Ви благодарам на сите за честитките на СИТЕ !! веќе ви посакав иста среќа и на вас !! Еве ВЕ БЛАГОСЛОВУВАМ !! Сите што сме во темава да се префрлиме во труднички муабети и да си имаме убава и лесна бременост.. Ве гушкамм сите до една !!
Ајде Јана ти си на ред!! и јас читав некои твои мислења и некако те запомнив.. Чекам слики од твоите позитивни тестови!! Ако некогаш си за муабет или дружење слободно пиши ми !!
Девојки дали некоја од вас при терапија со б Честитаааам од срце. Се израдував како за мене. Сите да си дочекаме дај Боже. Имај лесна бременост
Девојки дали во оваа тема има некоја со покачен пролактин кој воедно е и пречка за бременост. Не може да се открие од што ми е покачен пролактинот а од утре почнувам терапија со бромергон. Ендокринологот ме советува додека не се намали да не се обидуваме за бебенце. Дали на некоја од вас и кажал доктор да не се обидува да забремени додека пие бромергон и додека не го намали пролактинот? Знам дека со бромергон можеш да влезеш во бременост, не е штетно. Молам за совет.
Не е штетно воопшто терајте си вие работа, од апчињата веднаш ќе се среди. Јас имав прл 90 за неполн месец ми се симна на 9 ама пиев достинекс. И сеуште пијам за одржување ( јас знам од што ми е висок така да не направив мр на хипофиза а обично се прави мр на хипофиза да се види дали има аденом ( најчесто бенигно не паничи ) ) Поздрав,
Така и мислев, дека во меѓувреме можеме да продолжиме со обиди. Од мах 35 кај мене е 70, но ми кажаа да почнам со бромергон, достинекс биле појаки. Ако не е тајна од што ти е покачен?
@bube90 Фала ти мила!! Ќе биде и кај тебе ! А за проблемот со пролактин, ти пишав и во ЛП, прашај и друг доктор, истражи по интернет, не е страшен проблем, секој хормон може да се регулира! Најважно е да не губиш надеж бидејќи за секој проблем постои решение, има милиони примери околу нас за луѓе кои се избориле и успеале!! Само храбро !!