Не ме оптоваруваш баш напротив секое мисленје и проблем е поука... се надевам ја нема бидејки по неуспешниот трансфер добив прво нормално па испадна за 16дена пак 2 дена крварев па после тоа се виде 40мм циста па го чекавме дали ќе добијам на време па сега по циклусов да провериме дали пукнала бидејки докторот несакаше да ми дава терапија ради што премногу имам од претходно и хормонски и се...ако непукне тогаш ќе види дали со терапија... ахх а за тоа полип првпат по пункција ми видоа во борн па после со месеци немаше ништо така да се надевам и кај тебе е лажна тревога... во секој случај што би рекол док се е во глава сама си создадов некој страв од цистава а некако циклусов што е штур и кафеав никат не бил таков некако ми дојде ту мач...
Дека психата игра многу голема улога денес ептен се уверив. Откога ми рече докторот дека се е во ред, и дека нема полип, крварењето како наеднаш да ми се намали, имам сега ептен оскудно. А до утрово обилно, дури како одливи течеше од мене. Неверојатна работа, навистина. И јас кога имав циста после првиот спонтан абортус др. Дракулески не сакаше да ми даде хормони. Ми рече да го оставиме организмот сам да си се среди. Можеби така е и најдобро. Мислам дека имам ти раскажувано за тоа.
Не ми ни задоцни овој месец, па дури и на 28ми ден ми дојде вештерката Прв пат во животов на 28ми ден добивам, умирам од болки. Инаку да ве прашам после колку време обидување природно сте почнале/ сте размислувале за инсеминација? Незнам дали за овде е соодветно прашањево ама ајде..
Уште се оптоваруваш со тоа опушти се малце кога најмалку очекуваш ке биде.. мислам дека после една година обидување е време да се почне со тоа.. а зошто не отидете да проверите прво дали е се во ред со двајцата па ако не бива пак значи психа е па после со инсеминација
Незнам се трудам да не мислам и да бидам опуштена. Бев 99% сигурна дека овој месец ќе биде и сабаеле како гром од ведро небо ми дојде со неиздржливи болки цело време. Инаку се обидуваме од септември/октомври
И јас се тоа мислев и кога реков е доста е нервиза и негативни тестови одиме на лекар добив позитивен тест сега сум 8ма недела а слушнав и срцеце последниот преглед
И јас почнав да пробувам во септември минатата година .Сега сум 3 месец бремена со иуи (второ) Во меѓувреме ги направивме сите испитувања со мм , јас и хсг направив и две инсеминации . Испитувањата ги направив по два три циклуса обидувања , без посебни индикации ниту пак проблем инсистирав на иуи а и прилично млади сме со мм 26 и 29 г ама јас сум таква нестрплива и како човек сум признавам -тешка .Се сакам сега и веднаш . Не се ни обидуваа со муабетите опушти се ќе биде- секако се беше во ред според испитувањата и кај мене и кај мм , знаеа дека нема да послушам .Два циклуси кога не правев иуи одев на фоликулометрија и темпирав односи . Знам дека поради зголемената процентуална неплодност кај паровите дека веќе после 6 месеци активно пробување се препорачува да се направат испитувањата,а порано неплодност се констатираше дури после 2 год активно пробување..
Ее јас сум помлада и од тебе, маж е повозрасен доста, ама не ми се чека нестрплива сум за се, се осеќам како 77 годишна баба се ме боли и до ништо не ми е дојдено. Сакам едно живо и здраво бебче ништо повеќе P.s од сабаеле крварев розово црвена крв не многу, сега немам ништо цел ден
Без разлика на годините штом пробувате од септември не е лошо да почнете да се испитувате. Јас кога полнав да се испитувам бев 25 сеуште , и маж ми проба да игра на картата на годините и да ме разубедува дека дури ни испитувања не ни требаат сеуште . Веднаш наиде на демант од моја страна затоа што познавам многу луѓе кои стапиле во брак во дваесетите години и по цела деценија немаа деца па веќе во триесетите почнаа да си го бараат чарето . Не секогаш младоста е индикатор дека се е во ред ,и обратно се разбира.Секако и твојот сопруг треба да си се испита.. Јас одам според тезата што порано тоа подобро , доколку има недај Боже проблем да се детектира на време и да се реагира . Јас самата инсистирав на иуи иако испитувањата си беа во ред. Ама сепак тоа е мое размислување .. Почекај ,види ако не ти пробие циклусот како што треба -направи тест
Ајде гледаш муабетов на празно .. Бебчо веќе во меше Регуларните микробиолошки и Пап тест,хормони испитав ,ХСГ направив ,фоликулометрија следев за да видам како се овулациите и ендометриумот , спермограм и спермокултура за мм , суплименти земавме и јас и мм (на моја иницијатива) и две иуи направивме , една на комплетно природен циклус(неуспешна) втора со многу мала стимулација (успешна) .
Вие што сте правеле фоликулометрија на колку дена одевте на гинеколог и дали откако констатирал дека има водечка јајце клетка продолживте да одите да потврди дека сте овулирале. И уште нешто дали хсг, спермограм и инсеминација одат преку фонд?
Јас се зачудив кога две докторки ми кажаа две години дека е нормално да се чека. Сепак јас не би чекала толку. Мислам дека 5 месеца пробувам активно со односи во плодни денови, ќе почекам до 12 месеца максимум.
Овулацијата скоро секој месец ми е на 18ти ден а циклус на 31-32, немам ПЦО ги пијам неколку месеци и пак е исто..