Девојки јас се враќам во оваа тема после 5 месеци чекање и психичка борба. Имав спонтан па правев куп испитувања се си е во ред никој не знае зошто се случи ама ете помина. Сум имала ниска матка и малку пореметен циклус после киретажата па два месеци бев на хормонска терапија денес ми е последното апче и чекам да добијам и зелено светло конечно од лекар. Па ќе ве дружам тука со симптоми грижи и стравови. Знам дека сум силна само хормониве ме шизнаа малку што се вика на финиш откажувам немам нерви ни да гледам ни да слушам па реков да пишам тука и споделам. Да ми олесни.
не можеш така треба да мериш барем еден цел циклус за да си ја разбереш температурата. тогаш ќе почнеш да гледаш која ти е стандардна базална. и не заборавај штом отвориш очи мериш темп, без да мрдаш многу. и секој ден во исто време.
Знам дека треба барем еден цел циклус ама матичната дури сега ми кажа. Инаку температурата варира од 36.6 -36.8 -36.7 ... оди нагоре надолу, дали и на некоја од вас варираше така или треба само да се качува?
варира. се качува само дента пред да овулираш и дента кога овулираш. и се качува дента после имплантација,ако се имплантирало јајце и ако дошло до бременост. имплантацијата е најчесто 8,9,10ти ден после овулација, ако тие денови и деновите после нив немаш пораст, не настанала имплантација. накачувањето треба да е поголемо,пример ако ти се качи 37 и повеќе ,е добар знак.
девојки по колку дена ви трае менструацијата? јас никогаш не сум имала обилна менструација, нормална ми била ама ми траела обично 5 дена од кои 4 нормално крварење а 5тиот ден многу малку. Последниве 2 години ми се скрати. Ми трае 3 дена, 4тиот ми престанува. Последнава менструација имав првиот ден многу малку, неколку точки и после само 2 дена нормално крварење. Има ли некакво значење ова? Ја прашав гинекологот и кажав дека само по 3 дена ми трае менструацијата ама она не ми даде сериозен одговор, ми рече еее па ти се жалиш,зарем сакаш долга менстрација. Страв ми е да не е знак дека порано ќе влезам во менопауза.
Мислам дека нормална менструација трае од 3 до 7 дена. Мене ми трае 5 дена, со тоа што 5от ден само неколку точки, а последниве 2-3 месеци и на првиот ден имам само неколку точки, вториот и третиот ден секогаш ми тече нормално... Ако стравуваш од рано влегување во менопауза, сподели го стравот со гинеколгот, поразговарајте на таа тема.
И јас имам сличен проблем (имам пишувано по темиве за тоа). Последниве 3, 4 години мене ми е така. Првиот ден имам нормално, и после другите 3 само како кафен исцедок, нешто без врска. И кажав на матичната дека стравувам да не влегувам во некоја рана менопауза, таа според резултатите од хормоните ми рече нема шанси и дека имам фоликули. Дури и во Плодност еднач кога бев на обичен прегледм му кажав на докторот, тој се насмеа и рече нема врска тоа. Така да и јас не знам што се случува. А немам никакви симптоми за менопауза....Е сега, бидејќи се обидуваме за бебе, во апррил не ми дојде и јас до последно мислев дека можеби сум бремена. Испадна дека не сум, па во мај ми дојде. Сега треба утре да ми дојди (а пред 2 дена капка кафенко имав) и овие 2 дена ништо. Ако и овој пат не ми дојди, а не сум бремена, ќе морам да превземам нешто, да правам некои дополнителни прегледи...
Мислам дека е нормално да се менува не сме секогаш изложени на исти влијанија па секогаш да е иста. Јас доста време имав траење од 5 дена од кои првите 3 доста обилно. Последните 2 години ми се скрати на 4 од кои само 2рата беше преобилна
И мене ми се скрати последниве години. Порано имав по 7дена со должина 31-36 дена циклус. Потоа ми се поремети имав 5 дена со должина 36-50дена. Сега ми е стабилизирана, прв ден неколку капки вечерта нормално крварење, 3ден се намалува на се помалку и 4ден неколку капки кафеаво и толку. Со должина на циклус 30-32дена
Здраво девојки, да се придружам и јас на темава. Веќе речиси две години се обидуваме за бебче. Кломифен, добростон, следење фоликули итн се поминавме. Остана уште ХСГ. Најверојатно ќе го правам во Плодност Битола. Некој искуство?
Може да варира, но битно е да се гледаат две фази на графата: пониска пред овулација и повисока после овулацијата. Температурата не расте пред овулацијата, дури може и да падне пред тоа, расте после овулација, заради хормонот прогестерон. Не мора да порасне пак по имплантацијата, (ако порасне графикот станува трифазен, т.е доаѓа до трет пораст на температурата, иако јас сум имала и ваков пораст, а не сум била бремена, значи и тоа не значи ништо), ако има бременост, битно е да не падне. Ако остане повишена 18 дена, речиси сигурно станува збор за бременост. Инсталирај ја Fertility friend апликацијата, јас мерам температура десетина години и најдобра е од сите што ги имам пробано. Внесуваш температура и други симптоми, сама ќе ти пресмета сé. Освен тоа, подробно ги има објаснето сите прашања што те интересираат за базалната температура, мерењето, пресметки итн. Има и многу графици од корисниците на апликацијата, па може да си ги студираш, споредуваш и слично.
Девојки денес бев на второ мислење кај проф. на клиника во Милано, сакав да ги види и тој резултатите од генските испитувања и да ми предложи некое решение за спонтаните. Ме гледаше на ехо и ми рече дека имам септум, ми сврте да видам и јас, не дека којзнае колку се разбирам ама забележливо беше. Ми имаат речено и др. доктори оти имам чудна форма на матката, едно време се сомневаа и на дворога ама ништо од тоа а за септум никој ништо. Рече теоретски не би требало да биде причина за абортус зашто е само 5 мм, а се' што било под 10 не било ризично но, сепак ми предложи да направам хистероскопија да се види внатрешноста на матката и да се отстрани овој иако мал септум. Е сега, како е можно со ваква матка да имам истерано една бременост (иако до 35 недела) сепак успеав да родам дете? Што совет би ми дале вие?
Од тоа што читав јас не е можно да настанал после бременост, тоа е малформација која настанува уште кога се формира матката кај некои жени т.е уште како фетус Може тресам зелени, ама така разбрав. За хсг не разговаравме. Јас останувам бремена без проблем само што крварење добивам уште денот кога го правам тестот. А со хистероскопија ќе може ли да се види дали се запушени каналите и да се интервенира или да не ја исклучувам можноста за правење хсг? Не сум паметна веќе. Се надевам нема да ме боли глава од цената. Денес за преглед платив 130€ За хистеро рече демек преку фонд кај него во болница, тој е одговорен на одделение и ќе платам како со упот
Со хсг ќе се види дали има септум и дали се проодни каналите. Ако има, ќе се прави хистероскопија. Ако те интересираат и каналите, а имаш септум тогаш може да ти направат хистеро со лапароскопија. Без претходно хсг последново, нема потреба. Секако хистероскопија и лапароскопија се попрецизни од хсг
Девојкии Фоликулите пукнати вчера,ендометриум 13мм. Добар е ендометриумот? Сега да имаме односи само утре задутре.