На тебе нека ти е со лесно,да биде живо и здраво ..како оди процедурата пд прилика колку време ке ми треба за инв и дали за прв пат за разговор треба да имам закажано термин
Фала ти, поскоро кај тебе Секако мора да имаш закажано за консултација . Како што ти кажав можеби нема да имаш потреба од инвитро можеби ќе можете како и јас да поминете со инсеминација,која како процедура е далеку поедноставна и нај неинванзивна . Можеби нешто сосема трето ќе одлучи докторот..Сето тоа ќе го знаеш дури по консултацијата кој чекор ќе го превземете . Чисто информативно ако те интересирира може да ти објасни како оди процедурата за ивф некоја од членките што има искуство и колку временски ќе ти треба период од старт до трансфер Со среќа
Тука прашав и за иуи и ми кажаа дека со еден прооден канал не препорачуват иуи ..ама сепак ке се и консултирам кај нас ..ти благодарам од се ❤ ти посакувам се најј.. позз
Јас сум со еден прооден канал па за ваучер морав да правам 2 иуи. Со среќа што и да одлучиш да правиш
За на приватно не ти треба иуи ако ифв го правиш во Мк. Ќе се договориш со докторот дали ке правите долг или краток протокол и започнува процедурата
Девојки, да ве прашам сите вие кои поднесувате за ваучер, сте правеле инсеминации или ин витро ( бидејќи стварно не знам како оди сето тоа). Како се одлучивте на тој чекор, кои претходно се' испитувања правевте за да заклучите дека природно не бива и после колкав период на обиди, кој ве упати? Огромно благодарам.......
По правило 4 иуи бараат. Е сега, ако пример сте со тежок машки фактор, или жената е со отстранети јајцеводи може и без ниедна да одобрат. Јас земав три ваучери со само една иуи. Ама имав историја на ектопични бремености, спаѓаме во групата на крајно возрасни потенцијални родители и ни одобрија со само една иуи. Едит: Сега видов дека членката е со еден прооден канал. Би требало со две иуи да и одобрат. Како на тебе во случајот
Devojki sakam da ve prasam dali nekoja od vas se soocuva so pokacen hormon prolaktin i bas toa da e pricinata sto ne moze da zabremeni? Od dozvoleni maksimum 35, kaj mene e 69. Megutoa lekarot kaza deka postoi i ovulacija i deka se e normalno. Site ostanati hormoni se vo normala. Nemam nikakov sekret od gradite, ciklusot mi e mnogu redoven. Doktorot ne mi dade nikakva terapija, ke moram prvo na magnetna na hipofiza. 2 meseci se obiduvame za bebence, mislam deka ova e pricinata. Dali nekoja od vas zabremenila so pokacen prolaktin ili ima slicno iskustvo?
Јас сум со покачен пролактин 120 ми беше, не дозволи ендокринологот да се снима хипофиза. На бромергон таблети сум веќе 2 години редовно. Со нив успеав до 5 да го намалам. На своја рака ми здосадија таблетите и 1 недела ги прекинав, повторно околу 60 се покачи. И повторно редовно почнав да ги пијам. Сега е во ред, ми кажаа и во бременост дека ќе примам бромергон, нонстоп. Освен главоболки и заматен вид ништо друго од симптоми немав. Познавам пријателки кои не ни знаеле, бремени биле и дечиња имаат, а сега дури почнаа со терапија.
Moже да е тоа причината, но сепак 2 месеци се малку за да се загрижуваш. Висок пролактин спречува правилна овулација. Може да било инцидентно, од стрес или ако не си спиела добро таа вечер кога си мерела. Добро е нареден циклус пак да провериш, одморена и колку што може поскоро откако ќе се разбудиш. Доброто е што лесно се регулира со терапија. Магнетна ќе покаже ако има аденом на хипофиза, не е ништо страшно. Ако само тоа е причината, ќе ти дадат Бромергон и ќе биде во ред.
