Јас ти го препорачувам д-р Владимир од Њу Борн за преглед и понатамошни насоки Он е приватно меѓутоа во случај да треба нешто за интервенција не форсира за таму...ќе ти препорача каде на државно да правиш.
@Alishan30 каков е тој гел за промивки? Мене само антибиотици ми дават @Veki4kaa каде успеа да најдеш вагинални еритромицин? Јас кога ги барав ми рекоа дека не се произведуваат повеке
А за што го користеше ти за уреаплазма? не сватив оти? ја излечи уреаплазмата? јас ја лечам моментално по нз кој пат веќе и аман ми се вика веќе. Во велес само во жива фарм аптека една ги има мислам дека , јас од таму ги земав, во другите аптеки сегде проверив не ги произведувале веќе. само во жива фарм ги најдов.
Micoplasma i ureaplasma urealitycum бев позитивна минатиот месец. Освен сумамед, вагиналетки Вагилакт и овој гел го користам. Следните брисеви беа негативни. Мене ми помогнаа
Боли душатааа. Многуу.. уште малку една година од првата бременост. Најголема радост и преголема возбуда и се завршии како ништо да не било. Пропадна во вода. Колку бев возбудена и сакав да му направам изненадување и за што ? За џабе... за оваа бременост уште десет да родам цел живот ќе ме боли срцето. Не можам да ви опишам колку бев среќна.
Допрва ти следуваат среќни моменти . Не туку ми кукај . Било поминало, не се наврќај веќе. Тоа бебче не било за вас , ќе дојде и вашата среќичка
Сега како терапија за бактеријата streptococcus agalactiae, го добив овој спреј, во комбинација со антибиотик. На упатсвото пишува дека е за сите вагинални инфекции предизвикани од бактерии и габички. Има ли некој искуства со спрејот ???
од каде го зема и колку? и јас имам стрептокока, на рецепта е? инаку не ми замерувајте- во ПМС сум па затоа сум таква , нервозна сум многу нешто и се ме тера на плачење . ама ќе ми помине силна сум јас
Не оди на рецепта, на приватно е 900 и нешто денари со вагинален апликатор. Само спрејот сигурно е поефтино. Во секоја аптека го има. Е сега дали је биде ефикасен ке видиме. Јас од после вториот спонтан кој го имав крајот на јули минатата година мака мачам со стрептококата, ништо не ми помага, и докторите ми велат дека многу тешко се лечи. Ти кој вид на стрептокока го имаш?
Ее нз да ти кажам само прочитав на резултатите дека има стрептокока и уреаплазма. кај матичната ми се резултатите. зарем има повеќе видоови ? немав досега никаква стрептокока. нз од кај излезе, Дали знаеш како се пренесува? јас се си мислам ја закачив од кај што се депилирав интима кај едно девојче.
Ја има повеке видови. Велат дека ја има во нормалната вагинална флора, но ако се размножи во поголеми количини прави проблеми. Најчесто надтанува од пад на имунитет.
овој раствор е вагинален (спреј) нема друг без апликатор тој е за кожа другиот,945 ден е мислам и само на приватно оди. Братучедка ми после пораѓај имаше бактерија(не ми текнува која ) и даваа антибиотици и ништо. откако и го препорача доктор овој со комбинација сумамед се излечи. Со лесно