Испитав кариотип на ново во систина . Платив точно 6800 ден. Резултатите треба да стасаат понеделник или вторник ми рекоа за седум дена јас испитав понеделникот. И нестрплива сум да ви кажам баш ме интересира што ќе испадне. И ако знам дека ќе биде исто.
Мисли позитивно! Нас терминот ни е наредна недела на државна за кариотип, колку време ги чекаше резултатите таму?
За у државна околу месец дена мислам. Испитав на ново само поради тоа што на мојот резултат имаше еден куп печатни грешки значи многу. Кај сопругот немаше ни една и тоа ми падна малку чудно. И мајками беше упорна да испитам приватно да не верувам во државна . Она ми даде и пари да е жива и здрава @eta да пробаш алое вера гел да пиеш мн бил добар за имунитет. Јас лично за мене пред некој ден бев у град и земав се : - алое вера. - Куркума. -Ампули од екстракт од брусница. -Капсули од диво оригано. -Прополис. И рен. Исто така пијам и лимон секое утро. А чај од оригано веќе го завршив исто и од брусница пиев. Ама овие ампули се подобри поконцентрирани . Вагиналните еритромицин ги завршив сега вагисан ставам. Се надевам ќе имам чисти брисеви
Држам срека што побрзо да ја излечиш и више никогаш да не се врати. Јас веке дигам раце од неа, затоа што верувај веке се пробов. И сите овие работи и уште многу други, здраво се хранам и максимум внимавам на хигијена. Изгледа кај мене ја има во голема количина и подолго време. Ке пробам уште ова што ми препорача др. Агнеса - октанисеп спреј, заедно со Амоксиклав антибиотик и толку, ке се помирам дека мора со неа да се живее. Создавала, не создавала проблеми тоа е.
@eta оф ллеееле дај боже да се излечи. сега и ја се исплашив да ти кажам , толку ли е гадна за лечење. ја немав досега ич стрептокока само уреаплазма,стварно незнам како ја закачив. па и уреаплазмата и таа не се лечи. зошто бре мора толку тешко да биде, . толку голема желба да биде и секој следен чекор спрепка мора да испадне нешто, некоја пречка
Не се вознемирувај душо, штом прв пат ти ја откриваат лесно ке ја излечиш. Не гледај ме мене, јас ја имам со години веке.
Девојки здраво со сопругов имаме ентерокока еве веќе два пати на брисот се појавува е сега имам само кафеав темен исцедок од неа можи да е ? Бев кај матичната ама не е тука ви се случило наместо менструација само кафеаво да имате?
дијагнозата од спермограмот ни е тератозооспермија. 68% подвижни ама морфолофијата е лоша само 3% нормални има а треба да има над 5% барем. Ни рекоа дека не е страшно,дека суплементи ќе помогнат. Има некој искуство со ваква дијагноза,некој што природно зачнале со истата?
Со истата дијагноза ние не успеавме природно драга. Ама затоа имаме прво успешно ИВФ. Не ми е намерата да те обесхрабрам, баш напротив. Ви посакувам природно да стигнете до бременост.
никаква терапија не помогна?колку време се обидувавте? ние само 5 месеци пробуваме,денес ми рекоа дека тоа е премалце за било какво дејство да се превземе...не знам што да правам.
Zdravo na site. Denes pocnav so prva doza klomifen. Doktorot mi rece da go pocnam na 3 den od ciklus 2x1 tabletki vo narednite 5 dena. Voobicaeno ciklusot mi trae 5 do 6 dena, no denes posle prvite dve tabletki ciklusot mi prekina. Dali e normalno ili ne? Kakvo iskustvo imate?
Работата е што терапија не примаше. Никој ништо не ни препиша. Во систина ги правевме инсеминациите, Адамоска во ниту еден момент не рече ова земи пиј! Кога дојдовме до ивф, Петановски ни рече месец дена пред ивф не се третира тератозооспермија. Нема да има промена во материјалот. И така маж ми си помина без терапија Пробајте со терапија и бидете упорни, ќе успеете. Сепак, пет месеци не се воопшто за загриженост. Остави природата да си го направи своето.
мислам дека може да прекине , кај мене траеше 8 дена , ама индивидуално е тоа плус викаш ти трае 5 ,6 дена , ти си ги почнала на трети ден ги пиеш 2 дена и ти завршува на 5 ти ден , не гледам нешто поинаку од тоа што кажуваш дека ти се случува во претходните циклуси.... само опуштено
Душо ќе успеете верувам! Само еден сперматозоид колку што знам е потребен за среќа! Ете ќе пие терапија и ќе се подобри! Ви посакувам се најдобро!
@LunaGrey кај нас беше астено-терато дијагнозата,а сега е само Астено.Исто беше 3% па на 5% се промени после терапија препишана од уролог.М.м пиеше Пентоксицилин таблети,овие се доста јаки,за циркулација се,ги даваат на оперирани од срце. Е сега,Професорот во клиниката за неплодност кога ги виде двата спермограма беше убеден дека 3% и 5% се разлика која се должи на различните лаборатории. Исто беше дециден дека Терато односно формата тешко се поправа. Истово го читав во сите статии и извадоци од клинички истражувања кои ги најдов на нет. Не сакам да те обесхрабрувам,не да не ме сватиш грешно.Имате проблем ама не е страшен.Среќна околност е подвижноста,супер е кај вас.Ако не ти се чека за бебе,ја би одма инсеминација.Постапката трае 1 мин буквално,со претходно обработена сперма ке останат само добрите сперматозоиди и ке имаш големи шанси. И без грижи,сега кога го знаете проблемот,ке се најде решение
Докторката рече не е страшно, вкупната бројка во 3 милилитри беше 75 милиони со 68% подвижност, брзи и бавно прогресивни и 3% морфолошки нормални. Ме праша мене дали имам правено хсг, и реков сеуште не, ради уреаплазмата. Ме праша колку ми е,и кажав дека ми е под 10 и она на тоа ми одговори "Можеш да правиш со таа бројка, толку имаме сите во организмот. Не можеш да правиш со милион". Така да ,мислам дека тоа ми е следен чекор. Нареден циклус ќе направам нови брисеви и ќе си закажам хсг. Ќе почекам барем уште 4,5 месеца па ќе правам инсеминација ако не се случи ништо. Разочарана сум ептен ама тоа е. Ќе се потрудам да бидам позитивна и да се не оптеретувам.
Здраво , Не знаев каде да го пишам постов па за тука се решив. Имам тестови за овулација + тестови за бременост , сум нарачувала без осет Би сакала да ги подарам на некого ако има потреба. Мене ми се посреќи
Честитки и со лесно јас ги имам тестчињата ама ме интересират,тие за бременост дали се со голема осетливост или сепак требит да чекаш да ти задоцнит? какво е твоето искуство?