Мене ми беше 24 а на табелата максимум 23 стоеше дека треба да е. Ја прашав гинекологот, ми рече да не се трујам со вештачки хормони за толку мало покачување. Има ситуации каде неопходна е терапија како на пример кај Алишан,тоа е мн високо. Влијае на овулација,ама ти штом ја имаш,значи не би требало да ти е пречка за зачнување . Сепак поразговарај си со твојот гинеколог.Не знам како може магнет со толку покачување да ти кажуваат да правиш...мислам дека треба друго мислење да побараш. Сепак хормонска терапија не е мала работа, остава белег на нашето репродуктивно здравје засекогаш и само го маскира проблемот а не го решава.
Јас со 28 пролактин од граница 23 или 24 неможев да останам неколку месеци. Кога испитав тоа одма ми даде докторката достинекс и веќе следниот месец се фати. Нез колку е точно мене ми рече дека и за 1 да е покачен дека нема да може да се фати зашто треба да е некаде 12 13 пролактинот нормално. Сепак прашај си и др доктор тоа е мое искуство. Поз и што побрзо да си ги видите сите тие среќни две цртки
некое време не пишував последните два циклуси со кломифен баш се понадевавме и не бидна ништо , кратка рецензија - имам пцо и нередовни менструации , со кломифенот ми доаѓаше точно на 28 дена , минатиот месец беше последен циклус без инекција за пукање на фоликул и дојде со два дена задоцнување .... гинекологот рече да се опуштам и да ја барам после септември , овој месец требаше на први да ми дојде а јас нестрплива и глупава уште на 29 ти направив тест , попладне го правев излезе негативен.... според апликацијата веќе 4 дена ми доцни ама рачуна на 28 дена циклус ( што мене освен со кломифен никогаш не ми дошло точно , 30 , 40 дена во просек) , последниве 10 дена градите ми се огромни и чуствителни што знам дека сум овулирала , а знаци за добивање еве немам , инаку знае да ме боли стомак цела недела пред да ми дојде .... мм не ми дава да правам тест додека не ми задоцни повеќе денови , ама јас сум нестрплива .... може да било рано минатата недела за тест ????
После откриенава циста што докторот реши да видиме дали ќе пукне цикллусов му дојде ко швајцарски саат но многу штуро кафеаво за разлика од минатиот Нормално е или почнав да паничам за се и сешто ? Пс.едвај чекам да дознааам дека пукнала па ме фаќа паника
Баш читав дека секој месец менструалните крварења не се исти, ни по боја ни по обем. Нормално било понекогаш да е на кафеаво. И јас овој месец проблем со менструалниот циклус. Денес 20 ден уште имам крварење. Прво бев во Њу Борн ми рекоа дека гледат нешто како полип па сигурно од тоа ми е крварењето. Ми даде капки пет дена да пијам, од нив ми се зголеми крварењето. Утрово и се јавив што понатаму, ми вика кај тебе за да престане крварењето ке мора киретажа да се прави, прво да се иструга тоа, па откако ке престане крварењето да се направи хистероскопија за да се дочисти ендометриумот убаво. Дури и доктор ми препорача и ми рече таа ке му се јави да му објасни се. Јас сепак си решив да одам на доктор по моја желба, бев во Систина кај др. Јован Костадинов. Докторот ми правеше и колпоскопски преглед, и ехо преглед, ми вика се е чисто полип нема. Ми рече хормонално пореметување, летно време се случува кај многу пациентки, од времето, плус одиме по одмори, менуваме клима. Ми даде дабростон за да ми се среди циклусот, и рече после терапијата обавезно пролактин да проверам може ке требало да ми се зголеми дозата, - сега пијам четвртинка достинекс. Извини ептен бев долга и те преоптоварувам со мојот проблем, но сакав да кажам дека според докторот овој период кога е многу жешко времево, често се случува менструалниот циклус да ни е поинаков од вообичаено. И штом си добила точно на време тоа значи дека цистата ја нема повеке.