кај мене ФСХ е многу висок, хомеопатска терапија не помага и мора хормонална. Е сега зависи кај тебе, колку е ФСХ. ФСХ и естрадиол се во спрега, обратно пропорционална. Затоа мислам ние со висок ФСХ мора да го покачиме естрогенот. Е сега, при ПЦОС е покомплицирано. Другиве витамини и суплементи се супер. ДХЕА земаш?
не земам дхеа. редовни циклуси имам и овулации. секој месец се тестирам со ленти и на гинеколог ме гледале,на 14ти,15ти ден ми се ко по книга. овулирам секој месец ама ете не сака. ми растат фолекулите и ендометриумот ми е ок. затоа мислам дека квалитетот на јајцата е лош. дхеа за што помага? фсх ми е 7.49 miu/ml
За квалитет и бројност на јајце клетки (зголемува и естроген). ФСХ од 7.49 е таман. Не е премногу висок. Смоквите ќе помогнат. Имам прашање, колку циклуси од смокви правите? Дали треба да се прават паузи или се јаде во континуитет?
Izvini da te prasham peruvianska maka kade moze da se kupi i sok od pcenica dali e za plodnost i kako se podgotvuva
Маката се купува, во капсули или прав (можеш во смудиња да ја ставаш). Пченицата се расне, најлесно на следниов начин, без земја, брзо и ефикасно. Кога ќе порасне околу 10 цм висина, блендира со малку вода, процедува и пие, на гладно наутро.
Маката во прав е мооогу гадна... ја си пијам таблетки по 2 во денот (али сега не сум баш редовна секој ден туку кога ќе ми текне на раб ) и има ефикасност. мене малку ми беа раздрмани хормоните матичната ми препорача хормонски ама ја само мака пиев (редовно )и си ги средив. плус и приметив дека кога ја пијам редовно немам мн болни циклуси. а на колешката сестра и и дечкото пиеле и двајцата и забремени ☺️
Маката за да не ви биде толку гадна може да ја пиете со какао, башка и се појачува дејсвото со комбинација на какаото.
Мила,дали успеа да го намалиш ФСХ-то применувајќи ги овие совети,јас пијам само Дхеа од 50 мг,доктор Трајковски не ми препорача ништо друго,според него и мојата матична ништо не може да го намали ФСХ,само може да се замаскира состојбата,ако еднаш дојдеш до таа состојба на високо ФСХ нема назад и не знам зошто они лично не веруваат во подобрување на квалитетот на ј.к
Здраво на сите. Ретко пишувам ама секој ден обавезно ве читам. Мене ми доцни 3 дена, вчера мажот ми ме натера да правам тест бидејќи стварно се плашев. Излезе позитивен со баш бледа линија, па затоа како уште да не ни се верува. Сабајле пак правев исто бледа е линијата. Тестот ке го поввторам за ден-два се надевам ке биде потемна цртиччката. Да напоменам имав еден спонтан и сега многу се плашам. Имам измешани емоции. Инаку не сум во Мк, здравје ке си одиме на 17 Мај. Пијам Фембион1 и му пишав на матичниот како за поддршка ми рече да земам Утрогестан по едно на ден, ке ми стигнат во понеделник. Да ме советувате нешто? Или да си фатиме патот порано накај Мк. Се надевам овој пат се ќе бидее во ред. На сите ви посакувам убавини! Еве го тестот