Пред една недела ставав ацидосалус за микрофлора, 1000ка се опрчив и ете И пробиотик пијам... Не јадам благо ич, леб дали два пати неделно , а овошје секој ден Ќе пијам лимон на сабајле обавезно. Фала ти
Женски, ај малку хелп околу мерењето на базална температура. Плодни денови ми започнуваат на 8 јули, а овулација на 13 јули. Кога и како да мерам?
Ма какво давање? Додека не се испратиме од темава, нема шанси @lavinija28 Секое утро во приближно исто време пред станување од кревет. Не се мери ден-два пред овулација. Почни си со почнувањето на циклусот, ќе забележиш дека ти е пониска до овулацијата. Ве молам пишувајте со кирилица.
Ќе мериш наутро веднаш штом отвориш очи, не станувај од кревет. Во кревет ќе измериш во анусот. Почни од утре сабаеле и пишувај си на лист. Барем два цели циклуси Мене матичната ми кажа се што правам да правам навечер, вежбање,туширање итн.
Јас бидејки редовно си имам проблеми со бактерии, сакам да прашам само вагинални гелови за миење користите ли ? Како лактогин, вагисан и сл. Прашувам, бидејки не знам дали да користам а и мислењата на докторите се поделени кога станува збор за тоа дали да се употребуваат или не .
Не користам гелови за миење, не ми одговараат, а и гинекологот мој не препорачува. Си ставам вагиналети ацидосалус кои се на природна база со масла. Ми има кажано да си ставам по неколку месечно за баланс. Исто и пробиотик капсули пијам. Лактогин имаат и орални пробиотици, можеш тие да ги пиеш.
јас овој почнав да го користам од пред месец дена по препорака од гинекологот и сум задоволна , првпат користам вакви гелови и добро ми влијае , предходно често си имав мака со иритации и кандида
Се мери и во уста под јазик, сум мерела и под пазуви, никогаш во анус не сум мерела. Отвораш очи, дофаќаш топлометар, ставаш под јазик, држиш и дремеш минутка додека титне (ако е дигитален).
Здраво, пред 2 месеци имав миссед аб, направив хормони супер, д-димери кои се во ред, имам само цитомегало вирус и токсоплазмоза ама неактивни биле други инфекции немам...докторката ми даде да пијам само фолна киселина мене и мм.... денеска ги добивме и рез. од спермограм и спермокултура.. mm ima enteroccocus faecalis и му рекоа да пие антибиотици... сакав да ве прашам дали некој од вас имаше ваков случај.. незнам дали ова се случи поради ентерококусот бидејки од почеток бебето не се развиваше и бета хцг-то не растеше како треба...... мнооггуу сум загриженааааааааа ќе полуудааммммммм
Мм имаше и таа му предизвика тератозооспермија. Можно е и абортусот да бил од неквалитетен сперматозоид. По пиењето на атб имаше подобрување во спермограмот, истиот месец останав бремена и ќерка ми е две и пол години. Не се секирај и земајте терапија.
Утре треба да Не добијам..Во сабота вечерта на бришење имав малку бледо кафеаво со розово, а на дневната влошка ништо.. Сега за сега осеќам само умор.3 саати како сум будна и ќе заспијам на стол не можам да се освестам.. Инаку само што се разбудив бев до тоалет и ми потече малку крв од нос. Градите ме болеа до вчера неможев да си ги допрам ни да спијам како што треба. На моменти имам некои слаби менструални болки. Затишје пред бура Само ќе видиме дали ќе е бура од среќа или од плачка
Женски, вака. Мм беше на уролог со резултатите од спермограм и спермокултура. Докторов му ги дал следниве апчиња и витамини- Трибестан (му кажал и јас да пијам од нив), Витамин Е-400 од Синерџи (и јас да пијам) , Цинк од 70 мг и Сексовит форте. Колку што гледам за бактерија не му дал ништо послебно, му рекол ок е, не е страшно и ако за 3 месеци не забременам, после ќе видиме што ќе правиме. Јас моментални ијам Фемибион 1 во кој има веќе витамин Е 13 мг и сега не знам дли и витаминот Е 400 да го земам. Сте земале вие или вашите сопрузи нешто од ова? Плус, дијагнозава му ја одредил-Олигоспермиа
Мм пие Трибестан,Витамин Е,Ц,Д ,Селен и Цинк,нас спермограмот ни е добар со аглутинација не толку страшна и од време навреме слабо подвижни. Мислам и вие имавте аглутинација,најдобар спермограм прават на Хистологија Скопје,имаш параметри за спермата за после 30,60 и 120 минути.
Искрено не знам колку е паметно да пиеш трибестан. Ако хормоните ти се ок ,не би чепкала ништо што би влјаело на нив,а трибестанот влијае на хипофизата. Фембинот ти е доволен како суплемент, ништо друго не ти треба ако ти се сите резултати добри.Можеш да пиеш поголема количина на витамин Е, земи си и коензим ку10 тоа е добро.