Иначе само што добив повик од гинекологот, зборела со микробиологот и таа и рекла дека ми е во толку мал број што се рачуна како нормална микрофлора и дека немам потреба од лекарства. Само вагиналетки да ставам чат пат,acidosalus или lactogyn,за превенција. Дали да славам?
Ќути што ја решивме мистеријата која си . Инаку уште ќе си правев лоши филмови Ајде сега за брзо да си пишуваме и во труднички Тандем невиден ќе бидеме Црната и плавата лепотица со мешиња излезени на крофни
Жени мои ај ве молам за совет- дали да одиме директно на инвитро или да пробаме уште еднаш природно? Како размислувам се потрезно и да кажам со ладна глава се повеќе сум за инвитро. Посигурен чекор ми е некако ама ме страв незнам зошто Веќе незнам што да мислам верувајте ми. Збунета сум премногу.
Мила мене ми кажаа да си ги поднесам документите, не губам ништо, а во меѓувреме ќе пронам уште една инсеминација или природно додека чекам ваучер. Мене нешто цело време ми вика дека не сум за инвитро ама нека се, нека дадат ваучер ќе го поклонам на некој ако биде поинаку. Овој циклус ненормално крварам мислам дека ослабнав, партали месо се ми искочи, како да се преродив. Поднеси мила документи и терај и природно мој совет. И јас ич не сакам ама не е битен патот како ке биде само нека биде се ќе издржиме
Оф бе мила... Мислам дека треба да пробувате природно. Што конкретно ти е посигурно во вештачкото? Оплодувањето и исто како природното само што се случува надвор од тебе. Сигурност во вештачкото немаш башка што ќе треба да пиеш хормони. Лесно остануваш, не знам зошто би одела со вештачко. Пробувај природно. Со лесно
А кај тебе што е проблемот? Вика сопругот кај мене ќе видиш трета среќа овој пат ќе биде. И јас длабоко во себе верувам дека ќе биде ама и ми е страв . Значи неможам да ви опишам колку се плашам. Ми рекоа дека треба да правам инвитро пгд - предимплантациска генетска дијагноза заради можност од нездрав плод со аномалии поради лошиот кариотип кај мене со 45 хромозоми робертсонова транслокација. И тоа ми е најболното останувам лесно бремена ама имам шанси плодот да биде нездрав - Недај Боже и затоа посигурно е инвитрото. И да останам бремена природно ако е се во ред до 9 недела морам пак испитување да направам за аномалии. И еве да речеме не е здрав плодот ќе морам на трета киретажа за жал. И пак ќе бидам без ништо и без бебе и без пари затоа ми е страв.
Не може да се подари ваучер. @Veki4kaa Убаво размислете со сопругот, не е лесна одлуката. Ако одите на природно, може или да биде со аномалии, но може и да е во ред се'. Шансите се 50-50. Ако одите на инвитро, единствена сигурна работа ќе биде со испитувањето дали е без аномалии ембрионот и да вратат ембрион што е добар. Бидејќи остануваш бремена, големи се шансите да имаш успешно инвитро и да си родиш. Иако и кај инвитрото има шанси да не е успешно. Знам дека си исплашена и не знаеш што да правиш. Договорете се со мажето. Специфичен случај сте и не е лесно да се одлучите. Но ако морам да кажам што мислам, јас би отишла на посигурната варијанта да се дојде до здрав плод. Што и да одлучите, со среќа и да биде се' во ред. Едит. Дали беше кај некој од специјалистиве за инвитро?
@Veki4kaa ја знам твојата приказна за транслокацијата. Може си во право, "побезболна" варијанта е инвитро, ако плодот не е добар нема да го вратат, а вака ако останеш а плодот не е добар киретажа по трет пат ми личи многу стресно. Одлучете со мажето. Ви ја праќам целата среќа на светот.
Има цо њу борн таква опција баш имаше објава за родители наследници на цистична фиброза и преку ин витро дпбиле здрав плод.