Јас корен не сум пиела, пиев едно време капсули мака. Мислам дека не треба да се водиш по циклус со маката, нека коригират тие што повеќе знаат.
А за што има добар ефект маката? Јас побарав нешто за циклус пошто ми дое на 35дена а јас сакам на 28,30 да ми иде, ке се среди ли од овоа или врска нема тоа со воа -.- иначе хормоните во април ги испитував супер ми беа
За хормонски баланс ја пијат маката. Јас кога ја консумирав, не ми го помести циклусот, ниту ми го скрати ниту ми го продолжи.
Девојки два месеца пиев примолут нор и конечно завршив и добив, но мензисот ми траеше само 3 дена сега. Обично е 4дена а 5и 6 се чистев најмалку. Од апчињата ли ми е или жешково?
Na hcg se gleda dali imas nekoja pregrada na matkata i ke ti kazat dali e problemot za zabremenuvajne ako te interesira uste nesto prasaj jas pominav sega niz toa praev laparoskopija i histeroskopija
Девојки, Негативен ми е брисот за уреаплазма, и негативен е наодот на маж, ја нема ни кај пливачите Конечно после 6 месеца и три терапии. Да почастам
Девојки, вчера седев под појака клима и вечерта почна да ми се оди во тоалет почесто и синоќа се разбудив со болка во абдоменот и чувство дека ми се уринира а кога отидов во тоалет едвај капка и болки. Познато ми е што ми е, сум ја настинала бешиката, ми се има случено неколку пати изминативе години. Порано цитерал ми давале ама сега не сакам да пијам антибиотик од причина што сега пред две недели го завршив. Кажете нешто природно освен сок од брусница и увин,што помага? Уште ова ми фалеше
Вакви побарај во аптека, ми помогнаа минатиот пат... ама пиев и увин/брусница и антибиотици, па не знам колку баш тие помогнаа. Ми рекоа во аптека дека биле многу ефикасни, па тогаш бев спремна се' да пробам. Околу 80 денари ќесичка доаѓаше, ги делат по една.
сега бев во зегин ми дадоа некои ампули со билки и брусница ,мн помагале. ќе го земам и ова. трауми имам од оваа болка,еднаш завршив во болница ради воспаление
Направи утре уринокултура, да не оставиш да дојде пак до тоа. Е сега ако треба антибиотик, подобро така отколку преку инфузии во болница.
ќе направам уште денес. читав дека повеќето палин пијат, јас само цитерал имам пиено. тие палин уште се произведуваат?
Ќе ти пишев порака да не ги замарам другите членки, ама си исклучила опција. Spoiler Досега не сум пиела палин... најчесто цитерал и еднаш Флексид зашто не ми помина целосно од инфузии со Цитерал. Е тие Флексид беа страшни за мојот кутар желудник. Што ќе ти каже доктор тоа... кај мене обично со Цитерал одат.
Денес направив тест и негативен. Се разочарав, и кога ги читам коментарите овде почнувам по малку и да се плашам. Почнавме од 20ти минатиот месец да пробуваме, тогаш таа недела и требаше да ми дојде(ми прескокна,ама имам нередовна менструација). Баш овој период ми е исполнет со нервози секојдневно, па дали може и тоа да делува? Кога бев на преглед резултатите испаднаа добри, пап, брис и ехо. Знам дека брзам може и прерано го направив тестот па и не со првата урина, ама пуста желба за мајка
Ако само ти е настината бешиката можеш да поминеш со палин, пошто тоа не е класичен антибиотик, повеќе како имуностимулатор е, така ми објаснија мене. Ако е бактерија тогаш антибиотик мораш. Цитерал послаб, палин појак.
Златна нема зошто да се плашиш секој организам е различен, само што сте почнале да се обидувате имај трпение и опушти се уживај со маж ти, поради нередовна менструација сигурно Незнаеш ни кога ти се плодни денови така да уживајте што почесто за поголеми шанси.. поздравче и без нервози
Женски, на спермограм покажа дека има аглутинација и 60% беа патолошки сперматозоиди (со дефеткти), а 40 % беа нормални. Спермокултурата покажа дека не се изолирани патогени бактерии. Понеделник сме на уролог, но од искуства, што да провериме следно:?
ти пишав во другата тема. прашајте го урологот кои бактерии не се исптитани на спермокултурата и испитајте ги и тие.