Има во њуборн и плодност. Е сега дали го прават во самата болница или ги праќаат ембрионите во странство незнам.
Девојчиња , да прашам нешто околу лентите за овулација . Дали тест линијата треба да биде жар црвена исто како и контролната , па да сметаме дека настапува овулација ? Трет ден правам тест веќе и сите три дена ми е бледа ( иста како кај рана бременост ,ја има втората црта ама е бледа ). Инаку ,денес ми е 11-ти ден од циклус . И уште ова . Доволно е еднаш дневно да правам тест ,или и навечер да правам втор пат?
Навечер се прават тестовите, така пишуваше во упатството, така и читав по нетов на странски сајтови. Рано ти е уште, ќе се затемнува линијата. Се снабдував со 10-15 теста и си почнував порано, интересно ми беше, па и по овулацијата продолжував уште некој ден да ги правам, си ја научив овулацијата така. Само мене никогаш жар црвена не ми била втората бидејќи многу течности пијам и многу често во вц одам. Таму пишува барем 3 часа да не се моча претходно, но не издржувам толку.
Мила,можеш ли да ми кажеш какви се тие ленти за овулација,од која фирма и каде ги купуваш?Дали одат на парче или во кутија?
Рано е мислам. Ќе ти стане жар црвена за некој ден. Јас така еднаш до 15ти ден, секој ден така бледа, си викам ова бре не овулирам и на 16ти ден бидна потемна од контролната. Затоа земав од ebay. Си трошам и по 10тина на циклус и навечер правам.
Јас кога правам, првиот ден воопшто немам линија, вториот ден мн бледа и третиот ми е иста ко контролната. Не ми е жар зошто на моите тестови и контролната линија е прилично бледа. Важно е да се иста нијанса. Според мене најсигурно е со мерење на температура секое сабајле, ама за тоа треба посебно топломерче за базална темп. Дента кога ќе ти биде покачена, повисока од сите претходни денови е денот кога овулираш. Само мора секое сабајле во исто време да мериш и буквално кога ќе отвориш очи без да стануваш. Ако не ти е мачно тоа да го правиш
Има во аптеки ама по 3 ленти има во кутија а 300 денари се. Јас од ебеј нарачав за 5$ , 30 ленти. Многу поисплатливо. Има тема тестови за овулација има линкови во неа за да нарачаш
Најисплатлива опција за тестирање овулација ви е микроскопчето. И многу е лесно за користење. http://www.promedika.com.mk/mk-mk/Medicine/Page/760
И на мене @duffi ми нарача од Али. Околу 5 $ мислам беа . 30 теста за овулација и 10 теста за бременост
Тестовите се прават попладне или навечер до 22 часот, сабајле не се толку точни.Тест линијата треба да е поцрвена од контролната линија, тогаш за 24/48ч ке настапи овулација . едит: пред да се направи тестот треба да се намали количината на течност што ја внесуваш. Ако можеш не пиј течности 1 саат пред тестот.
А јас па насабајле ги правам , со утринска мокрача . Фала ти , ќе почнам од утре вечер. Таман, посекако ми е рано уште
@Bubce38 ист интензитет треба да се обоени двете линии. Прави го навечер кон 21ч и не пиј премногу течности тој ден.
И јас порачав од ebay. Само една вечер ми испаднаа исти линиите. Контролната линија не е толку црвена, иако се побледи јас гледав да се иста нијанса. Наредниот ден веќе побледа беше тест линијата.
Мое искуство. Мочав секој ден во 16 часот,од 14 не внесував течност. Кога ќе се изедначат двете линии,или втората ќе биде за нијанса потемна ќе бидете активни. Кај мене имаше позитивен резултат со бебе. Почнав од 8ми ден после циклус имав рана овулација 11ден. Прајќам срејќа и резултат како мојот.
Уф, не можам да се сетам од која фирма беа, пред три години се занимавав со ова и не се сеќавам. Од Зегин или од Еурофарм ги земав. Но ете може и од нет да се порачаат, повеќе се исплаќа. Да се има, да не снемат Добро е, можеше 60+20 да земеш. Така јас ќе направев, као ќе се најдат, нека има