Дали некој знае колку е кариотип да се испита на приватно? И како оди за закажување државно за термин?
Женски, пишував и по другиве теми. Ми доцнеше скоро 10 дена, направив два теста , на едниот имаше како бледа линија (ама јас мислам дека таа таква си беше и пред да го правам тестот), вториот тест не покажа ништо (и двата беа од околу 130 денари). Потоа на доктор ништо не виде преку ехото, демек можно било да е рана бременост па да не е слезен плодот. Потоа вечерта прокрварив, утредента бхцг правев 29.69 беше и што значи можи не сум била бремена. Е сега по една недела од кога ќе ми заврши, пак да сум проверела бхцг оти како што ја слушнав докторката бхцг требало да го сведиме на нула. Знае ли некој што значи 29.69 и дали треба да е нула ако не си бремена? Искрено и докториве од што имаат ептен гужви како да не се замараат. Ние скоро 9 месеци пробуваме со сопругот, правев разни испитувања. Матичнава вика немам цисти, се е чисто...не знам. Си велам да си појдам на приватно. Инаку знам дека можеби не може наеднаш, може треба време и се тоа...Ама веќе ми станува сомнително...
Не сакам да ти давам надеж, ама еве со мене што се случи. Јас кога останав трудна, правев прво тест за бременост и ми покажа мнооогу бледа линија што мораш под одреден агол на светлина да ја видиш. Наредниот ден уште еден тест, и тој исто така бледа линија. Отидов на ГАК и таму ми направија анализа на крв што покажа дека не сум трудна (имаше референтни вредности позитивно и негаривно). Иако уште беше рано за да добијам, имав чувство дека сум трудна. Побарав нова анализа со број на БХЦГ и добив вредност 167. Со тие вредности отидов во Систина бидејќи во ГАК гинеколог не сакаше да ме види. Во Систина ме прими доктор и ми објасни дека морам да почекам до БХЦГ да биде барем над 1000, и дека сега и да гледа на ехо е џабе, треба со микроскоп да се види ембрионот, зошто е многу многу рана бременост. После 3 дена отидов на гинеколог и успеа да види на ехо мало точкиче . Сета таа збрка ја направив зошто мислев дека имам шанси за вон матерична бременост.. Е сега, можеби си бремена, можеби не, ама почекај 3,4 дена да има шанси БХЦГ да добие вредност над 1000. Секој ден се дуплира, така што сега ти е многу рано да знаеш, а ништо не можеш да направиш. Само смирено и трпение. Се надевам ќе биде позитивен исход!
Колку време ги пиеш bearrr? Јас додека ја матев со смудиња, некогаш и така, со вода растворена циклусот арен ми беше. Со хормонска комбинирано, ама пак... Сега земам тек тук... Треба да ја активирам. Драга Sienna_MK, ќе бидам искрена. Лани во ноември, кога не добив циклус и почнаа топли бранови да ме фаќаат почнав со смоквите, пченицата и маката. Маката кажав, ја пиев со смудиња, обично зелени . Така препорачуваат блоговите и литературата за плодност. Пиев од суплементи, без ДХЕА. И за две недели ФСХ се спушти, немав бранови... Меѓутоа сепак добив хормонална терапија во декември. Циклусот кога ми дојде, баш беше нормален, по боја и волумен. Практикував и јога за плодност и облоги со рицинусово масло. Диета ептен стрктна, ни алкохол, ни кафе, шеќер ама ич. Месо исто не, посебно не пилешко. И поубаво се чувствував. Од средина на Јануари воведов ДХЕА, само после тоа не ги пазев претходно наведените работи и циклусот почна да забегува пак, ФСХ под 20 не се слушти, а естрогенот не се покрена. И ми натекна минатиов месец, да баталам хормони, да пробам хомеопатија пак, кактус агнес таблети, некои чаеви, природни работи воглавно... Неславно заврши, за две недели морав да се вратам на хормоните, плус додатно естроген. Свесна сум дека не дадов доволно време да проделува, ама сум во стресен период и немаше како поинаку. Има истражувања дека кинеска традиционална медицина може да помогне за намалување на ФСХ, ама таа не ни е баш достапна. Од друга страна, мислам дека треба да се работи на подигнување на естрогенот, за ФСХ да спадне. А пченицата и маката содржат естрогени. Ова royal gelly е матичен млеч, поделени се мислењата дали помага или одмага. Јас го користам, мислам нема зијан. Во принцип, ние што сме на мака, се што ќе слушнеме земаме За докториве, не знам.. дали од искуство... дали не сакаат да се замараат...
Мила,фала ти за одговорот,јас сеуште немам пробано мака ниту пченична трева,бидејќи имам редовна менструација ама сега со овие стимулации и кај мене се поремети во волумен,кога зборуваш те ставиле на хормонска терапија на што конкретно мислиш? Мене докторот ми препорачува да пијам циклопрогинова од 3 ден од прва бела за да се регулира циклусот и ендоментриумот се средувал така поубаво.дали имаш искуство со овие таблети?
Со циклопрогинова да, ја земав околу 4 месеци, па ја прекинав 2 недели и сега одново. Дополнително и естроген добив.
@didi1982 ја пиев редовно 2 месеца.. уште од првиот осетив дека немам јаки болки а сега ја пијам само кога ќе ми текне.ама мема зијан и тоа... иначе матичен млеч ти е мн добро и за имунитет и се така да продолжи да го пиеш..а сакав да те прашам каква е таа јога?
Добро утро Денес ми е 29ти ден од циклус, со тоа што пијам Елова би требало утре да (не) дојде вештерката.. Сабајле пијам кафе, се шминкам и наеднаш кога ми се згади од кафето црева истурив Незнам дали утре да правам тест ако не ми дојде или да почекам што мислите?
добивам на 34-39 дена ама веќе два месеци пијам Елова прашок да ми се регулира циклусот. Претходниот месец ми дојде на 30ти ден па и сега мислам дека ќе биде така некако. Со 6 апликации денес ми е 14dpo Инаку немам менструални болки градите ме болат 3-4 дена веќе и половината и гладна сум цело време... Пред пола саат јадев бурек а сега сум гладна
Мила почекај уште неколку дена бидејќи и да има нешто ако е рано нема да покаже и ќе бидеш разочарана.инаку дај боже да се пофалиш со убави вести
Другарки малку сум исплашена...дали е можно со овие хормони на трет ден од циклус да немав овулација? Мерев со лентички и воопшто не ми покажа,а не ја ни осетив,а претходно сум имала симптоми. И минатиот месец исто мерев со лентичките не покажа овулација
Пролактинот ти е повисок и тој може да влијае на овулација. Те ставија на терапија? И навистина, намали со стрес, кортизолот ти ближи кон горна граница.