Зашто во документите за инвитро пишува крвна слика и гликемија. Во крвната слика секако има референтни вредности за гликоза така да ваљда тоа е. Иначе имам правено огтт тест пред 5 месеци во ред ми е. Ме збуни малце ова, а и ги собирам документиве
Значи многу сум во фрка, циклусот веќе една година ми е катастрофа, 32,35,37,40 дена секој месец различно, ништо неможам да си пресметам Воа се после 2спонтани предходно си беше на 28. После спонтаните немам ни симптоми дека ке ми иде, ни стомак ни гради ме болат, дури од после кичма малце. Ми дојде на 6ти август, значи денес ми е 36ти ден, знам дека имам уште некој ден до менструација за да ја почекам, ама мене градиве ме болат многу, вака ме болеле само 2 пати кога бев бремена, брадавиците па ептен, кога ке го соблечам прслуков мислам 100кила ми се. На односите се пазиме 100% само на еден не, и тоа тој пред една недела беше што е и многу рано за од тој однос да има било каков симптом, и сеа додека да дое ке се отепам од туфкање, дали да земам еден тест? нели не е можно да се остане на крај од циклус па и уште симптоми да има по 6/7дена, освен многу болни гради ме пецка и долен дел од стомак, не јајници туку на средина и дали некој имал долго симптоми за почеток на менструација веке 10 дена
Вака сега,наодот од 27.08 веќе го имав сликано. Да не фолжам многу, пишува таму фоликул 13х18мм. Вчера на 12.09 бев на друг лекар и ми кажа повторно на лев јајник 19мм.. Изгледа истиот фоликул е. Јас менструацикапоследно имав на 20.08. Сега се очекува за 7-8 дена да НЕ добијам бидејќи секој ден имаме односи со партнерот. Кога на 27.08 ми кажаа дека ми наближуваат плодни денови ние се фативме за работа ама ете од тогаш поминаа 17 дена а кај мене фоликулот пораснал до 19мм ... Не ли е тоа слабо? Малку бавно како да растел фоликулов ако е истиот... Не знам што да мислам, ние секако не се откажуваме и секој ден практикуваме односи.. Ве молам некоја ако знае да ми објасни дали ова е во ред или не... Го прашав и докторот тој ми вели не знаел што видел претходниот доктор.
Не е нов циклус. На 20.08 добив. Ми заврши на 25 и на 27 бев на гинеколог. Има уште 7-8 дена до следно добивање.
циклус е процес кој трае од првиот ден кога ќе добиеш менструација до денот кога ќе ти дојде следната менструација. циклусот кај една жена трае од 21 до 35 дена. кога добиваш тоа е менструација а не циклус. ако добиваш на 28 дена на пример, во тој циклус од 28 дена ти имаш еден водечки фоликул. следниот циклус имаш друг. мора да научиш повеќе за репродуктивно здравје.
Те сфатив, го знам тоа, изгледа не сум се изразила целосно. Сакам да кажам дека во овој циклус два пати веќе одам на гинеколог, немам добиено повторно од првиот преглед. Пак ќе повторам добив на 20 август, циклус имам 30 дневен,па затоа се очекува да добијам повторно на 20 септемрви. Фоликулот на првиот преглед (27 август) е 13мм а на вториот преглед (вчера) е 19мм. Ми се чини дека бавно растел.
значи тебе на 25ти ден од циклус фоликулот не ти е пукнат. ако ти е 30 дена циклусот идеално би било да ти пукне на 15ти ден од циклусот за да има време да се имплантира јајце клетката. овулацијата месецот ќе ти биде многу доцна а може и нема да се случи. тоа ни се случува на сите, не овулирамe секој месец. оди на фоликуметрија нареден циклус па нека следат дали ќе ти пукне сам. ако не пука сам ќе ти го пукнат вештачки,доколку сакаш нормално.
Може ли да ми каже некој подетално за исптувањата на имунологија и хумана генетика? Што сé може да се испита таму? Колку време се чекаат резулатите?Дали мора упат од гинеколог или може од матичен општ лекар? Дали само јас треба или и сопругот? И колку одприлика би не коштало?
Еве веке денеска трети ден како ми доцни. Имам блага болка во долниот дел од стомакот, скоро по цели денови а никако да добијам. И многу ми се јаде junk food. Планирам бременост веќе три години... Е сега, немав можност и време да одам да купам тест па направив тест со сол дома... не знам колку се сигурни тие ама читнав нешто на интернет. И не знам сега дали е позитивен или негативен. Ке прикачам слика но да не е грозно... сакав да прашам прво... Па можеби подоцна ке одам да купам тест.
За тебе Кариотип, автоантитела, мутација на гени - 17 гени за артериски и тромбоцитни нарушувања, ХЛА типизација (на имунологија) хемостаза, д-димери, АФА, АНА, лупус (на трансфузиологија) За сопругот исто кариотип, антиспермални антитела, мутација на гени, ХЛА типизација. Мене ми земаа крв на 12/08/2019 резултатите ми беа готови завчера значи одприлика еден месец се чека. Испитувањата на гени сеуште не ми се готови ми рекоа да се јавам од понеделник. Упат се зима за тебе од матичен гинеколог, за сопругот од матичен лекар. Платив околку 4000 и тоа без кариотип, само за мене. Поздрав,
Ти благодарам @monka_bonbonka ние кариотип имаме испитано, исто и хемостаза,АФА,АНА,лупус, е не ми испитаа ддиметри :/ на трансфузиологија. Можеби имаш пишано, но која е причината што се испитуваше, мојата е две неуспешни бремености, дали "кажаа" нешто резултативе од имунологија? Го одкривте ли проблемот?
Но имам благи болки во долниот дел на стомакот веке три дена (од кога ми доцни). Што би можело да е и дали е рано за тест?
Некои други симптоми имаш? Градите ме болат ама не многу, ме болеле и повеке. Имам голем апетит... замор... со болкава секои 5 мин во вц...