4 вкупно. Првите 2 без капка алкохол. Не дека послето се убивав од пиење ама онака на некое излегување, вечера си пиев винце ако ми се пиеше без да осеќам грижа на совест дека би наштетила со тоа. Немаше проблем на почетокот, ама подоцна стресот си го направи своето. Хормони се изреметија. Пролактинот рипна доста високо. Се среди. Се појавија цисти. Едната упорно си растеше. Па правев лапароскопија. Ајде и тоа се среди. Каналите беа проодни. Спермограмот супер. Во глобала без сериозен проблем. Од доктори слушав постојано ,,школски пример за изглед на матка и јајници'' се здраво ама нешто не одеше. До толку рачунаа дека е се во ред што ни кломифен или било што за стимулација не сакаа да ми дадат. Последно шо го прочитав некаде низ форумот беше дека парните бањи помагаат доста и ми се уврте тоа у главата. Отидовме на викенд, сите се шлапаа по базени и џакузи јас си дремев во парната бања Инаку не сум љубител на парни бањи ама тие 3 дена не излегов од таму. Баш тој месец е фатено. Не дека е баш до бањата, јасно ми е мене дека се беше до мојата психа, али ете ако некој сака нека проба и парна бања, еден викенд изрелаксирајте се со јача половина Муабетот погоре околу твоите совети, не ми е дека штетат, напротив може да имаш само корист ама да не си ставате при срце дека ако месецот не сте јаделе ананас на пример и баш затоа не се фатило, дека ендометриумот ви останал тенок итн итн. Со среќа на сите и да си успеете што побрзо
Многу ми е мило што си успеала. Каква парна бања мислиш,онаква најобична со седење како сауна ама што е со пареа,како во секој спа центар?
Не дека толку време се обидувавме, далеку покртк период беше кај нас. Ама и јас првиот пат останав бремена непосредно после парна бања и сауни. А искрена да бидам ич не ги сакам. Ме гушат. Ама мм ме напна да пробам оти он ужива во тој пекол. Па си дремев со него и сестра. Сплет на околности или не, после тоа останав бремена. Со лесно уште еднаш Сеске, како за друшка ми е мило. Затоа и се дрзнав да прашам тогаш. На сите од срце ви посакувам годинава да си држите по едно бебуле, ма и по две.
Ова со саунава одамна го меркам,посебно од ко дознав за мутацијата,препорачливо е за хомозиготите на мтхфр,ама сега обавезно ќе одам
Совет од мое искуство што можам да дадам и од моја блиска околина е дека доколку немате дијагноза или медицинска индикација за препрека при зачнување и едноставно не биднува, заборавете на оваа тема. Едноставно опуштете се малце. Сите овие совети не јади, не пиј, јади ананас се само оптеретување на психа. Кај мене не биднуваше иако се беше ок, имав смртен случај на близок и скроз заборавив на бебе. Непосредно останав бремена и тоа на прв ден добиено. Од психа нема посилно, тоа е факт. Затоа и ми е советот дека е подобро да си праите што ви душа сака ама да подзаборавите на чинот правење дете. Со лесно и со уште многу позитивни тестови кај сите
Здраво,се извинувам што упаѓам вака ама имам едно прашање. Не знаев каде да го поставам. Ако не е за овде,нека го преместат Работиме со либето на бебе. Е сега ми најдоа стафилокока во нос. Треба да пијам амоксиклав 1 недела. Прашањето ми е дали амоксиклавот влијае врз зачнувањето и сл? Треба да не добијам на 24 мај.. На два памета сум дали да ги пијам капсулите..
Треба да пиеш штом ти препишале. Не е убаво да имаш бактерија ако пробуваш за бебе. И јас пиев два пати антибиотик и паузирав од пробување тогаш.
ни вибрамицин не ја уби уреаплазмата. антибиотик веќе никако не смеам да пијам. гинекологот ми рече дека во мн мала бројка ја имам уште, под 10 (што и да значи тоа) ќе морам со природно да пробам. маслото и чајот и диво оригано ми се во план. колку се изнервирав...што отпорна ќе бев на антибиотици. сумамед и вибрамицин, а второво па и десет дена го пиев по 2 пати, се отрув веќе.
Луна доколку можеш пиј чај од магданос. Јак диуретик е плус ги чисти патиштата и организмот. Ама доколку можеш оти прегаден е , бар мене ми беше.
да,знам и за него, еднаш го имам пиено. Ќе пробам и со тоа, фала ти што ме потсети. Ми рече не е страшно во мала бројка е ама па сакам да ја снема,ја мразам не знам дали смета во зачнување... гинекологов ми рече многу честа појава била, секоја трета пациентка и била со уреаплазма. и во бременост ја фаќале некои. од тоа што читав,знам дека ги успорува сперматозоидите со тоа што се лепи на нив и така поспоро се движат, ама дека пречи многу во зачнување нема издржани факти.
Вчера тестот за овулација ми беше позитивен, значи денес овулирам, на ден 14ти од циклус,како нарачано ,како по книга. Исцедок имам како белка од јајце,проѕирен и растеглив, најплодниот, исто како по книга. Ама бебе како по книга не си добивам