Тестот ти е позитивен и важечки. Ја имаш контролната линија и имаш втора линија бледа Нормално е на почеток да се разлее така, па се оделуваат една или две линии.
Ама во упатството вели резултат за 3 минути, ако го нема да почекам уште 2.. Јас го видов цел разлеан никаков и си бегав се опцув цела дека сум неписмена и така го оставив.. После 15 мин се вратив да го прибераm и ваков го најдов..и пишува да не се гледа тестот после 10 минути..
Ако нема втора линија и после еден ден, пак ке ја нема. Кај тебе ја има Направи уште еден тест за секој случај .
Преплашена сум. Сакам да ја има но да не се радувам пред време.. Утре ќе го повторам тестот и ќе внимавам повеќе..
Па имав задоцнета овулација и немам точна пресметка кога требаше да го правам. Ако имав овулација на 15.09 како што претпоставувам тогаш тестов требаше околу 30.09 да го направам но денес си реков ај ќе пробам..
додека да се појават цртите станува целиот розев. Ми стои дека е позитивен, повтори го утре за да бидеш на сигурно.
Позитивен е, радувај се И мојот беше ваков што го ставив на темава, побарај поназад. Се сеќавам дека пресметки правев кога од прилика ти била овулацијата Реков дека имам лесна нога Јас истата вечер направив со Фрухтест, поцрвена секогаш ми беше линијата со тој тест. Од прилика 4 часа без мочање, па вечерва направи со германскиов, поубава е линијата со него
Чекам да слушнеме срце и доаѓам, само да биде сè во ред @Fallen.Angel А бе каква евапорациска-мевапорациска Втора линија си е, тазе си бремена, рана бременост. Со тек на време ќе се задебелува и затемнува. Срам ми е да кажам колку тестови направив првите денови, верувај ми, имам искуство со тестовиве
Тестот ти е позитивен ,рана бременост уживај си и да го повториш пак ќе си има уште една црта ,честитки
Мене ми мириса на позитивен, ако е негативен, ни розева нема да има, ни линија, ни ништо ова ми се чини јасно Те чекаме да пишеш, ти пуштам среќа да е така!