Аа да сакаше да го пратев.. За него тој си е здрав прав и и двајцата немаме потреба од доктори Се било до мојата психа..
имам прашање , еве според апликацијата ме води како 6 дена да ми касни ама неполни две недели од претпоставката дека сум овулирала ( имам касни овулации и нередовен циклус ) сабајлево направив тест негативен беше ..... за некое чудо да била многу касна овулација и да се фатило пред 9 тина дена значи до денес 12 дена од тој однос можно ли е да не покаже на тестов , дали да се надевам сепак дека сум останала бремена или да си барам чаре со плимолутнор да ми дојде циклусов ???
Лелеее како така бе .. Те жалам стварно и тебе и другите што имаат таков проблем со тврдоглави партнери Добро, каква психа веќе година пробувате . Можеби е , не велам не (се надевам - е) ама прверете направете спермограм и спермокултура па ако е се во ред а и тој не сака да пробувате со асистирана репродукција , продолжете да си пробувате природно како и до сега . Секој за себе си е здрав ама резултатите и реалноста може некогаш да е дијаметрално спротивна на тоа,за жал. Мм после два месеца пробување си го фатив за раче и со мене во Систина, јас испитувања , тој испитувања .. И тој малку проба - млади сме , рано е, психа е .. Ако, ќе си бидеме ние пак здрави и млади ама јас да си се уверам дека тоа е така .
Се нервирам од него ама тоа е, као демек на шала вика “3 пати свршив во тебе и одма сакаш трудна да си..” 2 пати му се случи ова и таков шамар не јадел ни од неговите.. Јас не знам глава кај ми е тој одозгора и се шали со мене.. Пишував и претходно дека понекогаш ми е тешко споредувајќи се себеси со другите (без навреда) што од едно легнување раѓаат деца ама тоа е.. Незнам ни што да кажам ни што да направам. Понекогаш и се прашувам дали тоа е човекот со кого сакам да го растам моето дете/деца. (Инаку имаме здрава врска, се сакаме, се погаѓаме, немаме никакви расправии/стресови, си имаме доверба еден во друг, ама ете психата е страшна работа и понекогаш не тера да мислиме на секакви работи)
Видов те посоветувала членка да земете материјал дома и ти да го однесеш на испитување ако нему му е шубе .. Ако успееш на тоа да го наговориш барем би било супер.Ако не те мрзи погоре една членка ме имаше цитирано и даде многу убав совет од нејзино лично искуство . Се ќе се среди и ќе биде тоа што треба да биде . Како Господ никој не е ,ама јас сепак велам тој помага на оние што си помагаат себе , некогаш треба и ние да ги “засукаме ракавите” па тој да ни помогне . Ти посакувам се најдобро и се надевам брзо ќе се заврши твоето патешествие со две жар црвени цртки
Ти благодарам на поддршката, ми значи, посебно за тоа што до сега со никој не сум ги споделила овие работи Ги читам сите постови и во сите теми од оваа категорија Ќе пробам да го наговорам па ќе видиме што ќе биде, дај боже да не стигнеме до преговарање и да си ги видиме ||
Дефинитивно земи му упат од матичната и за 40мин максимум можеш и ти да однесеш сперма не е ништо ни срамно ни ништо доколку не направите прво спермограм не прави хсг бар прво 1спермограм да видите состојба...и дајбоже додека се испитувате да видиш 2цртки...
Добар ви и убав ден Само да кажам јас т.е да се пожалам ми пробива вештерката слабо розев исцедок на бришење и повремени болки за добивање.Малку се понадевав ама тоа е што е,здравје есенва со нови надежи.Поздрав до ситеее
Една позитива од мене цистата пукнала... засега 2убави фоликули па време е да се фрлиме на работа после се што ни се случи...
девојки да прашам, во овулација сум и имам слаби болки во долниот дел, како да ме болат јајници. Дали е нормално? и дали тоа значи дека овулацијата е баш денес? зошто од денеска почнаа болките.
Нормално е. Овулацијата може да е денес, но може и болките да се бидејќи ќе настапува овулација за ден-два. Важно бидете си вредни денес и наредниве денови.
Здраво девојки. Многу блиска другарка е во брак веќе 3 години. Се обидуваа но не успева да забремени, смени неколку матични кои и кажуваа дека се е во ред и и даваа терапии но залудно. Се реши и отиде на преглед во Плодност. Таму ја прегледаа двајца доктори кој и константираа дека едниот од јајниците не е на своето место, односто дека е кај папукот. Следно и испитуваа шеќер, хормони, спермограми на сопругот и каналите на јајниците. Се испадна во ред освен едниот канал кој е непрооден а тоа е каналот на јајникот кој си е на место, дедека прооден е каналот на јајникот кој е горе на папукот и тоа прави проблем да не може да се оплоди. Дали има некоја со ист или сличен проблем да сподели искуство, дали би се вратил јајникот на место или залудно би било чекањето уште 6месеци???
Искрено немам искуство ама кај мене јајникот беше повлечен скроз надоле поради атхезии од оперсција пд слепо црево и Јас немав исто сма може да се нарече отприлика длично искуство.Кога правев лапароскопија ми ги извадија десниот канал и поради атхезии од слепото црево десниот јајник ми бил заплеткан и бил надоле дури како превиткан па со лапароскопија докторот и тос ми го среди?Другарка ти има ли направено лапароскопија?
Девојки, последниве неколку месеца левиот јајник некои денови од циклус знае ептен да ме заболи. Не секој месец, само некогаш. И секогаш левиот јајник. Тапа болка,како притисок, дури и кичмата на таа страна ме заболува, некогаш и препонот и коленото исто. Еднаш отидов на гинеколог кога ме болеше ама не виде ништо. Јајникот ми е нормална големина и форма и цисти немам. Најчесто ме боли откако ќе ми заврши менструацијата. Овулација не е,зошто овулациите си ги пратам со тестови. Според тоа што го читав на интернет, симптомиве се апла како за пукање на цисти. Имал некој вакво искуство? Вчера ептен ме болеше ,не можев ни да спијам,морав апче за болка да се напијам.
И мене така еден период и тоа само десниот. Почнуваше по ментруација и сигурна бев дека се цисти. А на тој и овулирам скоро секогаш. Бев на преглед неколку пати и само ми рекоа дека ми е поактивен и дека водечкиот таму ќе биде. После некое време па престанаа таквите болки и сега само кога овулирам ме боли ме кине.