@LunaGrey тенок ти бил ендометриумот,затоа е така оскудна,плус пиеше антибиотици доста во изминатиов период. Имав ист ваков циклус и јас,лани мислам беше,првпат да ми касни толку до 32 ден,обично 28ми ден најкасно добивам.Тогаш се уфилмав скроз,кога очекуваш,4 дена се премногу,и на крај негативен тест-ладен туш.Одтогаш си ветив дека нема шанси да правам тест,кога ке ми потврдат на лекар висока бета,ке си направам еден од ќеиф,иначе no way. Ти земи повтори тест,да не е касна имплантација во прашање Земи од сега јади по две-три бразилски оревчиња секој ден,богати се со селен и се одлични за дебел ендометриум.
може да бил тенок месецов,нешто ми се пореметило месецов тоа сигурно. иначе секогаш ми е супер,неколку пати го имам мерено, по 9,10мм ми е во плодни. тест никако не правам веќе,доста беше еден
И утрогестанот и дабростонот имаат иста функција - прогестеронска подршка .Начинот на земање е различен .Утрогестанот се користи и како вагиналети и се пие перорално (мада јас само еднаш пробав да ги пијам дека ми се големи) а дабростонот си се пие. И да , добро е да се земаат како превентива не мора да се чека да дојде до крварење па тогаш да се земаат . Од нив секако штета нема.
Девојки каде можам да си ги побарам резултатите од пап а да не е од матичниот. Каде ги праќаат на испитување државно?
Микробиологија или Институт за јавно здравје. Ама како сама ќе ги побараш таму,нели они ги праќаат кај матичниот?
Те читам уназад, не сакав да пишам пред тоа, чекав да видам дали ќе добиеш или пак ќе не израдуваш со убави вести, нејсе, истото што ти се случува, ми се случуваше и мене пред 2 години - значи: - редовен циклус 26-27 ден, а ми касни 5 дена - на 4иот и 5тиот ден од каснењето правени тестови позитивни со бледа цртка - на 6тиот ден силни болки во половините и стомакот - демек добив, 3 дена мааалку пообилен кафеав исцедок а потоа 2-3 недели само по 1 точка после мокрење, воедно отидов на лекар рече најверојатно биохемиска и ми рекоа дојди по 1 недела, по 1 недела се беше во ред, исцедокот бил демек од стрес - а баш немав и ден денес немам стресови, си живеам прилично лагано... Сакав да речам дека огромен број жени имаат биохемиски бремености но не сесвесни за тоа, бидејќи ќе им доцни малце и не се потресуваат да прават тестови. Може твоите негативни излегле после биохемиската... Нема да ти биде лошо да побараш мислење од лекар, се надев ам дека сум грешка, но твојот случај ме потсети на мојот. Позз и секое добро, да не израдуваш што побрзо ❤️
Женски, мене ми дојде (а пробувавме ама овој пат не успеавме за време на плодните денови туку скоро една недела пред менструација и многу непосредно пред менструацијата ). Е сега, можно е да треба да правам ртг снимка на половинава (треба да проверам нешто за една повреда) па сакам да ја искористам можноста што не сум бремена. Само ми е некако шубе од тоа што ќе се снимам, а после оваа менструација одма ќе продолжам со повторни напори за забременување. Знам дека тоа ртг зраците брзо изчеснуваат после снимањето....а исто правев и панорамска ртг снимка за заби околу февруари месец...Се надевам нема да има некој несакан ефект, што мислите вие?
https://nmd.mk/ginekologot-mi-otkri-tsisti-i-miomi-za-4-dena-ischeznaa-go-piev-ovoj-napitok/ Ми излезе сега на фб, незнам дали има ефект, ама доколку некој бара чаре од цисти нека проба. Инаку како сте ми? Ич не сте активни овде.. Има некој што чека || овие денови?
Здравофеминки ве читам веќе подолговреме па да го споделам и мојот проблем со вас паако може да споделите некој совет,предлог,искуство ...во брак сум 3 години и никако да останам бремена имам правено лапороскопија десниот јајник е непрооден, пцо синдром и имам 23 год. мм 24 и со него е се во ред позз ☺☺
Здраво Други испитувања имаш правено или ? Кај мт и спермограм и спермокултура имате направено ? Најубаво да си се обратите кај струлно лице во полето на неплодноста . До сега имаш одено кај некого или само кај матичниот гинеколог ? Многу жени остснуваат бремени со пцо и со само еден јајцевод прооден
сите испитувања ги имаме направено одам кај матичниот и кај двајца други стручни заплодост не сум во мк во германија сум имамдва обиди со инекци за стимулација наовулација ама ништо...
Ако си ги направила сите испитувања и тврдат дека е се ок ,не ми е верно дека без никаков проблем не можете да зачнете до сега , нешто мора да има .. Моја другарка исто имаше проблем со неплодност а живее во Англија . Таму ја третираа најнормално и не можеше со години да зачне . Па кога се свести дека таму ништо нема да направи идеше овде во Мк и во Плодност со помош на ивф остана бремена , кај неа се испистави дека пола од работите што го испита овде ги немала испитано во Англија .Сепак после 3 години ти даваат само тригер за овулација ..со фоликулометрии само ти дадоа два пати тригер ?Јас не можев да зачнам само неколку месеца , веднаш појдов на испитувања и за веднаш ми го најдоа чарето еве терам 11та недела со бебо
Тука ми кажаа дека треба повеќе време со еден прооден и со стимулаци може колку сакам или да почнеме со инв ама затоа што немаме по 25 год. Сумата е малку по голема во септември си доаѓам за Мк па незнам во која болница да одам ти каде ми препорачуваш ти благодарам мн за мислењата
Тоа што си млада само ќе оди во твој прилог, овде верувам за краток период ќе дојдете до посакуваниот успех . Јас лично многу им верувам на нашиве доктори . Другарката која ја спомнав во претходниот пост имаше успешна приказна во Плодност Битола таму лично искуство немам . Ама за тоа најтопло би ти го препорачала Владимир Трајковски од ЊуБорн , јас сум негова презадоволна пациентка . Едно иуи направив кај него и плодчето од успехот расте во мама Можеби ќе немате потреба од ивф ,можеби ќе можете да пробате со иуи .,
Девојки да ве прашам можеби не соодветна тема,менструацијата ми доаѓаше на 25 дена но сега почна да ми доаѓа на 23 дена дали е нормално како ми се намалува ќе почнам ми се чини секоја недела да добивам, останав бремена имав спонтан веќе 10 месеци поминја,ги направив сите испитувања сега минатиот месец и хормони испитав беа воред.
Јас сум на слична мака мене ми се намали мензисот од 5 дена траење на одвај 3 дена ми е. Поминаа 6 месеци од спонтаниот. Ми рекоа уште пап и да почнам ама го направив државно и сега уште тоа еден месец чекање. Ми се смачи од чекање. Другото као све е ок само уште јас да не се мрднам во меѓувреме. Не ми е да останам бремена уште утре само сакам да се помрднам од мртва точка. Незнам како вие издржувате што сте на пауза а планирате семејство. Како да си го трошам времето се чуствувам.
Јас после спонтаниот чекав 3-4 месеци и после кога ми рекоа може да се проба,пробавме и поминаа уште 4 додека да бидне,веројатно му треба на телото време додека се врати во нормала. А циклусите ми се менуваа де порано ке дојде де покасно,а пред тоа до саат точно ми доаѓаа. Секако му треба време и на телото иако кажат докторите пробај одма после 3 месеци, најбитно е дека ако си останала еднаш ке биде пак, само релаксирано и без нервози. Ти посакувам да фати од прва