Добар ден девојки.Ви посакувам убав ден прво Да се јавам на рапорт нешто се дешава и кај мене после тишината.Ми беа дијагностицирани 80 % ПЦОС пред 2месеци.После два месеци со терапија сиофор и 5 дена дабросто н конечно добив нормален циклус. Испитав хормони се беше супер (немав никогаш испитано хормони).Од 3 ден на циклус почнав 5 дена кломифен,естрофем од 7 ден на циклус ,естрофем само неколку дена до овулација.Бев на преглед вчера има фоликули рече супер размрдани на 8 ден ендометриум 6мм а фолукули со големина 12 мм и 13 мм,утре пак на контрола и така.Мислам дека почнав да мислам позитивно повторно.
лелеле иста сум како тебе нема шанси да закасни... 2 години и нешто како пробуваме еден тест немам искористено, дури и апликациите знаат да ми утнат ама си е точна ко швајцарски
Здраво на сите нова сум на форумов па да ве поздраван и јас сакам да видам две цртички се трудиме веќе 11 месеци последен пат добив на 1 ви јуни на 9 ти заминавме на одмор и таму работевме на случајот бебе баш ми се погодија плодни денови искрено се надевам на 2 цртички сега сеуште немам направено тест незнам дали е рано или не имам некиј симптоми како пред добивање
И јас да се јавам на рапорт... Сабаеле мерев базална температура 36.3 Се разочарав малку.. Очекував повисока,а денес ми е овулација, незнам дали ќе расте 5 дена треба да мерам. Матичната ми рече ако расте може да дојде до бременост, а ако не расте да одам на контрола да видиме дали да направам хсг. Инаку повремено имам грчеви во долниот дел на стомакот и некои тапи менструални болки, уморна сум и имам главоболка. Не дека си барам симптоми толку рано ама да ви се пожалам дека се ме боли И тоа е на психичка база
Колку ти беше температурата претходните денови? Температурата пред да настапи овулација е ниска, расте после овулацијата, не се разочарувај. Три дена повисока температура од претходните, ја потврдува овулацијата, ама треба да се мери од почеток на циклусот, или барем неколку дена пред овулација. Ако денес имаш овулација, симптомите веројатно се од тоа, затоа што тек сега би можело да дојде до оплодување симптоми на бременост може да имаш после имплантацијата.
Здраво женски сакам да прашам дали некој од вас ги има користено тианде влошките и чаевите за забременување и искуство
Ендометриум 8мм ,три фоликули кои се издвојуваат а има и други.Трите се со големини 14.5мм,15мм и 16мм најверојатно викендов ќе имам овулација.
супер ти се. мене на 9ти ми беше ендо 9мм а водечкиот 15мм. мислам дека нема да ти теба кломифен според ова, само нека продолжат да растат бар до 18мм среќно!
Испив една доза кломифен пред 7 дена, само не ми рече ништо незнам дали ќе мора да ме боцка.Фала ти многу
па ако не ти пукне до 14ти ден веројатно ќе те боцне. почни да ја бараш со време, некогаш ја нема на залиха таа инекција и потешко се наоѓа