Добар е добар, галете се на жешково со мажето Јас сакам да правам тест ама рано ми е Време не мине еј.
И градите и грчеви некој имам слаби а тоа што секој мирис го осеќам трипати појако а мм не го ни осеќа... ајде ке издржиме се само да има две линиии❤
дечки во оној стандарден пакет микробиолошки брисеви освен кламидија , микроплазма и кандида , кои други спаѓаат? хпв се гледа на тие? или хпв на папот беше?
сум заборавила ,пап правев во февруари,уреден ми беше, ми рекоа дека е супер, веројатно тогаш немам нели? денес правам контролен за уреаплазма, држете среќа па нареден месец ќе направам пак комплет микробиолошки. во февруари правев и тоа,освен уреаплазмата,другите ми беа негативни,ама пак да си проверам. а стрептококата каде се гледа? за тоа плус брис треба да побарам?
Ајде чисто да биде! Ако немало на ПАП-от, значи немаш ХПВ. Врска немам за Стрептококава, можеби со брисевите и тоа се проверува. Немам искуство засега со бактерииве (да чукнам во дрво пу пу) и не знам Но и мене ме интересира како информација. Нека пише некоја што знае.
Не е исто. Две различни работи се. Јас имам пиено мацина трева или очајница. Има исклучително горк вкус, ама се трпи. Мотивот е посилен Има и насоки како да се пие, во кој период од циклусот, ама не се сеќавам точно како беше.
Срептококата се гледа на брис од вагина и брис од цервикс. И тоа спагја во микробиолошки брисеви, нели вкупно 4 се.
Јас купив корен од мака, за регулирање циклус сакам да го пробам, го има ли пиено некој,и дали има ефект? Денес ми е 5ти ден од циклус, да почнам ли да го пијам?
Првото е чај, а второто е прав. Маката ја има и како капсули и како прав. Ефектот и' се зголемува ако се консумира правта со какао.